Манчевски: Ме интересира односот меѓу стварноста и прикажувањето на стварноста - Канал 5

Манчевски: Ме интересира односот меѓу стварноста и прикажувањето на стварноста

По премиерите на три континенти и учество на неколку фестивали, петтиот игран филм на Милчо Манчевски „Бикини Мун“ од 22 март ќе има можност да го види и македонската публика. Филмот, кој е најавен како модерна мрачна бајка за искршениот идеал на модерно семејство, е американско-германско-канадска копродукција и целосно снимен во Њујорк.

Манчевски: Ме интересира односот меѓу стварноста и прикажувањето на стварноста
Светската премиера беше во Сао Пауло во Бразил, потоа имаше и американска премиера - на Синеквест фестивалот во Сан Хозе, Калифорнија. На фестивалот „Фантаспорто“ во Португалија доби специјална награда од жирито. На крајот на февруари беше на ФЕСТ во Белград, оваа недела на фестивалот во Софија, а по македонската премиера в четврток филмот ќе биде на редовниот репертоар во кино „Милениум“.

Во интервју за МИА Манчевски кажува за темата и начинот на снимањето на „Бикини Мун“, кој е најавен како модерна мрачна бајка за искршениот идеал на модерно семејство. За својот следен игран филм „Врба“, пак, вели дека ќе биде европска копродукција и напролет ќе се избира актерската екипа.

Дали е „Бикини Мун“ слика за одземената слобода на современиот човек, бидејќи изјавивте Ве инспирирало сеопштото снимање и експлоатацијата на поединецот од страна на медиумите и социјалните мрежи?
- Филмот е, пред сѐ, психолошки портрет на една жена која е харизматична, но која има и психолошки проблеми. Го разгледуваме и случајот на војниците-повратници од Ирак. Во големата слика „Бикини Мун“ прашува и како медиумите (како, на пример, документарниот филм) влијат врз вистината која ја документираат.
Наместо да бидат сведоци и да регистрираат, тие влијаат врз тоа што го снимаат – и тоа создава етички проблеми. Ме интересира односот меѓу стварноста и прикажувањето на стварноста.
Најавен е како лажен документарец и структуриран како филм во филм. Кажете ни за тој режисерски пристап?
- Формалниот аспект ми е секогаш централен; често пати идејата за некој филм ми почнува со формата: некогаш е тоа раскршена прикаска (како во „Прашина“), некогаш мешање на играно и документарно (како во „Мајки“), некогаш триптих и циркуларен заплет (како во „Пред дождот“), некогаш мешање на медиуми (како во „Четврток“) или замрзнато време (во „Крајот на времето“). Идејата за „Бикини Мун“ почна да се развива кога помислив „Што се случува во главата на гледачот ако гледа документарец, и во еден миг во тој документарец почнат да се случуваат работи кои не можат да бидат вистина?“

Во правењето на филмот многу се трудевме кадрирањето, монтажата и заплетот да бидат како во „синема верите“ документарците од 70-тите години во кои настаните се документираат доследно без и најмало дотерување и затоа „синема верите“ филмовите не се лесни за гледање, ама имаат посебна тежина. Критичарот на Синеуропа вака го опиша тоа: „Режисерската постапка на Манчевски е толку уверлива што ѝ е тешко на публиката да се оттргне од видувањето на филмот како ‘документарен’. И кога неочекуваните и прекрасно изведени фантастични елементи се појавуваат на крајот на филмот, превртувајќи ги сите очекувања на глава, гледачот излегува од киното емотивно исполнет и со многу нешто за размислување“.
Што е со фестивалскиот живот на краткиот експериментален филм „Крајот на времето“, кој лани доби награда на престижниот фестивал Аспен во САД?

- „Крајот на времето“ продолжува да патува многу. Веќе играше на 30-тина фестивали на сите континенти и освои четири награди. Следната недела игра на фестивалот во Вилно, и директорот на фестивалот го опиша вака: „Брилијантен краток филм. Едноставен, ама непредвидлив, мистериозен, шокантен и толку силен“.
Како мал подарок ќе го прикажеме и него на скопската публика заедно со „Бикини Мун“. Трае само пет минути, и го снимав на Куба. Започна како експеримент, а заврши како емотивно искуство.
По овие две меѓународни копродукции, повторно ќе добиете поддршка од Агенцијата за филм на РМ за новиот филм „Врба“. Ќе ни откриете ли нешто за темата, екипата и плановите за снимање на Вашиот шести игран филм?
- „Врба“ раскажува две и пол љубовни приказни кои се протегаат низ четири века. Како и секогаш, не „прикажувам“ никого, туку раскажувам стории за луѓе и правам дело каде што се најважни емоциите. Визуелно „Врба“ е полн со контрасти, ама приказната содржи бројни пресликувања и тематски рефрени.
Ќе биде европска копродукција, за разлика од „Бикини Мун“. Се радувам што пак ќе работам со некои од креативните соработници со кои работев порано. За актерската екипа ќе имаме кастинг на пролет.
Хатка Смаиловиќ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата

На вториот круг од вонредните избори за градоначалник во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Аркин Јахиј пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Стојанче Радичевски. Во штабот на дуи во Брвеница синоќа се славеше.

Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата

Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбујк напиша:

„Сами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец за одвлекување на гласови.

Сепак, растот на гласови од првиот круг е јасен и чист од 3000 на 4200, а во однос на парламентарните избори имаме раст од 1300, но за жал недоволно за целосна победа.

Благодарам на сите жители на Брвеница што гласаа за нас и на тие што не гласаа, сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата.

Една Брвеница за сите е повеќе од концепт, тоа е начин на работа.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

РАБОТИ НА ПАТ:

А.Д. ИЛИНДЕН Струга известува дека од 28.10.2026 г. ќе се воведе времен режим на сообраќај на Автопатот А2 делница Кичево – Охрид, во делот Пресека – Песочан до клучка Арбиново, поради изведување градежни работи за санација на лев коловоз и ќе трае сѐ до завршување на санацијата.

Од 10:00 часот на 13.10.2026 на патниот правец А1 делница Прилеп – Кавадарци во делот Беловодица –Тројаци се воведува времен режим на сообраќај со наизменично пропуштање на возилата заради градежни активности и ќе биде во сила се до завршување на истите.

Од 30.09.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Кичево, конкретно на мост бр. 63 Мост на река Тајмишка. За таа цел се применува времен режим на сообраќај и ќе трае додека не се завршат предвидените градежни работи согласно договорот за санација.

Градежен институт Македонија известува дека од 29.09.2026год. се воведува времен режим на сообраќајот на регионален пат Р1201, делница Струга – Дебар при реконструкција на инекциона завеса на брана „Глобочица“. Времениот режим на сообраќај ќе се изведува согласно одобрен основен сообраќаен проект. Времетраењето на времената измена на режимот на сообраќајот ќе биде се до завршувањето на активностите.

МИСА МГ ДОО известува дека од 24.09.2026год. до 15.04.2027год. се воспоставува времен режим за сообраќај на државниот пат А1 делница Гевгелија – ГП Богородица односно од исклучувањето за Гевгелија до ГП Богородица, автопатот ќе биде затворен за сообраќај и истиот ќе се пренасочува на спротивната страна на автопатот, т.е. од ГП Богородица кон Скопје собраќајот ќе се одвива во две насоки. Исто така и на клучката на Гевгелија сообраќајот ќе се одвива под времен режим.

ВИА ДОО Вевчани известува, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 09.09.2026 воведен е времен режим на сообраќај. За целото времетраење на градежните работи граничниот премин ќе фунционира непрекинато и сообраќајот ќе се одвива нормално.

Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата.

Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.

Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600. Заради тоа од 16.12.2024 год. па се до завршување со градежни активности ќе се изврши целосно затворање на делницата во потег од Мало Коњари до Кривогаштани. При тоа сообраќајот ќе се одвива по друга делница во склоп на поставената сообраќајна сигнализација, согласно Одобрение за времена измена на режим сообраќај и Сообраќаен проект.

На патниот правец ГП Блаце – Скопје се изведуваат градежни активности на неколку делници. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и соорбаќајот се одвива според одобрен времен режим.

На патниот правец Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес претежно облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 15 l/m²). 

Денес претежно облачно со повремени врнежи од дожд

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 16 степени.

До вторник ќе се задржи претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), особено во вторник. Од среда до почетокот на викендот времето ќе биде стабилно и суво, со променлива облачност во текот на денот, која кон сабота постепено ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер