Мандатот на Богов истекува утре, предлогот за Ангеловска-Бежоска пред пратениците

 Утре истекува седумгодишниот мандат на гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов.

Според предлогот на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој треба да биде поддржан од најмалку 61 пратеник во Собранието, Богов треба да го наследи Анита Ангеловска-Бежоска.

Според собраниски извори предлогот за гласање треба да биде ставен на дневен ред на утрешната собраниска седница која е веќе закажана. Предлогот според најавите треба да добие поддршка. СДСМ, како што изјави деновиве координаторот на пратеничката група Томислав Тунтев, позитивно гледа на новиот предлог на претседателот Иванов.

- Лично сметам дека Ангеловска Бежоска, која е докажан експерт и професионалец во својата област, ја заслужува нашата поддршка, посочи Тунтев. Од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека новиот предлог ќе го разгледаат и дополнително ќе се произнесат, додека ДУИ не го изнесе ставот во врска со предлогот Ангеловска - Бежоска да биде нов гувернер на НБРМ.

Анита Ангеловска-Бежоска на оваа функција ќе дојде од вицегувернерско место во НБРМ, каде осум години беше задолжена за областите монетарна политика, истражување и статистика, а по втор пат за вицегувернер е избрана во септември 2017 година, кога добила поддршка во Собранието од 97 пратеници.

Претседателот Иванов смета дека Анита Ангеловска-Бежоска, која доаѓа од редот на професионалците и раководните структури на Народната банка на Република Македонија е решение за гувернерската позиција, со кое би се продолжил континуитетот на позитивното работење и успешното водење на монетарната политика на Република Македонија.

Предлогот Ангеловска-Бежоска да биде гувернер на НБРМ следуваше откако Богов, кој иако претходно беше предложен за втор мандат од страна на Иванов, ја повлече кандидатурата под влијание на, како што кажа, реакциите и роковите за избор на гувернер.

- Во оваа пригода би сакал да му се заблагодарам на претседателот на Република Македонија, проф. д-р Ѓорге Иванов за довербата што ми ја даде со моето повторно предложување за прв човек на Народната банка, што за мене лично претставува валоризација на сработеното во изминатите седум години. Имајќи ги предвид реакциите на дел од чинителите на политичкиот живот во Република Македонија, моменталната политичка констелација и роковите за избор на гувернер, во интерес на државата се повлекувам од кандидатурата за гувернер на Народната банка, за што веќе го известив претседателот на Република Македонија, наведе Богов во допис со кој се повлече од кандидатурата.

Претседателот Иванов на 27 април 2018 година го достави предлогот до Собранието со кој повторно го предложи Димитар Богов за гувернер на НБРМ. Предлог, кој, како што се изјасни парламентарното мнозинство и ДУИ, нема да добие поддршка во Собранието и нема да биде изгласан, а во функција на надминување на состојбата се одржа и средба меѓу премиерот Зоран Заев и Ѓорге Иванов. На средба одржана на 7 мај беа согласни дека НБРМ не смее да се остави без гувернер.

Новиот предлог на Иванов следеше откако доби писмено известување од Димитар Богов дека се повлекува од кандидатурата за гувернер на НБРМ, кој го достави до Собранието на 16 мај.

Анита Ангеловска Бежовска треба да биде петтиот гувернер на Народната банка на Република Македонија и прва жена на оваа позиција.

Тренерот на младинците ќе го води Јувентус до крајот на тековната сезона

Тренерот на тимот на Јувентус до 21 година, Паоло Монтеро ќе го предводи сениорскиот тим до крајот на сезоната, објави клубот од Торино на својот официјален сајт.

Педесет и двегодишниот Уругваец ќе го претставува тимот на натпреварите против Болоња и Монца.

Досегашниот тренер Масимилијано Алегри пред два дена доби отказ и покрај освоениот трофеј во Купот на Италија.

Алегри беше на чело на Јувентус од мај 2021 година. Под негово водство тимот освои 80 победи, 34 пати ремизираше и претрпе 35 порази.

На две кола пред крајот на сезоната во Серија А, Јувентус е на четвртото место со 67 бодови. /МИА

Во поплави во авганистанската провинција Фарјаб уште 18 лица го загубија животот

Во поплави кои повторно ја зафатија северната авганистанска провинција Фарјаб уште 18 лица го загубија животот, а двајца се повредени, соопшти Министерството за бегалци, цитирано од ДПА.

Уништени или оштетени се стотици куќи, близу 200 хектари земјоделско обработливо земјиште, над 100 дуќани, амбуланта. Угинаа и животни на фарма, се вели во соопштението на Министерството.

Поплавите ја влошија и така тешката хуманитарна криза во Авганистан, зголемувајќи го бројот на жртви од многуте природни катастрофи што ја погодија земјата во последниве години.

Властите во централната провинција Гор вчера соопштија за најмалку 50 смртни случаи како резултат на обилните дождови и поројните поплави кои блокираа голем број клучни патишта во областа. Слична загриженост изразија и властите во провинцијата Бадакшан, каде што надојдените води блокираа главен пат.

Претходно оваа недела, поплава ја зафати северната провинција Баглан и животот го загубија повеќе од 300 луѓе, јави ДПА. /МИА

Мицкоски: Ќе водиме принципиелна политика со соседите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар Христијан Мицкоски денеска најави водење принципиелна политика со соседите. 

Како идна Влада, како што рече, на денешното одбележување на годишнината од Разловечкото востание, коалицијата „Твоја Македонија“ ќе се залага за принципот „своето не го даваме, туѓото не го сакаме“, потенцирајки дека нема да се прават избрзани чекори, кои можат „многу“ да ја чинат државата.

-Вие сте свесни дека дека против природата не можеме, како народ сме од најмалубројните народи во Европа. Организацијата која што има често и привилегијата да ги брани интересите на еден од најмалобројните народи во Европа - македонскиот народ, треба да е мудра. Не треба да правиме избрзани чекори кои што може да не чинат многу. Подобро да се придвижуваме за милиметар, но тој чекор да биде цврст. Мора да сме трпеливи, мора да сме попаметни, тројно попаметни од сите и помудри, затоа што само така можеме да опстанеме во круг на многу предатори кои што верувајте не сакаат да ја видат Македонија успешна, не сакаат да ја видат Македонија просперитетна, среќна, Македонија полна со граѓани кои што се задоволни. Тоа го видовте уште во првите денови кога ние не бевме се уште разбудени од оној историски резултат на 8 мај, а веќе почнаа страстите да се вжештуваат, но не само наоколу туку и дома, рече Мицкоски.

Како идна Влада, додаде, победничката коалиција е подготвена сите тие предизвици да ги совлада, како што рече, трпеливо и со паметна политика која како таква политика ќе се води со соседите.

-Ве повикуваме на градење мостови, ги повикуваме сите на заедничка соработка во рамките на овој наш преубав Балкан. Што се однесува до меѓународната политика нема никогаш да не видите како коленичиме, како се вовлекуваме или како се понижуваме самите себе. Имав можност изминативе години да среќавам светски авторитети од Вашингтон преку Брисел и Берлин и останатите светски важни главни градови. Ништо повеќе за мене не е инспиративно отколку овој преубав македонски народ и ова преубава наша македонска држава, така што ќе имаме и кон нив една политика која што ќе се темели на аргументи, бидејќи никогаш не се плашиме да ги вкрстиме нашите аргументи со аргументите на нашите соговорници, додаде Мицкоски.

Мицкоски отфрли какво било беспотребно иритирање кон соседите, напоменувајќи дека сепак треба да се почитува елементарното човеково право кое е загарантирано.

притисни ентер