Манчевски: Со Законот за високо раководна служба до целосна деполитизација на јавниот сектор

Влегуваме во реализација на сериозни проекти.

Првиот е реорганизација и оптимизација на институциите на системот, тоа значи воведување ред на хаосот што со децении бил создаван во институциите, и втората работа е создавање крупни чекори кон целосна деполитизација на јавниот сектор, а тоа е Законот за високо раководна служба, изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на денешната завршна Конференција „Како понатаму? Реформите на јавната администрација по јунскиот Европски Совет" во Скопје.

Тој појасни дека денешниот настан е уште еден од серијата настани што во соработка со Граѓанско општество ќе ја следат имплементацијата на Стратегијата за реформи на јавната администрација и воопшто реформите на јавната администрација.

Според Манчевски, Стратегијата за реформа на јавната администрација е голема и има многу активности во акцискиот план што будно се следи од страна на граѓанскиот сектор.

– За нас ова е многу важен настан затоа што едно е да се слушне од надворешен аспект како се одвива имплементација, но навистина треба да ги слушнеме и препораките, критиките од граѓанските организации. Јас сакам да го поздравам начинот на кој што се следи имплементацијата и од страна на граѓанските организации, нас ни е навистина битно нивното мислење со цел да обезбедиме подобра реализација на активностите и во следниот период, рече Манчевски.

Љупчо Петковски, извршен директот на „Евротинк-Центар за европски стратегии" рече дека нашата држава не доби датум за преговори во јуни, но многу е извесно да добие во октомври.

– Самиот наслов на оваа Конференција е малку провокативен, но на некој начин и поразителен, затоа што нашите внатрешни работи не треба да зависат само од поттикот што ни се дава од надвор, од нас треба да зависи дали ние ќе ја средиме јавната администрација или не. Мислам дека најголема работа што е направена е усвојување на Стратегијата за реформата на јавната администрација која важи четири години, една година помина, помина времето на консолидација, сега треба да дојде времето на резултати, истакна тој.

Според него, треба и новинарите, граѓанските организации и државните чинители да прават притисок врз Владата и да видат како таа Стратегија ќе се остварува, зашто во крајна линија најважно е граѓаните да почувствуваат некаков бенефит.

На новинарското прашања колку според него треба да биде бројот на вработени во администрацијата, тој одговори дека ситуацијата е парадоксална.

– Мислам дека прашање на бројки не е единственото важно прашање кога станува збор за јавната администрација. Ако ја споредиме државата со Словенија ќе забележиме дека Словенија има голема јавна администрација и јавен сектор, но исто така има и бесплатни добри услуги, добро образование, социјална држава. Прадоксална е ситуацијата. Во некои клучни сектори има премалку вработени, во некои не толку клучни сектори има премногу вработени. Повеќе е прашање на баланс, појасни Петковски.

Францускиот амбасадор, Кристиан Тимоние изјави дека во однос на реформите што се исполнети, направена е исклучителна квалитетна работа на запис на редакција на администрацијата, на запишување на админстрацијата, но според него, треба да бидат запазени критериумите на деполитизација и департизација.

– Реформите се долга и напорна работа, но ние се разбира ќе бидеме фокусирани на објективните критериуми и фактори. Франција во минатото, во моментот, но и во иднина ќе продолжи да работи на овие реформи како што се македонските реформи. Во Париз остваривме средба со високи претставници од македонските власти и свечено го затворивме семинарот што беше поврзан со низа состаноци одржани тука со една цел, а тоа е да се дојде до финален, конечен датум, изјави Тимоние.

Тој потсети дека од 2000 година е започната соработката со Вишата школа на администрација, и додаде дека претходно усвоените реформи во Париз ќе бидат усвоени во Секретеријатот за европски прашања во Владата на Северна Македонија. Според него, патот е многу долг, но и многу сигурен.

Конференција е по повод завршување на проектот „Набљудување на реформите во јавната администрација од страна на граѓанските организации", проект изведен во соработка со Евротинк, Европска Унија и 12 грантисти.

Надлежните со апел да се внимава со палење огнови на отворено за првомајските празници

Страотините слики од пламените јазици, опустошените шуми и битките со пожарите во изминативе неколку години се уште се во свежо сеќавање, а неретко причината за тоа беше и човечки фактор.

На два дена до традиционалните првомајски собири на излетничките места во природа се вклучи алармот кај институциите за внимателност, бидејќи во спротивно може да се предизвика сериозна животна опасност и материјална штета. Од ЦУК апелираат да се следат препораките за превенција, оган да се пали на дозволени места, а несовесните кои ќе ги заобиколат апелите, барем соодветно да го изгаснат огнот..

-Кога се пали оган во природа, дури и во метална скара, жарот кој се истура или останува после скарата, треба добро да се изгасне, бидејќи откако ќе си заминат излетниците, тоа може да биде фатално во случај да се појави ветер и да ја потфати сувата вегетација.- Илија Бојаровски – Центар за управување со кризи

Казните во однос на опасноста која постои од палењето на оган се несоодветни, вели првиот човек на ДЗС – Беким Максути. Бара целокупен пристап од институциите, бидејќи покренатите кривични дела за опожарување кои нанеле милионски штети на крајот завршиле со казна од 250 евра, доделена од судските органи...

-Сакам да апелирам дека, некој што може да запали оган и што може да предизвика штета од милионски суми, на крајот да заврши со казна од 250 евра мислам дека нема ни логи, нема ни човечност нема ни државност во сето тоа, значи треба да бидеме поригорозни, по стриктни по однос на овие работи.- Беким Максути – Директор на дирекција за заштита и спасување

Како и секоја година, полицијата заедно со национални шуми и овие првомајски празници ќе бидат на терен за превенција да дојде до несакани последици...

-Апелираме до граѓаните да не се палат огнови на отворено, затоа што може да биде предизвикан пожар кој може да има тешки последици, како за здравјето на граѓаните, така и за животната средина.- МВР

Како што се наближува летото и горештините, така се наближува и опасноста од евентуални пожари. Од Ер-Тракторите на ДЗС во моментов подготвен за акција е само еден, додека останатите два, еден по друг ќе се испраќаат на 45 дневна поправка. Проблем се и пилотите, ќе мора да се реактивираат двајца веќе пензионирани, додека се обучат нови, а тоа би започнало по изборите според законот. Што се однесува до останатата опрема за борба со пожари велат дека има недостатоци, но дека таа контиунуирано се подобрува.

Македонија се соочува со недостаток на сирупот „Оспен“

Со месеци го нема сирупот Оспен за деца како и дел од лековите за алергија и астма, алармираат педијатрите и родитилеите.

Педијатарката Мира Атанасова вели дека во одредени состојби каде поради зголемено АСО кај децата од бактериска инфекција и со препорака на реваматолог дека детето треба да пие Оспен сируп.

Родителите често заминуваат во други земји или нарачуваат да им се купи сирупот, бидејќи ретко кога може да се најде во Македонија. Доктор Атанасова вели дека поради одредена здравствена состојба оспенот е повеќе од потребен.

Во разговор со МАЛМЕД рекоа дека разговарале со производителот во наредниот период да има сируп Оспен. ОД МАЛМЕД објаснуваат дека дефицит со овој сируп има во цела Европа.

Вработените во фондот за здравство утре излегуваат на протест

Вработените во фондот за здравство утре повторно излегуваат на протест.

Целта како што велат е да го изразат незадоволството дека не добиле усогласување на платите со растот на минималецот. Дополнително, бараат да се донесе и вредносен бод, за да се зачуваат тие плати што ги имаат. Велат дека се разочарани од односот на управниот одбор на фондот, бидејќи членовите според нив, не сакале да изгласаат порамнување на платата.

На протестот според Деаноски ќе се бара и разрешување на управниот одбор кој обвинува дека е против барањата на вработените.

Доколку утрешниот протест на вработените во ФЗОМ не вроди со плод, синдикалците најавија штрајк од 1. Јуни. Инаку, ова не е првпат да има проблеми во Фондот за здравство. Во февруари, вработените два дена штрајкуваа поради најавата од Управниот одбор дека платите ќе им бидат намалени за 21 процент. Сепак, до такво нешто не дојде.

притисни ентер