Маратон „По стапките на Крали Марко“ во Прилеп - Канал 5

Маратон „По стапките на Крали Марко“ во Прилеп

Шестиот по ред маратон „По стапките на Крали Марко“ ќе се одржи на 24 и 25 септември во Прилеп.

Маратон „По стапките на Крали Марко“ во Прилеп
Организатори на маратонот се здружението „Трекс“ и планинарско спортско друштво „Макпетрол“ заедно со општина Прилеп.

Игор Јовановски од здружението „Трекс“ денеска на прес-конференција рече дека во двата дена се опфатени четири трки. Посочи дека ќе се одржи ултрамаратонска трка од 90 километри. Таа ќе биде прва од четирите трки и првпат ќе се одржи во Македонија.

Трката, нагласи, е со 4.300 метри висинска разлика и се бодира од Интернационалната „Trail runing“ асоцијација.

- Носи четири поени за трката околу Монт Блан. На оваа најнапорна трка учествуваат 60 натпреварувачи и почнува од 23 часот на 24 септември. Другите три трки, од кои две за возрасни и едната е детска, се од 16 километри до Трескавец, 31 километар до „Камена баба“ (се трча до Прилепското езеро и назад). На овие две трки има по 125 натпреварувачи. Детската трка е од еден километар до Маркукуле. За оваа трка заедно со општината преку прилепските училишта ќе има преку 100 учесници, рече Јовановски.

За сите трки досега се пријавени 308 учесници од 13 држави.

- Натпреварувачите се од 13 земји, меѓу кои од Полска, Холандија, Финска, САД, Австралија, Бугарија, Србија и Македонија. Стартот на сите четири трки е од Амфитеатарот во населбата Варош. Ултрамаратонот од 90 километри почнува во 23 часот в сабота на 24 септември, а другите три трки се на 25 септември од 10 часот, пак од Амфитеатарот во Варош каде е и целта на сите трки, појасни Јовановски.

За ноќната трка, ултрамаратонот патеката целосно е означена и е обележана.

- Патеката е означена, а 80 отсто е со рефлектирачка маркација што значи осигурана е безбедноста на учесниците на теренот. Натпреварувачите имаат задолжителна опрема која треба да ја покажат при подигнувањето на стартниот пакет, додаде Јовановски.

За прилепскиот градоначалник Марјан Ристески, Прилеп е препознатлив по негувањето екстремни спортови.

- Овој ултрамаратон е еден од повеќето екстремни спортови што се одржуваат преку годината и Прилеп се издвојува како град кој ги негува овие спортови. Има натпреварувачи од речиси секаде од светот, дури и од Австралија. Посакувам сите натпреварувачи да имаат успешна трка, рече Ристески.

За ултрамаратонската трка ќе бидат ангажирани и преку 70 волонтери. Од технички аспект, секој натпреварувач ќе добие чип, а на три локации ќе има електронско мерење. Трката ќе се следи и он-лајн.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во потпелистерско Трново се одржа 55-та семакедонска средба

Потпелистерското село Трново, односно дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ е местото каде се одржува Семакедонската средба, годинава по 55 пат.

Во потпелистерско Трново се одржа 55-та семакедонска средба

Традиционално ја организираат Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес.

На големиот празник Илинден голем број наши сограѓани, гости од други градови во Македонија, Македонци од соседните земји, иселеници, денеска празнуваа со песна и оро, а беа испратени значајни пораки за нашата земја, за нејзината позиција и за предизвиците со кои се соочува.

По интонирањето на македонската химна пред присутните се обратија говорниците на годинашната средба.

Општина Битола, продолжува да биде поддржувач на оваа значајна манифестација, како обележје на Битола и нејзините бројни иселеници. Во своето обраќање пред присутните градоначалникот на Битола Тони Коњановски рече дека културата, традицијата, меѓусебното почитување и зајакнувањето на нашите врски на соработка и разбирање не прават уште посилни исправени пред предизвиците на денешницата.

„Ви посакувам добредојде на сите Битолчани, на сите Македонци иселеници од Македонија, на Македонците од соседните земји и на Македонците од Европа и прекуокеанските земји, кои деновиве престојуваат во Битола, во Македонија и се дел од оваа Семакедонска средба. Битола во минатото ја испишала историјата на печалбарски крај и сите сакаме тоа да биде историја, да не ни се повторуваат миграциите, да бидеме тука сите свои на своето и заедно да го градиме подоброто утре за нас и за генерациите после нас. Оние кои заминуваат, верувам дека еден ден своите професионални искуства ќе ги споделуваат заедно со нас, во нивниот роден крај каде заедно ќе продолжиме да инвестираме во подобра иднина и подобри услови за напредок на младите генерации. Светското искуство, секогаш може да даде позитивна насока во идеите, иницијативите и проектите кои се реализираат за поубава Битола.Нема подобро од родниот крај, кој Ви подава рака за враќање назад во татковината, овде сите заедно да живееме, овде да растат новите генерации Македонци. Општина Битола ќе ги негува и унапредува културните врски со иселениците од Македонија. Нека ни е честит големиот празник „Илинден“ и за многу години“ рече градоначалникот Коњановски.

Свои обраќања имаа и г. Петар-митрополит преспанско-пелагониски, Иван Џо Петрески, претседател на Матицата на иселеници од Македонија, Александар Јаневски-претседател на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „Македон“, Тодор Петров-претседател на Светскиот Македонски Конгрес и Драган Ковачки пратеник во Собранието и генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ.

Програмата продолжи со културно-уметничка програма.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ешерихија коли откриена во морето кај Корчула

Во екот на туристичката сезона, на плажата Билин Жал во Лумбарда на хрватскиот остров Корчула е регистрирано краткотрајно фекално загадување на морската вода

Ешерихија коли откриена во морето кај Корчула

Во екот на туристичката сезона, на плажата Билин Жал во Лумбарда на хрватскиот остров Корчула е регистрирано краткотрајно фекално загадување на морската вода, поради зголемено присуство на бактеријата ешерихија коли, соопштија здравствените власти.

Според резултатите од шестото редовно испитување на квалитетот на водата, што го спроведе Институтот за јавно здравје на Дубровничко-неретванската жупанија, концентрацијата на бактеријата ја надминува дозволената гранична вредност.

Поради тоа, надлежните препорачуваат посетителите привремено да не се капат на оваа плажа сè додека квалитетот на морската вода повторно не биде оценет како безбеден.

Институтот најави дека ќе продолжи со дополнителни анализи и земање примероци сè до целосно исчезнување на загадувањето. За случајот се известени инспекциските служби и другите надлежни институции, кои ќе го следат развојот на состојбата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Колоните возила на југот на Хрватска надминуваат 20 километри, локалното население ги прима патниците во своите домови

Колоните возила во јужна Хрватска надминуваат 20 километри, локалното население ги прима патниците во своите домови.

Колоните возила на југот на Хрватска надминуваат 20 километри, локалното население ги прима патниците во своите домови

Според читател на порталот хрватскиот портал Индекс.хр, кои испратил фотографии во редакцијата од Жупа Дубровачка, долги колони возила има на границата меѓу Хрватска и Црна Гора. Порталот добил и видео на кое се гледа долга колона возила во Чилипи.

Според неофицијални информации од терен, времето на чекање на границата со Црна Гора наводно достигнува и до 28 часа.

Локалното население им обезбедува вода на оние што се заглавени во колоните и им дозволува да ги користат тоалетите во нивните домови.

Според ХАК (Хрватскиот авто-клуб), времето на чекање надминува 10 часа, што ја прави ситуацијата опишана од читателот сосема веродостојна.

Снимките од Чилипи, направени утрово пред 7 часот, прикажуваат колона возила што речиси и не се движи, а се протега кон границата со Црна Гора. Според проценките на читателите, колоната е долга над 21 километар. Луѓето излегуваат од своите автомобили и стојат покрај патот.

Сообраќајот во Конавле се одвива со големи застои, особено на патиштата кон граничните премини „Дебели Бријег“ и „Конфин“.

Сообраќајот кон Груда е речиси целосно закочен, па на локалното население му се препорачува да ги користи споредните патишта низ селата.

Долгите колони возила што се упатуваат кон граничните премини „Дебели Бријег“ и „Конфин“ се резултат на значителниот пораст на транзитниот сообраќај кон Црна Гора, новите гранични процедури и ограничениот капацитет на самите премини. Поради побавното одвивање на граничните контроли, сообраќајниот метеж се прелева на патиштата низ Конавле, што резултира со колони долги со километри и чекање што трае со часови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер