Манифестација „Бесмртен полк“ во сеќавање на Денот на победата над фашизмот - Канал 5

Манифестација „Бесмртен полк“ во сеќавање на Денот на победата над фашизмот

Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија денеска на плоштад „Македонија" во Скопје заедно со здруженијата на руски сонародници во Македонија ќе ја одржи манифестација „Бесмртен полк“, со која ќе започнат активностите за одбележувањето на Денот на победата над фашизмот - 9 Мај.

Манифестација „Бесмртен полк“ во сеќавање на Денот на победата над фашизмот
Како што соопшти Руската амбасада, предвидено е на плоштадот во центарот на Скопје да се постави „Ѕид на сеќавање“ на кој ќе бидат претставени портрети на учесници во антифашистичкото движење.

- Секој човек без разлика на државјанство и верска припадност може да дојде на плоштадот денеска во 18 часот и да го закачи портретот на својот херој на „Ѕидот на сеќавање“ на самото место, се наведува во соопштението.

Според Руската амбасада, „Бесмртен полк“ е доброволна граѓанска иницијатива, која има цел во секое семејство да бидат зачувани сеќавања на генерацијата која го победила фашизмот. Првпат, акцијата „Бесмртен полк“ е одржана во Томск на 9 мај 2012 година, кога во поворката на „Бесмртниот полк“ учествувале над шест илјади жители на овој сибирски град со речиси 2.000 портрети на членовите на нивните семејства, некогашни учесници на Големата татковинска војна.

По мај 2012 година, ова волонтерско движење почнува да добива национален, но и меѓународен карактер за во 2015 година, да се претвори во еден од клучните настани во рамки на прославата на 70-годишнината на Победата со учество на околу 12 милиони луѓе во над 20 земји ширум светот, вклучувајќи ги САД, Германија, Австрија, Австралија, Норвешка, Франција, Ирска, Чешка, Јужна Кореја.

Согласно програмските активности, утре во Битола, пак, ќе се одржи свечен концерт на руските сонародници „Еден ден на Војната“.

На 9 мај Амбасадата организира полагање венци пред Споменикот на загинатите партизани кај хидроцентралата „Матка“ во Скопје. Истиот ден во 19 часот во Кинотеката на Македонија со проекцијата на „28 Панфиловци“(2016), филм од најновата руска продукција во режија на Ким Дружинин и Андреј Шалопа ќе биде отворена „Неделата на рускиот филм“ посветена на одбележувањето на Денот на победата над фашизмот.

Проекциите ќе се одвиваат до 13 мај во кој период публиката ќе може да проследи уште четири наслови од кинотечкиот фонд на Русија посветени на темата на Татковинската војна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Тошковски служи како заштитник на криминалната организација на власт

Панче Тошковски е последниот човек кој имa кредибилитет да зборува за намалување на криминалот во државата- тој служи како заштитник на криминалната организација на власт. 

СДСМ: Тошковски служи како заштитник на криминалната организација на власт

Две години со ВМРО на власт во државата владее селективна правда, криминал, неказнивост, партизирана полиција и институции ставени во служба на власта.

Тошковски зборува за успешна борба против криминалот, а пет тони дрога му поминаа преку македонската граница. До ден денес нема одговорност ниту за тоа кој дозволил, ниту кој ќе одговара?

Зборува за владеење на правото кога никој од власта не одговара.

Бодигарди на Мицкоски, лица блиски до ВМРО и партиски функционери остануваат недопирливи за законот.

Зборува за безбедност кога граѓаните сведочеа на убиства, вооружени пресметки, фрлени бомби, запалени автомобили, растечко семејно и врсничко насилство, а МВР не ги заштити жртвите.

Тошковски зборува за борба против корупцијата а неговиот шеф Мицкоски со неговата криминална организација ВМРО, вртат милионски тендери.

161 тендер за семејната фирма на Томовски, 51 тендер преку општините за омилената фирма на власта Пирамид Билдинг, 74 тендери за Ленди груп фрима, 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени, тендер од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта.

Полицијата е претворена во партиски инструмент додека јавно се признава дека има систем кој овозможува пристап до камерите и микрофоните на телефоните на граѓаните. Тоа е Pegasus – озлогласен шпионски софтвер за таен и тотален надзор.

Тошковски велеше „Брат да ми е, ќе одговара“- по две години, никој за ниту еден криминал не одговара - затоа што криминалците се во власта.

Тошковски може какви сака статистики да презентира. Реалноста е дека државата е затруена од криминал и корупција, а граѓаните не се чувствуваат безбедно ниту дома, ниту на улица.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев, во Охрид го пречека генералниот секретар на Интерпол Уркиза

Генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, денеска (08.07.2026) пристигна во Охрид од каде ја започна официјалната посета на Република  Македонија.

Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев, во Охрид го пречека генералниот секретар на Интерпол Уркиза

На аеродромот „Св. Апостол Павле“ генералниот секретар Уркиза беше пречекан од директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, каде двајцата одржаа и билатерална средба.

На средбата се разговараше за активности насочени кон јакнење на оперативната соработка, размената на информации и унапредување на заедничките механизми за справување со современите безбедносни предизвици, како и за продлабочувањето на партнерството со Интерпол и за унапредувањето на меѓународната полициска соработка, како еден од клучните предуслови за ефикасна борба против прекуграничниот и организираниот криминал и за поголема безбедност на граѓаните.

Во рамки на официјалната посета на Охрид, генералниот секретар на Интерпол придружуван од директорот на Бирото за јавна безбедност, ги посети дел од најзначајните културно-историски знаменитости на градот. За време на посетата беше запознаен со богатото културно наследство и историските вредности на Охрид, кој како природно и културно богатство е впишан на Листата на светско наследство на УНЕСКО.

Посетата на знаменитостите претставуваше можност високиот гостин одблиску да се запознае со традицијата, културата и историското значење на Охрид, еден од најстарите и најпознати градови во регионот.

Генералниот секретар на Интерпол Уркиза, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев ги посетија и мешаните македонско-српски полициски патроли, кои се ангажирани во Охрид во текот на летната туристичка сезона. При посетата, генералниот секретар беше запознаен со начинот на функционирање на мешаните патроли и нивната улога во обезбедувањето поголема сигурност за граѓаните и туристите. Беше истакнато дека ваквиот модел на меѓународна полициска соработка придонесува за унапредување на довербата меѓу полициските служби, поефикасна комуникација со странските посетители и повисоко ниво на безбедност во туристичките центри.

Охрид, како дел од светското културно и природно наследство заштитено од УНЕСКО, беше симболичен почеток на оваа посета – затоа што безбедноста не значи само справување со заканите, туку и грижа за заштитата на вредностите, наследството и богатството што ги носиме низ генерациите.

Посетата на Генералниот секретар на Интерпол продолжува утре во Скопје, со официјалниот дел од програмата, во рамки на кој се предвидени активности во Министерството за внатрешни работи, посета на Полициската академија, средби со највисокото државно раководство и разговори за натамошно унапредување на меѓународната полициска соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хоџа на терен во Сингелиќ: Во тек е реализација на значаен проект за регулација на каналот

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска изврши увид во градежните работи за регулација на одводниот канал во населеното место Сингелиќ.

Хоџа на терен во Сингелиќ: Во тек е реализација на значаен проект за регулација на каналот

Министерството инвестира 21 милион денари во овој проект, а градежните активности на терен се веќе во напредна фаза со бетонирање на коритото со цел трајна заштита од поплави. Овој канал е клучен дел од хидромелиоративниот систем за одводнување „Скопско Поле“ и прифаќање на атмосферските води.

,,МЖСПП спроведува инфраструктурна офанзива низ целата држава. На овој начин ги поставуваме темелите за вистински зелен пресврт”, изјави министерот Хоџа и дополни дека во тек е подготовка и на четири други значајни проекти со кои се модернизира комуналната инфраструктура на општина Гази Баба.

Министерството за животна средина и просторно планирање останува посветено на системско решавање на децениските проблеми на граѓаните и подигнување на квалитетот на животот во секое населено место.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер