3Јаневска: Поголема безбедноста на младите во сообраќајот преку координирано делување на училиштата, институциите, семејствата...
3Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплата
ЖивотМанекенка на удар на јавноста, откако објави фотографија со бурка: Извинете, не гледам вестиМанекенката, актерка и активистка Лили Кол се извинила зашто објави фотографија на која позира во бурка со намера да ја промовира својата нова книга, пишува Би -Би -Си.Кол рекла дека разбира зошто фотографијата ги вознемирила луѓето и сака да се извини ако повредила некого. Критичарите велат дека позирањето во облеката што ја носат некои муслимански жени не е препорачливо со оглед на сегашните немири во Авганистан. Кол ја објавила фотографијата додека Авганистан бил преземан од талибанците, а се бранеше со тоа дека не гледала вести и не знаела што се случувало во тоа време. View this post on Instagram A post shared by ɭเɭץ ς๏ɭє (@lilycole) На една фотографија, таа позира со сина бурка која го покрива лицето и телото, а на друга ја отстранила бурката и го открива лицето. „Ја прифаќаме различноста на сите нивоа - биодиверзитет, културна разновидност, разновидност на мислења, разновидност на гласови, разновидност на идеи“, напишала таа тогаш. Колумнистката на Тајмс, Џенис Тарнер ја обвини Кол дека „го става Инстаграм пред универзалните човекови права“, а Анјум Пербакос, ко-основачка на подкастот Хиџаби рече дека фотографиите се одраз на непочитување. "Тоа не е моден додаток. Таа облека е верски симбол и се носи и се користи како таков", рекла таа. ✱ Model Lily Cole criticised for wearing burqa to promote new book #skynews #BreakingNews #PleaseRetweet ➯➯➯ https://t.co/7kABaQZ1T5 pic.twitter.com/iu4eR3Hhfd — Mary Ferrer (@alfabeto) August 17, 2021 Кол подоцна ја избришала фотографијата и се извинила за нејзината приказна на Инстаграм. "Оваа недела објавив стари фотографии на кои носам бурка позајмена од пријателка. Не ги читав вестите во моментот кога ги објавив, па тајмингот воопшто не беше добар и ви благодарам што ми укажавте на тоа. "Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
СветАмерикански маринец загинал за време на воена вежба во ЈапонијаАмерикански маринец починал по инцидент за време на воена вежба на јапонскиот остров Окинава.Оваа информација денеска ја објави „Еј-Би-Си њуз“, а ја потврди и Корпусот на маринци на САД. 3-тата дивизија на маринците издаде соопштение во врска со настанот. „Со голема тага ја објавуваме смртта на еден маринец по инцидент за време на обука во кампот „Шваб“ на Окинава, што се случи на 3 ноември 2026 година“, се наведува во соопштението на дивизијата, пренесе Ројтерс. Фото: ВИТагови: маринец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаЅвезда нема да го пушти Крис Џонс!Старо-новиот грчки кошаркарски великан, ПАОК испрати фантастична понуда во вредност од 3.000.000 евра за плејмејкерот на Црвена ѕвезда, Крис Џонс, објави грчкиот портал SDNA. Сепак, „црвено-белите“ немаат намера да се откажат од еден од своите најдобри играчи. Џонс има важечки двегодишен договор со клубот од Мали Калемегдан и нема дозвола да го напушти тимот. Американецот пристигна во Ѕвезда минатото лето од Хапоел Тел Авив и брзо стана еден од најважните играчи во тимот. Во Евролигата, Џонс има просек од 8,8 поени и 5,9 асистенции. Според тоа, ПАОК ќе мора да побара друго засилување на позицијата плејмејкер.Тагови: Евролигата Црвена ѕвезда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПретседателот на САД најде нов виновник за целосниот дебакл и жестоко го нападна Претседателот на САД, Доналд Трамп најде нов виновник за изборниот дебакл на републиканците на американските избори на средината од мандатот–телевизиската мрежа „Фокс њуз“, која некогаш ја сметаше за еден од своите најголеми сојузници.Откако демократите ја презедоа контролата врз двата дома на Конгресот, американскиот претседател во средата остро ја нападна една конзервативна телевизиска станица, обвинувајќи ја дека придонела за поразот со тоа што редовно ги канела демократите во својата програма. Тој беше особено разгневен од гостувањето на поранешниот градоначалник на Њујорк, Бил де Блазио, кого жестоко го нападна во објава на социјалните мрежи. „Зошто ’Фокс њуз‘ (Fox News) го држи во програма Бил де Блазио, најлошиот градоначалник во историјата на Њујорк, додека тој беснее и брбори како лудак? Тој го напушти градот со срам, а штетата што ја направи е немерлива – градот никогаш повеќе не беше ист, а сега тој ни кажува како да ја водиме Америка“, напиша Трамп. Потоа тој директно го обвини „Фокс њуз“ за изборниот неуспех на републиканците, префрлајќи ѝ на телевизијата што ги канела политичките противници во програмата. „Fox News сноси одговорност за овие порази бидејќи постојано и упорно им дава простор на опозиционерите од редовите на ’глупократите‘ (dumbocrats) и оние уште полошите. БОГ ДА ЈА БЛАГОСЛОВИ АМЕРИКА! Претседател ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, заклучи американскиот претседател во својата објава. Инаку, Трамп претходно им честиташе на демократите за нивниот успех на меѓумандатните избори одржани во вторникот и призна дека врз поразот на републиканците влијаело и прашањето за Иран, додека демократите се подготвуваат да ја преземат контролата врз Конгресот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter