Манекенката Шарлот им направи забава на папараците (ФОТО) - Канал 5

Манекенката Шарлот им направи забава на папараците (ФОТО)

Манекенката и актерка која се здоби со светска слава како ѕвезда на Инстаграм, Шарлот Мекини, се опушти на одмор во Мајами и им приреди забава на  папараците.

Манекенката Шарлот им направи забава на папараците  (ФОТО)

Уште од моментот кога се појави во рекламата за хамбургери во 2015 година „ All Natural Burger “ емитувана за полувремето на „Супербоул“, Мекини не престана да привлекува внимание. Така, 26-годишната манекенка во саботата беше во центарот на вниманието додека се опушташе на одмор во Мајами.

Убавицата ја бараше идеалната позиција за лежење покрај базенот во минијатурно црно бикини, со што покажа можеби и повеќе отколку што сакаше.

Мекини е родена во Орландо, Флорида. Таа не завршила училиште затоа што на 17 години го напушти образованието и се посвети на манекенството.

Бидејќи немаше многу среќа со агенциите, реши да се промовира преку Инстаграм и успеа. Нејзиниот атрактивен профил заврши во магазинот Esquire, проследено со светски успех и ангажман за познати глобални брендови. Таа се појави во адаптација на ’Baywatch’ и денес има 1,4 милиони следбеници на Инстаграм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Фактите ја рушат паниката која сака да ја шири талогот на СДС од јахта на Паљури

Фактите ја рушат паниката која сака да ја шири талогот на СДС од јахта на Паљури, институциите покажаа дека системот функционира, проблемите се решаваат

ВМРО-ДПМНЕ: Фактите ја рушат паниката која сака да ја шири талогот на СДС од јахта на Паљури

За човек да ја види политичката матрица на талогот на СДС, не е потребно многу време, толку се површни, што потребни се неколку дена.

Начинот им е следен. Прво создаваат сомнеж, потоа шират паника и дезинформации, и кога на крај со факти ќе стигнат демантите од надлежните институции, од талогот на СДС кој со умисла го прават тоа, нема ниту извинување, ниту одговорност.

Таквото однесување на талогот на СДС, не е однесување на одговорна опозиција, туку обид со умисла, преку создавање недоверба на граѓаните во институциите, да се добиваат евтини политички поени.

Во изминатиот период беа пласирани тврдења поврзани со безбедноста на водата во Скопје, кои со факти, документи и докази беа демантирани од надлежните институции. Во меѓувреме, последните испитувања во Гостивар покажаа дека водата повторно е безбедна за пиење, а институциите продолжуваат да ја следат состојбата.

Наместо да ги поздрави информациите дека проблемот е надминат, предавничката СДС и талогот кој останал во неа, продолжува со обиди да создава сомнеж и вознемиреност кај граѓаните.

Тука се поставува едноставно прашање, зошто на СДС му смета и се спротивставува на секое потврдување дека институциите функционираат и дека проблемите се решаваат?

Многу е очигледно дека, без конкретна политика и решенија, со многу проблеми, во страв и хаос, СДС единствено се обидува од секоја тема да создаде политичка криза.

Граѓаните заслужуваат точни информации и факти, а не сценарија за создавање страв и паника кои ги креираат пајташите на СДС, и тоа додека Венко Филипче со неговиот ментор, Зоран Заев уживаат на јахтата во Паљури, во Грција.

Водата во Гостивар е безбедна за пиење, состојбата се следи, а политичкото профитирање преку ширење паника не може да ја замени одговорната политика.

СДС треба да разбере дека довербата кај граѓаните се гради со факти, одговорност и решенија, а не со ширење хистерија, дезинформации и со измислени кризи.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ Повторно поскапување на горивата – според Мицкоски граѓаните „нема да го почувствуваат“ бидејќи сме „трета економија во Европа“

Од денеска бензините поскапуваат за 4,5 денари, а дизелот за 6,5 денари.

СДСМ Повторно поскапување на горивата – според  Мицкоски граѓаните „нема да го почувствуваат“ бидејќи сме „трета економија во Европа“

Владата повторно не презеде ниту една мерка да го ублажи ударот.

Ниту навреме, ниту сега.

Нема намалување на акцизата.

Нема привремена интервенција.

Нема ниту обид да се заштити животниот стандард на граѓаните.

Ова е директна последица на катастрофалната економска политика што ја води Христијан Мицкоски и неговата влада.

Додека Мицкоски се фали со статистика и зборува за „трета економија во Европа“, граѓаните плаќаат сè повеќе за гориво, за храна, за сè.

Поскапувањето на горивата директно удри врз:

• цена на основните производи,

• трошоци на земјоделците,

• транспорт,

• трошоци на работниците кои секојдневно патуваат.

Владата имаше можност да реагира. Не реагираше.

Затоа што на оваа власт ѝ е полесно да ги пушти граѓаните да платат, отколку да ја понесе одговорноста за сопствената економска политика.

Граѓаните го чувствуваат секој ден.

На каса.

На пумпа.

Во празниот паричник.

Тоа е вистинската статистика за Мицкоски.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директор во ФИФА поради критики кон Инфантино добил отказ

ФИФА го отпушти еден од своите високи функционери, главниот оперативен директор Кевин Ламур, откако тој јавно го критикуваше планот на претседателот Џани Инфантино за продажба на удел во Светското првенство.

Директор во ФИФА поради критики кон Инфантино добил отказ

Ламур претходно изјави дека вработените во организацијата биле „доведувани во заблуда“ и дека „заслужуваат подобро од презир и заплашување“ поради недостатокот на транспарентност кај Инфантино, пренесува „Скај њуз“. ФИФА одби да ги коментира условите под кои замина Ламур.

Во кратко официјално соопштение, портпаролот изјави: „ФИФА потврдува дека работниот однос меѓу ФИФА и Кевин Ламур, главниот оперативен директор на организацијата, заврши на 17 август 2026 година. ФИФА му се заблагодарува на Кевин за неговиот двегодишен ангажман и му посакува сè најдобро во иднина“. Вработените во ФИФА беа известени за неговото заминување синоќа. Отпуштањето се случи истиот ден кога Инфантино ја загуби и поддршката од Шкотската фудбалска асоцијација.

Генералниот секретар на ФИФА, Матијас Графстром, испрати писмо до потпретседателите и членовите на Советот во кое ја објасни ситуацијата.

„По неодамнешните разговори, ФИФА и нашиот главен оперативен директор Кевин Ламур се договорија да ги прекинат меѓусебните работни односи. Оваа одлука е донесена по внимателно разгледување и со голема почит кон Кевин, како на личен, така и на професионален план“, се наведува во писмото.

Графстром исто така го истакна придонесот на Ламур. „Кевин ѝ се приклучи на ФИФА во ноември 2024 година и раководеше со период на значајни промени, при што ги подобри односите со засегнатите страни и реализираше неколку важни заеднички проекти, покрај бројни други клучни достигнувања. Го гледавте Кевин на секоја седница на Советот на ФИФА од неговото назначување во 2024 година, а многумина од вас редовно соработуваа со него на разни проекти.“ „Сметав дека е важно лично да ве информирам за ова. Би сакал да му се заблагодарам на Кевин за неговиот придонес, неговата работа и секојдневната посветеност кон ФИФА. Му посакувам сè најдобро во иднина“, заклучи Графстром.

Инфантино инаку се соочи со силен отпор во фудбалскиот свет поради планот за продажба на удели од Светското првенство на фондови за приватен капитал. Тој на крајот го повлече предлогот вреден 20 милијарди долари по жестокото противење, при што УЕФА дури и се закани со бојкот на сите натпреварувања на ФИФА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер