Манев: Палевски ѝ пријде на Вања со пиштол, го испука куршумот преку перниче - Канал 5

Манев: Палевски ѝ пријде на Вања со пиштол, го испука куршумот преку перниче

Како се испланирани и извршени убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во детали раскажуваше обвинетиот Велибор Манев. 

Манев: Палевски ѝ пријде на Вања со пиштол, го испука куршумот преку перниче

Тој го посочи првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо за директен извршител и на двете убиства. Тврдеше дека не знаел дека ќе киднапираат девојче, Палевски ги уверувал дека ќе киднапираат 40 годишна жена, ќерка на сопственик на фармацевска компанија и ќе бараат пари од кои секој поедничено ќе добие по 150 илјади евра. Ја потврди автентичноста на снимките на обвинителството на кои се гледаат како доаѓаат пред зградата каде живеела Вања. По два неуспешни обиди претходно, на третиот обид Манев и Видевски влегле во зградата во која било темно. Ја киднапирале Вања и ставиле во гепекот од цитроенот кој пред влезот го паркирал Кешишов, додека реното кангу го возел Палевски и се упатиле кон Бразда.

„Откако го отворивме гепекот кај месноста Оризови Дупки, Палевски ја праша како се вика, кои и се мајка и татко. Ни рече да ја извадиме да може да ја слика и да прати слика. Откако видовме дека е дете а не жена, јас и Влатко му рековме да ја пуштиме, дека е грешка. Палевски пак викаше дека е "таман". Се свртев да видам кај да ја ставиме, и тогаш Палевски му пријде на детето со пиштол, со перниче во рака, го испука куршумот преку перниче.“

Неколку дена претходно е киднапиран и убиен велешанецот Панче Жежовски. На намерата на Палевски да најдат возило за подоцна да го извршат грабнувањето на жената, Манев го предложил соседот Жежовски, бидејќи години порано имале расправија за пари. Палевски, Маенв и Видевски рано утрината на 22.11 отишле во неговиот дом, го собориле на врата и го покриле со церада, додека Влатко Кешишов ги чекал во близина.

„Панче го однесовме кај земницата која претходно ја ископавме. Откако се наведнав да го одврзувам, Палевски влета наеднаш и испука куршум во слепоочницата на Панче. Палевски дојде до мене, јас го прашав „Зошто ова, не требаше вака“, тој ми рече „Вака е почисто, нема што да се секираш“. Јас му реков дека не сакам вака да продолжам, оти за вакво нешто не сум ни помислил. Тогаш за прв пат ме подбутна со раката и ми рече „Да не расипуваме пријателство, имаш убава фамилија“.“

Не пријавил во полиција ништо бидејќи бил под закана од Палевски, уверуваше Манев. Неколкупати во текот на исказот тврдеше дека не го познава обвинетиот Александар Ѓорчевски, таткото на Вања.

На обвинителството ставот е дека неговиот денешен исказ се разликува од она што го кажал во истрага и бараа да се прочита тој исказ. Според тој исказ, Велибор Манев од Влатко Кешишов скушнал дека Палевски разговарал со таткото на Вања. Судењето продолжува на 17 март кога ќе се продолжи со распитот на Манев.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Чорбаџи Теодос“ на НУ Народен театар Битола дел од годинешниот фестивал „Интерфест“

Кога една од најпознатите македонски драми ќе се сретне со фестивал кој со децении ја слави уметноста, сцената добива посебна енергија.

„Чорбаџи Теодос“ на НУ Народен театар Битола дел од годинешниот фестивал „Интерфест“

На јубилејното, 35. издание на Интерфест – Битола, Народниот театар Битола ја носи својата добро позната и сакана претстава „Чорбаџи Теодос“, по текст на Васил Иљоски, во режија на Дамјан Димовски.

Драматург на претставата е Билјана Крајчевска. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски.

Во претставата играат Живко Борисовски, Марија Стефановска, Александар Димитровски, Никола Стефанов, Сандра Грибовска Илиевска, Елена Моше, Никола Пројчевски, Александар Копања, Петар Спировски, Марија Цветановска.

Премиерата на ,,Чорбаџи Теодос“ беше на 26.мај 2026.

Напишана во 1937 година, приказната за Теодос и светот во кој живее и денес звучи неверојатно блиску. Само околностите се промениле. Човечките слабости, борбата за моќ, интересот, гордоста и потребата да се биде над другиот – остануваат препознатливи. А токму во тоа е нејзината сила: да нè насмее, да нè препознае и можеби, малку да нè замисли.

Овојпат, „Чорбаџи Теодос“ доаѓа како дел од фестивалската програма на Интерфест – празник на уметноста кој повеќе од три децении ја збогатува културната сцена на Битола. Истата ќе се изведе на 6 октомври 2026, од 20:00 часот, во Големата сала на Народен театар Битола.

Влезници онлајн на следниот линк:

https://narodenteatarbitola.com/events/teodos-interfest/

Годинешното 35 то издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ Битола беше отворено со балетската претстава „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков, а во изведба на Македонската опера и балет на големата сцена на Центарот за култура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русите го погодија клучниот мост во Киев преполн со автомобили

Руските сили го погодија Северниот мост во Киев со дрон, оштетувајќи го патот, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Русите го погодија клучниот мост во Киев преполн со автомобили

„Коловозот на Северниот мост е погоден. Службите за итни случаи се упатуваат кон местото на настанот“, рече Кличко.

Снимки од нападот на мостот, кој е преполн со автомобили, се појавија на социјалните мрежи. Постојат стравувања дека може да има жртви.

Русија отвори сосема нова фаза од својата воздушна војна против Киев оваа недела. Таа започна систематски да ги таргетира стратешките мостови преку реката Днепар што ги поврзуваат источните и западните делови на украинскиот главен град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

OJO: Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

При претрес во домот на осомничениот, полицијата открила и запленила поголемо количество оружје, муниција и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета.

OJO: Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен скопјанец за кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 и Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од члњн 215 став 1 од Кривичниот законик.

При претрес во домот на осомничениот, полицијата открила и запленила поголемо количество оружје, муниција и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета – една рачна бомба „М75“ со имплементирани метални кугли со дијаметар од околу 2мм со шрапнелско дејство, вкупно 240 куршуми со различен калибар, пиштол марка Црвена Застава со калибар 7.65 mm, со една рамка со седум куршуми, пиштол марка Берета, со рамка во која имало шест куршуми, како и околу 7 грама марихуана.

Во станот бил пронајден и клуч од мотор за кој постојат оперативни сознанија дека бил искористен при извршување на кривично дело убиство.

Бидејќи постојат околности што укажуваат дека мерката притвор е неопходна за непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до судот поднесе и предлог за определување на најстрогата мерка.

Притоа, јавниот обвинител ја истакна опасноста за бегство и можноста осомничениот да продолжи да врши кривични дела, како основ за определување на притворската мерка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер