Манев: Координатор на грабнувањата беше Палевски, се изненадив кога го застрела Жежоски - Канал 5

Манев: Координатор на грабнувањата беше Палевски, се изненадив кога го застрела Жежоски

Со Љупчо Палевски се познавам од 2018 година после потребата од набљудувачи за избори му пристапив во канцеларија, така се запознавме лично.

Манев: Координатор на грабнувањата беше Палевски, се изненадив кога го застрела Жежоски

Второобвинетиот за убиството на Вања и Панче, Велибор Манев денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје, рече дека се познава со сите обвинети, освен со таткото на убиеното девојче, и дека за грабнувањата ги координирал Љупчо Палевски Палчо. Манев, одговарајќи на прашања од неговиот бранител, рече дека сметал оти требало да извршат само грабнување на Панче, а се изненадил кога Палчо го застрелал.

На прашање на неговиот бранител, адвокатот Горан Бошевски, дали се познава со обвинетите, Манев рече дека со Боре Видевски се познава од дете, со Љупчо Палевски од 2018 година, а со Влатко Кешишев две и пол години, ако се смета и времето во затвор.

- Со Љупчо Палевски се познавам од 2018 година после потребата од набљудувачи за избори му пристапив во канцеларија, така се запознавме лично, после тоа одлучив да му пристапам и како член на тогашна „Движење Трета“, и оттогаш до ден денеска еве сме тука, со неговото знаење и познавање, рече Манев.

Прашан, дали го познава таткото на убиеното девојче, Александар Ѓорчевски, Манев рече дека ниту го знае, ниту го познава, ниту претходно го видел.

Манев, рече дека со сега покојниот Панче Жежовски се познавал и дека работел на негова куќа пред 15-16 години, од кога му останал должен и не му исплатил за завршената работа.

- Бараше сечени камења да му се реди дел на влезот од куќата, една од најскапите материјали и варијанти на изведба во градежништво. Кажал на неговите дека должел 500 евра, а беа 1500 евра, тогаш се скаравме, во лутината му извадив едно камионче 12-13 квадрати од бекатон плочките што му го редев и тој повика полиција. Таа направи записник, ме опоменаа дека не смеам така да постапуваме и да се однесувам, дигнав раце од сето тоа, и толку. Уште еднаш отидов кај него тогаш, му побарав уште еднаш парите што ми ги должи, ме избрка, дојдов до степен да го тепам, но не го сторив тоа, дигнав раце и оставив на Господ. Тоа беше сѐ од контактот и познавањето со Панче, рече Манев.

Манев, пред Судот кажа дека тој ја однел полицијата од СВР Велес на местото рудник во Велес, каде заедно со Влатко Кешишев ископале земуница, за која рече била ископана во 2022 година со цел „да се чуваат грабнатите лица и оттаму да се пуштат на слобода откако ќе се изврши наплата“.

- Првично требаше Панче Жежовски да биде грабнат. Да биде спуштен во земуницата, врзан со бетонски тег, со ланец за ногата и тегот, да не може да излезе, да се искористи неговото возило за грабнување на особа, жена од 38-40 годишна возраст и откако ќе се грабне таа, Панче да се извади, да се направи замена на грабнатите, Панче да се пушти со колата да си замине, а жената да биде чувана додека не се изврши наплатата, изјави Манев.

За одлуката за грабнување на Жежовски, Манев рече дека Палевски „околу месец и пол пред грабнувањето на лицата барал некоја кола необележана, крадена за да може да го извршиме грабнувањето“.

- Не можеше да се најде таква кола, по негов предлог, предложи да бараме нели единец, сам, што ќе може да му ја искористиме колата и за кратко време да биде пуштен. Седевме во канцеларија и ми дојде на ум не платениот долг на Панче Жежовски . Му кажав дека има тука кај мене еден што ме измамил, што ми го земал лебот, па би можеле да го искористиме тој човек за целите на грабнување, изјави Манев.

Манев, посочи дека на почетокот биле тој, Љупчо Палевски и Влатко, по што предложил и Боре да разговара со Палчо за евентуално приклучување, како четврти член на групата, а дека Жежовски го грабнале на 23 ноември, по што пред Судот, во детали го објасни грабнувањето.

- Стигнавме до земуницата со колата, пред нас цело време возеше пик апот, во него беа Љупчо Палевски и Влатко Кешишов, а Боре и јас во колата на Жежовски. Го изнесовме од колата, го однесовме до самиот отвор на земуницата, го спуштивме тука за да можеме да го пуштиме долу по скалите. Откако се наведнав да го одврзам Љупчо Палевски, наеднаш му испука куршум во слепоочница на Панче Жежовски, јас останав без зборови, срипав од местото и излегов надвор од шумичката, изјави Манев.

Манев, рече дека кога го прашал Палевски зошто го сотирл тоа, тој му рекол дека така е почисто и дека нема што да се секира.

- Јас му реков дека не сакам вака да продолжам затоа што за вакво нешто не сум ни помислил и тогаш прв пат ме подбутна со раката и ми вика, цитирам „да не расипуваме пријателство, имаш убава фамилија“, изјави Манев.

После убиството, земуницата Манев рече дека стоела отворена неколку дена, по што се јавил Палевски и рекол да го затрупаат местото за да не почне да мириса.

По убиството Манев рече дека по наредба од Палевски возилото на убиениот Жежовски го возел до Скопје, кое го паркирал на паркинг кај надвозникот на пругата кај Хиподром.

Сведоштво на Манев: Првичниот план беше да грабнеме жена на возраст од 38-40 години, за што Палевски ни вети по 150 илјади евра

Велибор Манев, еден од обвинетите за убиството на Вања и Панче, денеска во Кривичниот суд рече дека грабнувањето на Вања се извршило при третиот обид, а првичниот план бил да грабнат жена на возраст од 38-40 години.

Претходно, Манев пред Судот рече дека грабнувањето на Жежовски во Велес го извршиле со намера да го искористат неговото возило за грабнување на жена во Скопје, а грабнатите да се чуваат во ископана дупка – „земуница“ во Велес сѐ до наплатата.

Прашан кого планирале да грабнат, одговори дека Палевски кажувал повеќе личности, меѓу кои, како што рече „беше Сашо директорот на Гранит, после тоа, се одлучи за жена на 38-40 годишна возраст, ќерка на некој од фармацевтските куќи“. Според Манев, Палевски првично на секого им ветил „по 150 илјади евра за грабнување на ќерка на фармацевт“, за потоа, кога виделе дека не е таа личност, дека е грешка, им рекол „нема да бидат толку пари, ќе бидат помалку, ама важно ќе ги земеме“.

- Цело време дури и пред да се случи самото грабнување, десетина дена претходно ја следел, така ни кажуваше, да видиме кога излегува, каде работи и наводно ја сликал со телефонот. Цело време ни ги покажуваше сликите, изгледаше на 38-40 годишна жена, дали беше фотошопирана не можам да кажам, рече тој.

Манев рече дека женското лице го грабнале на 27 ноември, при третиот обид.

- Возилото на Панче Жежовски беше кај пазарот во Радишани, нѐ однесе таму на 27 ноември и нѐ остави со кангуто, нѐ остави тројцата, мене, Боре и Влатко Кешишев, таму го запаливме возилото и тргнавме кон зградата каде требаше да го извршиме грабнувањето, рече тој.

Прашан како и кој го извел грабнувањето, појасни дека Палевски го објаснил системот и начинот како се отвора вратата на самата зграда.

- Ни го објасни внатрешниот ентериер и распоред на скалите, дека одвнатре може полесно да се земе жената. бБдејќи ни објасни што и како, кога стигнавме таму, Влатко остана во цитроенот, јас и Боре влеговме во зградата. Влеговме, немаше сијалици, темно беше, светлина доаѓаше од самиот влез на вратата и временски, од време на време, Љупчо Палевски по Моторола ни кажуваше саатот колку е што е, како се движи времето до 7:20 часот, кога излегува жената. Во 7:20 јас бев до скалите, Боре чекаше со селотејп лента ставена на раката и кога се симнуваше особата, Боре ја грабна со едната рака, а со другата и ја залепи устата со селотејп и ја повлековме во скалите во потесното, рече тој.

Дополни дека потоа ја врзале, ја ставиле во вреќа за спиење која претходно ја земале од канцеларија.

- Влатко ја донесе колата пред влезот, го отвори гепекот за да може да ја ставиме, посочи тој.

Откако ја ставивме во гепек, по насоки на Палевски, почнав да се движам по улиците што ми ги кажуваше претходно и така излеговме на Партизанска, сѐ она што е снимено по Сејф Сити, покрај Александар Палас, скршнавме кон Качанички пат, тука се исклучив за патот кон местото каде што треба да ја носиме.

- Стигнавме до местото оризови дупки и го отворивме гепекот. Палевски ја праша како се вика, што се вика, чија е, татко, мајка, сѐ почна да ја прашува, и од кога тоа го дозна ни рече да ја извадиме надвор за да ја слика и да може да прати слики на фамилијата. Откако ја извадивме од колата, ја откопчавме вреќата за спиење и салотејпот го извадивме видов дека тоа не е жена, туку дете. Влатко и јас бевме до него блиску и му рековме дека е грешка, треба да го пуштиме назад, бидејќи сме под маски, нема никој видено, да ја ослободиме. Палевски повторно почна да кажува да прекинам, дека ништо не разбирам, дека сѐ е таман, се било чисто, нема што да се бере гајле, дека првичната сума што ја понудил за грабнувањето нема да може да се земе, дека ќе биде помала. Се свртив да гледам кон лозјето, бидејќи беа некроени, напуштени одамна. Додека гледав, Палевски му пријде на детето, со пиштол и со перниче во рака му испука куршум и јас повторно бев надвор од себе, изјави Манев.

Палевски, според Манев, потоа се вратил до пикап- от, и од него извадил неупотребени копач, лопата и ашов и им наредил да ископаат дупка.

- Ја спуштивме во дупката, Палевски ја извлече вреќата и ја фрли во возилото на Панче Жежовски. Со солзи во очите, почнав да закопуваме. Откако го завршивме тоа, јас го возев возилото на Панче, тој напред го возеше пик апот и спрема Глуво, па оттаму скршнавме спрема Скопје, некаде подоле по патот, тој тргна по спореден пат, спрема нивата каде што го запаливме возилото. Запре тука, ми даде знак каде да ја терам колата на Панче во границата, тука извади гориво кое претходно беше земено од страна на Кешишев и го поли возилото и го запали. Јас само го оставив и седнав во пик апот, на предното седиште, Боре и Влатко седнаа позади и тргнавме да се враќаме спрема канцелариите, изјави Манев.

Според сведочењето на Менев, Палевски претходно ги однел на местото „оризови дупки“, пред првиот обид за грабнување, каде како што мислел „ќе се чува грабната жена“.

По грабнувањето и убиството на Вања, Манев рече дека тој и Боре со неговата кола продолжиле за Велес, а Влатко и Палевски останале во канцеларијата.

Манев, исто така, рече дека Палевски потоа му се јавувал „ да не се секира, дека сѐ е во ред“, како и дека му се јавил кога тргнал од Србија за Турција.

- Првиот пат се јави ми рече дека ќе одел за Москва, јас му реков прави што знаеш за после неполни десетина минути, повторно да ми се јави за да ми каже дека се наоѓа на турска граница и дека ќе оди за Истанбул. Имаше јавување и од телефонот на Стефан Димовски и последното јавување ми рече ќе се чуеме сабајле кога ќе бидам во Истанбул. Сабајлето ми се јави, бидејќи знае дека имам пријатели во Турција, ми рече да му дадам некој пријател за контакт за да може да му даде куќа под кирија, наводно во Истанбул била висока киријата, рече Манев.

Според обвинението, Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, се обвинети дека заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Избори во Шпанија: Дали Санчез ќе успее да се спаси или крајната десница се враќа во владата прв пат по Франко?

Шпанците одлучуваат дали да му дадат на социјалистичкиот премиер Педро Санчез, еден од последните левичарски лидери во Европа, уште еден мандат или да ја предадат власта на конзервативната опозиција. 

Избори во Шпанија: Дали Санчез ќе успее да се спаси или крајната десница се враќа во владата прв пат по Франко?

Шпанија денеска ја одлучува својата политичка иднина избирајќи ги 350-те членови на Парламентот кои ќе го изберат следниот премиер како и 209 сенатори. Меѓу кандидатите за премиер се социјалистот Педро Санчез, Алберто Нуњез Феихо од централно-десничарската Народна партија, Сантијаго Абаскал од крајно-десничарската Вокс и Ада Колау од левичарскиот Широк фронт.

Акутелниот премиер Педро Санчез, повика на голема излезност „за иднината“ на Шпанија, додека неговиот главен противкандидат – Алберто Нуњез Феихо, им порача на граѓаните да гласаат без страв.

„Мислам дека денеска најважно е да се активира учеството на избирачите, тоа што ни е должност на сите политичари и политичарки, јас само можам да изразам благодарност за мобилизацијата која ја видовме во врска со политичкиот проект кој јас го предлагам. Од тука па натаму ќе го чекаме резултатот и волјата на граѓаните.“

„Која и да е одлуката која ќе ја донесете, што ќе ја изберете и која ви се чини подобра за нашата земја, никогаш да не ја донесете од страв, туку да ја направите со сеќавање, со убедување и знаејќи дека тоа што ќе го избереме, е една демократска влада на нашата земја.“

Крајниот десничар Сантијаго Абаскал исто така се надева дека гласањето ќе се одвива без страв, додека Ада Колау гласајќи од Барселона порача дека „жените нема да молчат“ , откако на главната телевизиска дебата меѓу кандидатите Нуњез Феихо и порача да биде тивка.

Според шпанските медиуми, Народната партија би можела да биде победник освојувајќи 31% од гласовите по што возможна е коалиција со крајно-десничарската Вокс која би освоила скоро 18% од гласовите. Доколку се избере десничарска влада тоа би го прекинал осум годишниот циклус на левичарски влади, а доколку крајно-десничарската партија Вокс влезе во владеачка коалиција, тоа би било за прв пат од 1975та година по диктатурата на Франциско Франко. Сепак, иако засега според анкетите се наоѓа на второто место, владејачката Социјалистичко-работничка партија, би можела да влезе во тесно водство.

За време на своето владеење Санчез се соочи со сериозни предизвици како кризата со високи трошоци за живот, ниски плати и прескапи трошоци за домување. Дополнително, тој беше жестоко критикуван за тешката мигрантска криза во енклавите Сеута и Мелила, кои се уште ги трпат последиците од раст на криминалната стапка.

Повеќе од 38,6 милиони гласачи во Шпанија денеска имаат право на глас. Резултатите би требало да бидат објавени доцна во ноќта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тројца уапсени, 13 нарушувања на јавниот ред и мир за време на прославата на Денот на албанското знаме

13 нарушувања на јавниот ред и мир за време на прославата на Денот на албанското знаме, три лица лишени од слобода.

Тројца уапсени, 13 нарушувања на јавниот ред и мир за време на прославата на Денот на албанското знаме

За време на прославата на Денот на албанското знаме, на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Скопје, Тетово, Охрид и Куманово, регистрирани се 13 нарушувања на јавниот ред и мир.

Министерството за внатрешни работи презема интензивни мерки за целосно расчистување и документирање на сите настани. Досега се поднесени две кривични пријави за кривичните дела „безобѕирно управување со моторно возило“ и „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“, изготвени се 10 записници за констатирани прекршоци, а три лица се лишени од слобода.

На подрачјето на СВР Скопје регистрирани се седум нарушувања на јавниот ред и мир, на подрачјата на Бит Пазар и Ѓорче Петров. Изготвени се седум записници за прекршоци против четири лица, од кои три за отстранување, кинење или оштетување на државни симболи и симболи на заедниците, еден за карање, викање или непристојно и дрско однесување, како и три прекршоци од областа на безбедноста на сообраќајот – управување возило без возачка дозвола, управување со брзина поголема од дозволената и движење во спротивен правец. Поднесена е и кривична пријава против едно дете за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. При преземањето мерки за расчистување на настаните, две лица биле лишени од слобода

На подрачјето на СВР Тетово регистрирани се две нарушувања на јавниот ред и мир од страна на деца, со употреба на пиротехнички средства на Градскиот плоштад во Тетово, како и настан во кој било поставено албанско знаме на полициско возило. Се преземаат мерки за целосно документирање на настаните и ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На подрачјето на СВР Охрид регистрирани се две нарушувања на јавниот ред и мир, во Кичево и Струга. Во Кичево, на градскиот плоштад биле поставени неколку знамиња на Република Албанија, по што е составен записник за сторен прекршок. Во Струга, во основно училиште биле поставени знамиња на Република Албанија, без да биде истакнато знамето на Македонија. По преземените мерки, ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка против одговорното лице во училиштето.

На подрачјето на СВР Куманово регистриран е еден настан за време на дефиле со возила низ централното градско подрачје. Полициски службеници забележале две лица, од кои едното се дало во бегство, додека другото било задржано. При извршен преглед кај него бил пронајден пиштол марка „Црвена Застава“ и рамка со пет куршуми. Лицето е лишено од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“ по член 396 од Кривичниот законик.

МВР продолжува со преземање мерки за целосно расчистување на сите регистрирани настани и постапување согласно законските надлежности, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Напред, либералдемократи!“ – Зајкова побара проверка на потеклото на имотот на сите функционери од 1991 година наваму

Деветтиот конгрес на Либерално-демократската партија (ЛДП), се одржа во Скопје под слоганот „Напред, либералдемократи!“ .

„Напред, либералдемократи!“ – Зајкова побара проверка на потеклото на имотот на сите функционери од 1991 година наваму

На Деветтиот конгрес на Либерално-демократската партија (ЛДП), кој се одржа во Скопје под слоганот „Напред, либералдемократи!“ на која присуствуваа над 400 делегати и претставници од политичките партии, граѓанските организации, дипломати и останати гости , Моника Зајкова побара да се испита потеклото на имотот на сите избрани и именувани функционери од осамостојувањето до денес. Таа предложи да се утврди што поседувале пред да стапат на функција, што стекнале потоа и дали стекнатиот имот одговара на нивните законски приходи.

„Родена сум во 1991 година, годината кога Македонија ја стекна својата независност. Токму од таа година барам да се испита потеклото на имотот на сите избрани и именувани функционери, по јасни законски правила и без селективност“, рече Зајкова. Таа нагласи дека проверката треба да ги опфати и функционерите од ЛДП. „И за нас да важат истите правила“, порача Зајкова.

Зајкова зборуваше и за условите што им се потребни на младите за да изградат живот во Македонија. Го посочи субвенционираниот студентски оброк како пример за иницијатива на ЛДП што станала законско решение. Како следни чекори ги издвои усогласувањето на износот на субвенцијата со трошоците за живот и поддршката за младинското претприемништво. Млад човек не треба да избира меѓу својата професија и својата држава“, рече пред присутните Зајкова.

Свења Хан, претседателка на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ) и европратеничка од Германија, во своето видеообраќање ја нагласи поддршката за европската перспектива на Северна Македонија. Хан порача дека земјата ѝ припаѓа на Европа и дека нејзиниот пат кон членство во Европската Унија мора да остане веродостоен и остварлив.

„Ви го честитам вашиот деветти конгрес. ЛДП со години ги брани либералните вредности во Северна Македонија“, потенцираше Малик Азмани, потпретседател на АЛДЕ и европратеник од Холандија.

Ирена Јовева, европратеничка од Словенија од движењето „Слобода“, се осврна на европската интеграција на земјата и на местото на македонскиот јазик и идентитет во Европа.

„Европската иднина на Македонија не смее да биде заложник на билатерални спорови. Но исто така не смее да биде ни заложник на домашни политички пресметки. А македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се пречка за европската иднина. Тие се дел од неа“, истакна Јовева.

На конгресот се обратија и Дејвид Чалмерс, претседател на Федералниот комитет за меѓународни односи на британските Либерални демократи, и Маријана Пуљак, пратеничка во Хрватскиот сабор и претседателка на хрватската партија „Центар“.

„Без разлика дали Британија е во Европската Унија или надвор од неа, вашата партија има силен и сигурен пријател во британските Либерални демократи. Можеби сме во различни фази на нашиот европски пат, но споделуваме исти вредности, многу заеднички цели и визија за Европа во која сакаме да живеат идните генерации“, рече Чалмерс.

„Хрватското искуство нè научи на важна лекција. Влезот во Европската Унија е голема пресвртница, но градењето вистински европско општество е процес што никогаш не завршува. Европа значи слобода, владеење на правото, независни институции и еднакви можности за сите. Тоа се вредностите што нè поврзуваат како либерали“, додвлече Пуљак.

Меѓу меѓународните гости беа Јоана Павел од АЛДЕ, Балинт Ѓеваи од Европскиот либерален форум, Кинче Силаш од унгарското движење „Моментум“, Есад Шаиновиќ и Амар Боранчиќ од Либералната партија на Црна Гора, Миодраг Влаховиќ од „Слобода и демократија“, Арис Мовсесијан од Движењето на слободни граѓани и Андреа Беседеш Наѓ, пратеничка во Народното собрание на Србија, како и Елиза Хоџа, Бернард Никај и Бесиане Мусмурати од Демократската партија на Косово. Присуствуваа и претставници на домашните политички партии од власта и опозицијата, дипломатскиот кор, граѓанските организации и медиумите.

За придонесот во создавањето и развојот на партијата, ЛДП постхумно им додели плакети на Филип Аврамчев и Велимир Кузмановски. Плакети им беа врачени и на проф. д-р Владимир Петрушевски, Драган Малиновски, Доне Глигориу, Тома Глигориевски и проф. д-р Никола Пановски.

Во работниот дел на конгресот делегатите избираат претседател на ЛДП, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер