ЗабаваМанекенката тврди дека има совршено тело: Кога ќе ја видите целосно, ќе останете без текст (фото)Дваесет и седумгодишната манекенка Алериа Авендано од Венецуела не крие дека направила повеќе од 20 естетски зафати. Своето тело го нарекува совршено. Алерија Авендано во целост го сменила својот изглед, и постигнала тело со нереални пропорции. Освен тоа што четири пати ги оперирала градите, направила две корекции на носот, ставила импланти во задникот, Алериа има и вештачки заби. YA PRONTO EN MEXICO❤️AMO TANTO MI PAÍS QUE NO DESEO IRME POR MI GENTE Y POR PERSONAS ESPECIALES QUE SE HAN ROBADO MI ❤️BESOS A TODOS LOS ADORO❤️❤️❤️ MAQUILLAJE @jor_lopez_makeup PEINADO @rigoparra_99 fotografía @luigipatti cabello @ivocontreras A post shared by 👑 (@aleiraoficial_sexy) on Dec 5, 2017 at 1:55pm PST Што се однесува до струкот, кој е највпечатлив поради тенкиот изглед, манекенката тврди дека не вадела ребра туку со помош на корсет го стеснила обемот. Наводно носела корсет седум години. LA 👑 QUE OPINAN CABELLO LARGO O CORTO❤️ A post shared by 👑 (@aleiraoficial_sexy) on Dec 5, 2017 at 7:54am PST Таа операциите не сака да ги крие од луѓето, а смета дека само најсилните и најубавите жени одат на пластични операции. После се шот направила, Авендано е презадоволна со својот изглед и изјавува дека има совршено тело. A post shared by 👑 (@aleiraoficial_sexy) on Oct 12, 2017 at 8:10pm PDT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИзвештајот на ЕК пред Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграцииИзвештајот на Европската комисија за земјава денеска ќе се најде пред членовите на на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, коишто ќе одржат заедничка седница.Во годишниот извештај е констатиран напредок во спроведувањето на реформската агенда и планот за раст, стопроцентна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како и напредок во дигиталната трансформација и науката. Денеска предмет на собраниска расправа е и работната верзија на предлог-законот за организација и работа на органите на државната управа, во организација на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, во рамки на 90. седница. Предложеното законско решение ги опфаќа организациската поставеност, надлежностите и начинот на функционирање на органите на државната управа, како дел од извршната власт.Тагови: ЕК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во АтинаМинистерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска престојува во Атина, каде ќе учествува на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“.Учеството на Муцунски е на покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, а состанокот ќе биде посветен на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и можностите за забрзување на нивниот пристапен процес кон Европската Унија. Во Атина е Афродита Рамос. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ излегува на терен со кампања Очи в очи со народотВМРО-ДПМНЕ почнува активности на терен, односно оди во сите населени места да се сретне со граѓаните.До крајот на годината претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ почнуваат интензивни посети на општинските комитети на партијата. ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија смета дека само на директни средби може да се слушне реалната ситуација или постојат работи што не можат да се разберат од извештаи, статистики и состаноци зад затворени врати. На средбите ќе се разговара за реализираното, дали е испочитуван рокот бидејќи само така може да следат резултати. А тоа е начин и за подобро функционирање на надлежните и поголемо задоволство кај граѓаните. Целта е едноставна, да се разговара и да се слушне од граѓаните за она што функционира и за она што не функционира. ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која смета дека напредокот мора да се види во реалноста, бидејќи нема доверба без почит, нема подобро без работа што може да се измери. И ВМРО-ДПМНЕ нема да сопре тука, на пролет продолжува со трибини меѓу граѓаните од село во село, од град во град, сè со една цел подобра иднина за секој еден граѓанин. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33