Манчевски: Вработувања во администрација по распишувањето на изборите е прекршување на законот

Вработувања во администрација и државни институции по распишувањето на изборите е прекршување на законот дециден е министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Вработувања во администрација и државни институции по распишувањето на изборите е прекршување на законот дециден е министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, откако антикорупциска отвори случај за вработувањата во агенцијата за медиуми.

Со новиот закон за висока раководна служба, Манчевски очекува да се намалат ваквите случаи.

Објавена е снимка на осомничениот за атентат врз Фицо- открива кога се решил да го нападне

Словачката телевизија Та3 успеала да добие видео од маж кој полицијата го приведе по обидот за убиство на премиерот Роберт Фицо.

Еве што изјавил осомничениот пред рочиштето.

„Не се согласувам со политиката на владата. Дали медиумите се ликвидирани, зошто се напаѓа РТВС?“ вели тој додека рацете му биле врзани зад грб.

Од говорот на видеото се гледа дека осомничениот пред еден месец одлучил да нападне, јави Та3.

Телеграф.рс не можеле да ја потврдат автентичноста на снимката.

Силјановска-Давкова изразила загриженост за атентатот врз Фицо во телефонски разговор со Маркуш

Кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова попладнево остварил телефонски контакт со амбасадорот на Република Словачка Хенрик Маркуш. 

Дознаваме дека кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова попладнево остварил телефонски контакт со амбасадорот на Република Словачка Хенрик Маркуш при што била изразена загриженост за здравствената состојба на премиерот на Словачка Роберт Фицо и неговото семејство.

Од кабинетот на Силјановска Давкова ја потврдуваат информацијата според која во разговорот со словачкиот амбасадор била изразена надеж за брзо закрепнување на Фицо и искрена поддршка за Словачка и граѓаните на оваа пријателска земја.

Бујар Османи во „Само Интервју“

Дами и господа, утре во Само Интервју ќе гостува Бујар Османи, потпретседател на ДУИ и се уште актуелен министер за надворешни работи... 

Ќе биде ли пирова победата на Европскиот фронт, кој освои 30.000 гласа повеќе од Вреди?

Кој ќе ја бара Мала Речица на гугл мапс, а кој Идризово? Дали кексите и млекото ќе му преседнат на Али Ахмети?

Ќе се помири ли ДУИ со одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да прави коалиција со албанската опозиција, или ќе се бараат „чизмите по таваните“?

Има ли или нема потпишан договор помеѓу Вреди и ДУИ за уставните измени? Кои се алтернативите за францускиот предлог, и што доколку и новата влада како и Сиљановска не користи „Северна“...

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува Бујар Османи, по вестите во 18 часот.

притисни ентер