3По нападот врз саудискиот аеродром со 12 загинати, Хутите со ново предупредување до патниците и авиокомпаниите
Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
1Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
3Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
Други спортовиМаратонецот Евгениј Поп Ацев на прием во општина ЦентарОпштина Центар ќе го поддржи и ќе ги покрие неговите трошоци за октомврискиот Светски куп во Кина.Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски денеска го прими Евгениј Поп Ацев, првиот македонски пливач кој победи на 29. издание на Охридскиот пливачки маратон. Жерновски му ја честиташе победата на Поп Ацев и најави дека општина Центар ќе го поддржи и ќе ги покрие неговите трошоци за октомврискиот Светски куп во Кина. - Соработката и помошта ќе биде континуирана и ќе влезе во програмата на општината за 2016 година, изјави Жерновски. Евгениј Поп Ацев има 26 години, а по професија е стоматолог. Македонскиот маратонец е прв на Гран-при серијата на Светското првенство. На маратонот во Капри го освои второто место, а на светското првенство во пливање во Русија беше 14-ти, што е најголем успех на Македонија досега. Поп Ацев плива од својата деветта година, тренира напорно, 10 до 11 пати неделно. На младите им порача повеќе да спортуваат затоа што, како што рече, секој спорт е добар, а пливањето е еден од најдобрите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР: Против шест лица ќе биде поведена постапка за кршење на работниот редПо документирање на целокупниот доказен материјал ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.Одделот за Внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР презема мерки и дејствија за настанот случен на 07.10.2026 за прекумерна употреба на физичка сила и нанесени телесни повреди врз лица од страна на полициски службеници при преземање на полициски овластувања, соопштуваат од МВР. Од извршените проверки, обезбедените снимки од настанот и обезбедените изјави на лица сведоци на настанот, утврдени се низа неправилности при постапувањето на полициските службеници за што од страна внатрешната контрола ќе бидат изречени мерки за отстранување од работно место-суспензија. По документирање на целокупниот доказен материјал ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПапата заминува на операција на белите дробовиНа папата му е потребна операција. На белите дробови му беше откриен јазол.71- годишниот Папа Лав XIV денес објави дека во наредните денови ќе биде подложен на операција, откако лекарите откриле јазол на белите дробови, пренесува „Асошиејтед прес“. Поглаварот на Католичката црква ја соопшти веста за време на традиционалната неделна молитва пред верниците. Според него, абнормалноста на белите дробови била откриена при неодамнешните медицински прегледи и била констатирана во рана фаза. Папата изјави дека станува збор за локализиран проблем и дека операцијата е закажана за во наредните неколку дена. Засега нема дополнителни информации за неговата здравствена состојба. Ватикан сè уште нема објавено дополнителни детали за зафатот или за точната дијагноза. Природата на абнормалноста на белите дробови не е позната. Јазолот на белите дробови може да има различни причини и не мора нужно да укажува на малигно заболување. Папата Лав XIV, првиот Американец на чело на Католичката црква, претходно немал никакви познати сериозни здравствени проблеми. Тој е познат по својот активен начин на живот; редовно игра тенис и плива за време на престојот во папската летна резиденција Кастел Гандолфо. Неизвесно е дали операцијата ќе влијае на неговото планирано патување. Предвидено е Папата да ги посети Уругвај, Аргентина и Перу во периодот од 6 до 17 ноември. Сè уште не се знае дали операцијата и закрепнувањето ќе влијаат на неговото планирано патување во Јужна Америка. Ватиканот сè уште не го објавил датумот на операцијата ниту очекуваното времетраење на закрепнувањето на Папата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
БалканСловенците денес на четири референдумиВо Словенија денеска се отворени избирачките места на кои граѓаните се изјаснуваат за четири референдумски прашања.Меѓу нив се укинувањето на задолжителната радиодифузна такса, ограничувањето на правото на глас на странските државјани на локалните избори и измените на законот за парламентарни истраги. Граѓаните можат да гласаат за едно или за повеќе од четирите прашања, но избирачкото место можат да го посетат само еднаш. Најголемо внимание привлекува законодавниот референдум за измените на законот за парламентарни истраги, усвоени од словенечкиот парламент на 26 мај. Граѓански организации, со поддршка од опозицијата, собрале 40.000 потписи за распишување на референдумот. Тие сметаат дека новите законски решенија ја намалуваат правната заштита на граѓаните и им даваат преголеми овластувања на политичарите за навлегување во приватноста. Критичарите предупредуваат дека измените би можеле да отворат простор за политички пресметки и злоупотреба на парламентарните истраги. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook