Манев: Причината за убиствата на Вања и Панче е прашање за Палевски - Канал 5

Манев: Причината за убиствата на Вања и Панче е прашање за Палевски

 Судењето за убиството на Вања и Панче денеска во Основен Кривичен суд Скопје продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. 

Манев: Причината за убиствата на Вања и Панче е прашање за Палевски

Тој денеска одговараше на прашањата на бранителите на останатите обвинети. Манев истакна дека причината за убиството на Вања и Панче е прашање кое треба да се упати на обвинетиот Љупчо Палевски.

Одговарајќи на прашањето на бранителот на Кешишев, Манев потврди дека на 23 ноември 2023 година, патот до хотелот „Романтик“ бил преку Башино Село, продолжувајќи кон Катланово и Скопје, а потоа се исклучиле кон селото Рудник. Тој, исто така објасни дека тегот, кој бил спуштен во земуницата, сè уште се наоѓа таму.

-Јас носев и чамец со катанци за да го одврземе, да биде Панче Жежовски врзан во самата земуница, рече тој. На прашањето дали девојчето било врзано во моментот на убиството, Манев одговори потврдно.

Во однос на прашањата од бранителот на таткото на Вања, адвокатот Владимир Туфегџиќ, за планирањето на грабнувањето, Манев изјави дека Љупчо Палевски предложил потенцијални цели, вклучувајќи директор на „Гранит“ или ќерка на фармацевт.

-Десет дена пред грабнувањето, Палевски рече дека ќе ја набљудува жената за да ги дознае нејзините навики, додаде тој.

Манев истакна дека фотографиите од потенцијалната жртва биле направени без директен контакт со нивните телефони.

Прашан дали детето што го грабнале не било личноста од таа фотографија, тој одговори дека наликувале.

- Личноста од фотографијата многу наликуваше на детето, висината, боја на коса, личеше како повозрасна жена, воопшто сликата не личеше на дете. Покрај самиот изглед, времето на излегување 7:20 наутро, секојдневно како што следел дека излегува, бевме сигурни дека тоа е таа особа, рече тој.

Кога ја откопчале вреќата за да ја фотографираат жртвата, Манев сфатил дека грабнале дете, а не жена.

-Тоа се случи откако ја извадивме од колата, од гепекот, ја поставивме на земја во легната положба, ја откопчавме вреќата и ја извадивме лентата од устата да може да ја слика и тогаш видовме дека е дете, рече тој.

Манев истакна дека тој немал мобилен телефон на местото на настанот, а комуникацијата била преку радио станици.

Во однос на прашањето дали некој од нив се слушнал со родителите на Вања, бидејќи таа им ги дала нивните телефонски броеви, тој одговори дека тој лично не, а за другите не знае.

На прашањето зошто не испратиле слики за откуп, рече дека тоа е прашање за Палевски.

Прашан дали после убиството на детето некој од нив ги спомнал родителите на детето, одговори дека немал контакт.

-После убиството, вечерта 27 ноември беше последно излагање во партија кога однесов тегли мед за еден пријател, требаше да си ги подигне од партијата, немав никаков контакт со никој, освен со Боре и првиот контакт беше 30 ноември кога прв пат ми се јави Љупчо Палевски за да ми каже дека заминува за Москва, па после 15 минути да се прејави да ми каже дека заминува за Турција. Со Кешишев немав воопшто контактирано после тоа, рече тој.

Прашан кој одлучувал кој ќе биде грабнат, одговори Палевски.

-Тој ги знаеше луѓето во зградата и одлучуваше кој ќе биде грабнат, рече тој. Дополни дека пред да се случи тоа, како што рече „Љупчо Палевски нѐ однесе до зградата да ни објасни каде е влезот, каде е сутеренот, ни ги кажуваше скалите излезни со скалите што одат спрема сутеренот. Тоа беше ноќно време. После тоа не носеше на некоја од бензиските да пиеме кафе, ни ја покажуваше фотографијата за да ја запамтиме особата, рече тој.

Во однос на прашањата за вмешаноста на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, тој одговори дека таткото прв пат му бил посочен во полициската станица.

- Кажав дека бев физички малтретиран и тепан за да кажам дека сум видел како Љупчо Палевски разговара со таткото на Вања. Што се однесува на изјавата од 6-ти, бев истрауматизиран, 40 минути бев во исчекување на редот за тепање по стапала до крв, редоследот беше Александар па Боре, па Кешишев, мене ме земаа кога го вратија Кешишев во ќелија, редот ми беше мене да ме тепаат. Четириесет минути слушање како вриштат, знаејќи што ми следува. Од толку што сум бил избезумен имам кажано дека ќерка ми работи во Словенија, а таа никогаш не работела во Словенија, тоа покажува колку сум бил избезумен, рече Манев.

Прашан дали тој лично слушнал и видел дека Љупчо Палевски телефонски разговара со таткото Александар, одговори не.

-Не, никогаш, ниту сум слушнал, ниту сум видел, рече тој.

Манев, одговарајќи на прашањето на таткото на Вања кое гласеше „Зошто, што се случи“, заврши со изјавата дека не може да одговори зошто дошло до убиството, додавајќи дека тоа е прашање за Палевски.

Расправата продолжи со испитување на Манев од страна на обвинетиот Љупчо Палевски.

Според најавеното, по сослушувањето на Манев, треба да сведочи Боре Видевски, Влатко Кешишев, Александар Ѓорчевски и на крај Палевски.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

МВР: Зајакнати мерки за непрописно паркирани возила во централно градско подрачје

Денеска (24.04.2025) во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила .

МВР: Зајакнати мерки за непрописно паркирани возила во централно градско подрачје

Денеска (24.04.2025) во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила низ централното градско подрачје за зголемување на безбедноста во сообраќајот при што преземени се вкупно 20 мерки од кои изречени се шест прекршочни платни налози за непрописно паркирани возила, 12 возила се подигнати со специјалното возило "пајак" и 2 мерки по останати прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштуваат од МВР.

Вучиќ за шарената револуција: Ги злоупотребија децата за политички цели, трошат милиони евра

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва гостува на ТВ Информер, и  зборува за последните случувања.

Вучиќ за шарената револуција: Ги злоупотребија децата за политички цели, трошат милиони евра

На прашањето за средбата во Центарот за културна деконтаминација, Вучиќ рече дека има многу докази за шарена револуција, пренесе Телеграф.

„Имавте соопштенија од претставници на разни невладини организации, политички партии кои кажаа колку време се подготвувале, колку пари вложиле, како го направиле тоа на универзитетите, училиштата. Ако е доволно да се обезбедат оброци за 5 илјади луѓе дневно, а најмалку за 10, на вакви демонстрации што се одржуваат секој ден, три оброци на ден, за 5 илјади луѓе, тоа е 4000000000 ден. За 5 месеци, 20 милиони Тоа е само за храна денес, пијалок колку сакаш, храна, само тоа треба да го броиш.“

Тој наведува дека колку помалку има, толку е подобра организацијата, за да се сокрие дека ги има помалку.

„Се трошат сè повеќе пари. Погледнете што велат регионалните медиуми кои им помагаат да ги реализираат нивните идеи. Некои од Европа отворено велат дека нивните барања се исти како и на студентите. Бидејќи побараа документација, ја обезбедивме, не ни кажаа што недостасува.“

„Има многу докази за шарена револуција, безброј. Ќе се обидам да зборувам за тоа. Имавте соопштенија од претставници на разни невладини организации и политички партии за тоа како го подготвувале сето ова. Ако треба да обезбедите 5.000 луѓе дневно, а тоа е потребно за најмалку 10.000, три оброци дневно - направете повеќе 22 месеци, се трошат уште нови пари Доволно е да се види како зборуваат регионалните медиуми кои се под директна контрола на странските служби.“

„РТС до пред неколку дена целосно учествуваше во обоената револуција. За ова ќе пишувам во книга која ќе биде најчитана во некои делови на светот и ќе има карактер на учебник. Секогаш во државниот сектор, сметајте на тој што ја спроведува обоената револуција да смета на државниот сектор. Еве каде што секогаш ги нападнаа државните телевизии, сега згрешиле, ги вклучија децата денеска, вчера, завчера, детски маршеви. Ни ги злоупотребуваа за политички цели.“

„Убеден сум дека ќе се впуштат во валкана радикализација. Јас уште во Митровица им реков, деца, прогласете победа. Кај младите најлесно е да се игра на картата „го менувате светот“.

Вучиќ откри дека премиерот Мацут ќе присуствува на погребот на папата Франциско во сабота.

На прашањето дали ќе се сретне и со Трамп и со Путин за една недела, тој рече:

„Можно е.“

Експлодираа шахти во Њујорк, баба со внуците за влакно избегнаа сигурна смрт (ВИДЕО)

Серија експлозии во шахти го потресоа мирниот град Паукипси, во државата Њујорк, во неделата околу 13:30 часот.

Експлодираа шахти во Њујорк, баба со внуците за влакно избегнаа сигурна смрт (ВИДЕО)

Властите покренаа истрага, а на интернет е објавено видео од Лиза Дејвис и нејзините внуци, кои за малку ќе загинеа за време на инцидентот, пренесува Метро.

„Не знаев каде да одам“

Додека се движеле по улицата Академија во Паукапси, Њујорк, одекнала силна експлозија која го однела капакот на шахтата и добар дел од тротоарот.

Бабата и нејзините внуки беа буквално на неколку секунди од трагедија.

„Не знаев каде да одам. Тоа не беше единствената експлозија. Најмалку уште една шахта беше разнесена“, рече таа подоцна.

YouTube video

Евакуирани се неколку згради

Пожарникарите брзо пристигнале на местото на настанот, а се претпоставува дека инцидентот бил предизвикан од високо ниво на гас во подземниот систем.

Истражувањето на поширокото подрачје откри високо ниво на јаглерод моноксид во неколку згради, кои веднаш се евакуирани.

После сѐ, Лиза Дејвис истакнува дека останала трауматизирана, бидејќи сфатила дека можела да го изгуби семејството. Нејзината шестгодишна внука за локалните медиуми изјави: „Баба се исплаши, но јас не.“.

притисни ентер