3Максим Димитриевски: Оваа е резултат од теренска анкета работена за Куманово во период Јануари - Март 2026та
3Џастин Бибер би можел да настапи на шоуто за време на полувремето на финалето на Светското првенство
ФудбалМарадона би бил пресреќен со она во што се претвори неговата родна куќа (ВИДЕО)Улицата Азамор 523, во дотраеното предградие Вила Фиорито, каде што започна подемот на „Златното момче“ пред повеќе од шест децении, денес повторно е место каде што се пишува историја.Но, овој пат не на фудбалот, туку на луѓето. Родното место на Диего Армандо Марадона, местото каде што светската фудбалска легенда порасна во екстремна сиромаштија, е претворено во народна кујна. Среде тешката економска криза во Аргентина и ригорозните мерки за штедење на претседателот Хавиер Мили, куќата на Диего стана засолниште за оние кои веќе немаат доволно ниту за основен оброк. Во дворот каде што Диего некогаш сонувал за светски трон, сега вријат големи котли. Волонтери подготвуваат пилешка чорба и готвени јадења, додека од звучниците може да се слушне кумбија - омилениот музички жанр на непокајаниот ас. Соседите од населбата со околу 50.000 жители, која сè уште е препознатлива по муралите со бројот 10, доаѓаат со пластични садови за да ги земат своите оброци. – Диего би рекол дека има многу глад и дека мора да помогнеме, бидејќи потребата е огромна – вели Диего Гавилан, човек кој собира старо железо и картон, и кој е редовен посетител на оваа кујна откако инфлацијата ги „изеде“ буџетите на домаќинствата. Ситуацијата во Аргентина е драматична. Иако статистиката покажува мало намалување на сиромаштијата поради намалувањето на инфлацијата, реалноста на терен е поинаква – над 20.000 бизниси се затворија, а потрошувачката драстично се намали. – Не може да се врзе крај со крај. Диего страдал од глад тука како дете. Затоа е посебно чувство за луѓето од областа кога добиваат чинија со храна од неговата куќа – додава Гавилан. Кујната работи без традиционална трпезарија. Храната се дели на влезот, а луѓето си одат дома носејќи топли оброци подготвени на отворен оган. Оваа благородна акција доаѓа во време кога во вторник започна судењето на седумчлениот медицински тим обвинет за небрежност во лекувањето на Марадона по операцијата на мозокот. Додека судството ги бара одговорните за неговата смрт во 2020 година, неговата заедница ја продолжува својата мисија на сочувство. Марадона никогаш не го криел своето скромно потекло - растејќи без вода за пиење и калдрма. Денес, 66 години по неговото раѓање, истата таа куќа повторно им нуди надеж на оние кои, исто како него, биле оставени на маргините на општеството. „Луѓето се гладни. Мислам дека Диего би бил среќен неговата куќа да се користи на овој начин“, заклучи Марија Торес, една од готвачките во овој необичен центар.Тагови: куќа Марадона Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Секси водителка ги откри тетоважите-„Се гледаат само кога сум без облека“Атрактивната водителка ги откри своите тетоважи: „Имам многу, видливи се само кога не сум облечена“.Маја Џама го откри скриеното значење на својата тајна тетоважа на арапски јазик, која се протега преку нејзиниот бут и која ја направила кога имала само 15 години. Шармантната водителка Маја Џама често е во центарот на медиумското внимание поради својот атрактивен изглед, но и поради малку бурниот љубовен живот. Таа неодамна раскина со фудбалерот Рубен Дијаз и се чини дека ужива во тоа што е сама. Во кратко интервју, таа зборуваше за бројните тетоважи на своето тело, кои сепак не се толку лесно забележливи. За некои од нив го откри и нивното значење. „Мојата прва тетоважа е оваа на бутот, веднаш над линијата на бикини-зоната. Ријана имаше тетоважа на тоа место и имам впечаток дека сите девојки веднаш побрзаа да го направат истото. Но, боже мој, имав 15 години кога со пријателките отидовме кај една жена во Бристол, а низ собата ѝ леташе папагал. Веројатно не ѝ било дозволено законски да нè тетовира, но сепак нè истетовира сите“, изјави таа. -На мојата тетоважа на арапски јазик пишува: ‚Сакај како никогаш да не си бил повреден и танцувај како никој да не те гледа‘. Мислам дека навистина се водев според тоа. Тоа се двете работи што навистина ги правам! Имам доста тетоважи, но сфатив дека повеќето од нив се видливи само кога носам бикини или долна облека, бидејќи главно се наоѓаат на моите ребра, колкови и бутови“, додаде водителката. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЗлатко Далиќ си заминува од Хрватска: Веќе се појави името на новиот селекторНа денот кога хрватската репрезентација ќе се врати од Светското првенство, сосема е извесно дека Златко Далиќ ќе ја напушти селекторската позиција. Најголем фаворит да го наследи е Славен Билиќ, објави порталот „24sata.hr“. Легендарниот хрватски дефанзивец, кој како играч освои бронзен медал на Светското првенство во 1998 година, веќе ги има предводено „Коцкестите“. Во 2006 година, тој во првиот тим ги вклучи Лука Модриќ, Ведран Чорлука и Едуардо, со кои претходно соработуваше во младата селекција до 21 година. Квалитетот, искуството и карактерот се издвојуваат како најголеми одлики на Билиќ, па се смета дека тој го поседува „целосниот пакет“ за да го преземе тимот што беше светски вицешампион во 2018 година и освојувач на бронза во Катар во 2022 година. „Не помалку важно е тоа што Билиќ ја има поддршката од претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз, Маријан Кустиќ, и од директорот на репрезентацијата, Стипе Плетикоса“, се наведува во текстот. Под водство на Билиќ, Хрватска двапати ја победи Англија во квалификациите на патот до ЕУРО 2008, а драматично загуби во продолжението од Турција на завршниот турнир. Тој ја водеше репрезентацијата шест години, а потоа беше тренер на Локомотив Москва, Бешикташ, Вест Хем, каде што беше и играч и успешен менаџер, бидејќи го освои седмото место во Премиер лигата, победувајќи ги Ливерпул и Манчестер Сити. Во претходните години, Билиќ се занимаваше и со новинарство и ја водеше популарната емисија „Неуспехот на шампионите“, во која ги беше домаќин на најголемите спортисти од регионот, пред сè Новак Ѓоковиќ, Златан Ибраховиќ, Жељко Обрадовиќ и Лука Модриќ.Тагови: Хрватска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Ивана Крол во „вратоврска и боди повторно ги „запали“ трибините, На Светското првенство, најпознатата хрватска навивачка Ивана Кнол ги запали трибините со својот атрактивен изглед и минијатурна вратоврска. Хрватската фудбалска репрезентација со години ниже големи успеси, а на трибините секогаш ја следи најпознатата навивачка Ивана Кнол, која „освојуваше“ со својот стајлинг- вратоврска над намачканите бујни гради. Но, вчера атрактивната Ивана не успеа да им помогне на своите соработници на зелениот терен да остварат успех во контроверзниот дуел во Португалија. Хрватите доживеаја елиминација уште во осминафиналето на Светското првенство во САД, Мексико и Канада – и тоа на крајно болен начин – а на тој натпревар присуствуваше Ивана Кнол. Фоторепортерите ја следеа уште од моментот кога пристигна на стадионот во Торонто, неколку часа пред почетокот на натпреварот, а таа, како и секогаш, со задоволство позираше пред нив. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00