ЗабаваМанекенка за скандалозниот живот на врвот: Заведов 44 години постар мажМлада полска манекенка раскажува непријатни детали за едно од најмоќните семејства во модната индустрија.Полската манекенка Џастина Монде (25) раскажува за врската со Мохамед Хадид (70) , милијардер и татко на модните дизајнерки и манекенки Џиџи и Бела Хадид , кои се на врвот на модната индустрија. Таа три години била во врска со стариот Хадид и од 2014 до 2017 патувала со него низ цела Европа. Во тоа време тој бил верен за ријалити ѕвездата , 36 годишната Шива Сафаи. На почетокот ја криел веридбата од полската манекенка , но подоцна и признал дека и така нема намера да се жени со неа. Џастина личи на неговата 23 годишна ќерка Џиџи , која била иницијатор на врската. За да биде скандалот поголем , Џастина на британските медиуми им откри и дел од преписката со милијардерот. Вели дека патувале и во нејзиниот роден Вроцлав , каде манекенката имала роднини. Кога дознале ќерките за врската , им наредиле веднаш да прекинат , но Џастина уште неколку месеци била во врска со милијардерот , кој има меѓународен бизнис со недвижности.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба08:59Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба08:59
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
БалканГрција им ги забранува социјалните мрежи на помладите од 15 години Грчкиот парламент донесе закон со кој им се забранува на децата под 15 години да користат социјални мрежи. Законот, кој стапува на сила на 1 јануари 2027 година, беше донесен поради растечката загриженост за влијанието на овие платформи врз здравјето и безбедноста на малолетниците, објави Ројтерс. Премиерот Киријакос Мицотакис изјави дека платформите имаат рок од два и пол месеци да развијат систем за проверка на возраста на корисниците и да обезбедат заштита на нивната приватност. Грција е една од седумте земји-членки на Европската унија кои соработуваат со Европската комисија за решение за проверка на возраста на корисниците. Greece passes social media ban for children under 15 https://t.co/QdfBz2ixXo — Economic Times (@EconomicTimes) October 23, 2026 Слични мерки веќе се забележани во светот. Минатата година, Австралија стана првата земја што законски го ограничи пристапот до социјалните медиуми за малолетници. Во Франција, пак, Уставниот суд го поништи таков закон во август. Помагање на родителите во борбата против зависноста Владата нагласува дека со овој потег сака да им помогне на родителите во потиснувањето на таканареченото бесконечно скролување. Тие наведуваат дека овој феномен ги лишува децата од сон, ја нарушува концентрацијата и го одзема времето од поминувањето време со пријателите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоДенеска променливо облачно со дожд претпладне и сончево попладнеВремето денеска ќе биде претпладне променливо облачно, а потоа сончево со мала облачност, информираат од УХМР.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) 3 Попова Шапка, 5 Лазарополе, 6 Маврови Анови, Битола, Крушево, 7 Крива Паланка, 8 Берово, Претор, 9 Охрид, Виница, Прилеп, 10 Куманово, Тетово, Штип, Струмица, 11 Скопје-Зајчев Рид, 12 Велес, Кавадарци, Демир Капија, Скопје-Петровец, 14 Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2) 21 Крива Паланка, 9 Виница, 8 Берово, 4 Куманово, 1 Штип, Лазарополе. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно, во утринските часови ќе има повремен локален дожд, а во текот на денот ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 24 степени. Во Скопје, претпладне променливо облачно, а потоа сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинчев: 23 Октомври е ден што нѐ потсетува на идејата за слободна Македонија23 Октомври е ден што нѐ потсетува на идејата за слободна Македонија, на храброста на оние што се бореа за неа и на одговорноста што ја носиме денес кон идните генерации.Идеалите на македонските револуционери се трајна обврска да ја чуваме слободата, да го градиме единството и да создаваме општество во кое правдата, достоинството и еднаквите можности се темел на заедничката иднина. Нека нивната борба биде поттик да продолжиме со верба, одлучност и посветеност кон силна, просперитетна и демократска држава, во која секој граѓанин ќе може да ја препознае својата иднина. Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! Срдечно, Горан Минчев Министер за јавна администрацијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter