Манчевски на форум во Мароко: Дигитализацијата на администрацијата приоритет

Јакнење на капацитетите, воведување иновации и дигитализација за поквалитетни услуги, е целта на реформите во македонските државни институции, рече денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Во обраќањето на сесијата за интегрираниот пристап за имплементирање на стратешките цели за одржлив развој на ОН на меѓународниот форум во Маракеш, Манчевски се осврна на заложбите на МИОА за транспарентен пристап во работењето и воспоставување инклузивност при креирањето на политиките.

- Министерството посветено работи на реформа во јавната администрација со цел јакнење на капацитетите на вработените при давање на услугите. Во тој процес особено важна е хоризонталната координација меѓу институциите, предизвик кој се надминува со мерките предвидени во Стратегијата за реформа во јавната администрација. Вклучувањето на сите засегнати страни во сите процеси на кои работиме е една од нашите главни заложби, и досегашната работа служи како позитивен пример за соработка на институциите помеѓу себе но и со сите релевантни чинители, истакна министерот.

Форумот е на тема „Трансформирање на власта за остварување на целите за одржлив развој", го организираат Обединетите нации и ќе трае три дена. Има за цел да ги собере на едно место релевантните министри од целиот свет, да се разговара за трансформирање на управувањето и за тоа кои се иновативните начини на кои владите, институциите и јавната администрација можат да се организираат и да работат на постигнување на целите за одржлив развој.

Дизелот и Еуросупер БС 98 поевтинуваат за 0,5 денари

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе биде 89,50 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 75,50, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 75,50 денари.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се намалуваат за 0,50 денaри по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе биде 89,50 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 75,50, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 75,50 денари.

За 2,107 денари поскапува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе лини 46,661 денари.

Си Џинпинг ќе ја посети Србија на 7 и 8 мај, претходно ќе престојува во Франција

Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе престојува во официјална посета на Србија на 7 и 8 мај, а домаќин ќе биде српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Вучиќ ќе биде домаќин на претседателот на Кина, кој ќе престојува во дводневна официјална посета на Србија“, соопшти прес-службата на претседателот на Србија.

Програмата и распоредот на посетата ќе бидат објавени подоцна.

Си Џинпинг во Србија ќе пристигне од Франција, каде ќе биде во државна посета.

„Посетата е по повод 60-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји и по посетата на претседателот Макрон на Пекинг и Гуангжу во април 2023 година“, се вели во соопштението на француското претседателство.

„Разговорите ќе се фокусираат на меѓународните кризи, пред сè на војната во Украина и ситуацијата на Блискиот Исток, но и на трговските прашања, научната, културната и спортската соработка, како и на нашите заеднички активности за справување со глобалните предизвици - климатската вонредна состојба, заштитата на биолошката разновидност и финансиската состојба на најранливите земји“, додава претседателството.

Ова е почеток на првата европска турнеја на кинескиот претседател по пандемијата на Ковид-19. /МИА

Најмалку 22 лица загинаа во израелските напади врз Рафа

Најмалку 22 лица загинаа во израелските напади во текот на ноќта врз градот Рафа во јужниот дел на Газа, соопштија палестинските здравствени власти. Меѓу убиените има шест жени и пет деца.

Од почетокот на војната, Израел редовно ја изложува Рафа на воздушни напади и се заканува дека ќе испрати копнени трупи, тврдејќи дека тоа е последното упориште на Хамас во крајбрежната енклава.

Над еден милион Палестинци избегаа во Рафа, барајќи засолниште во градот, кој се протега на границата со Египет. САД и другите земји го повикаа Израел да не врши инвазија за да избегне хуманитарна катастрофа.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја започна својата седма дипломатска мисија на Блискиот Исток од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, пред повеќе од шест месеци. /МИА

притисни ентер