Манекенката Хајди Клум се тестирала , откако добила симптоми на Ковид-19

Манекенката Хајди Клум  објави дека се сомнева дека е заразена со коронавирус.

"Чувствувам треска, имав температура и носот ми тече. Не се чувствувам добро и останав дома да не заразам други луѓе", призна таа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Day 14 of staying H❤️ME #covid_19negative

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) on

И таа и нејзиниот сопруг Том Каулиц биле тестирани за коронавирус, а Хајди сподели на Инстаграм дека пристигнале резултатите од тестот.

„Јас сум многу подобро, ви благодарам на сите. Само што имав посилна настинка што сè уште се обидувам да ја преболам. Им праќам многу љубов на сите“, напиша таа.

Хајди била тестирано пред десетина дена и беше изолирано во луксузна вила додека ги чекала резултатите.

Негативен е тестот и на нејзиниот сопруг, 30-годишниот музичар Том Каулиц. Двојката неодамна ја прослави својата прва годишнина од бракот.

притисни ентер