Паричка, стара над 150 години е продадена за 4,7 милиони долари- со децении била скриена од јавноста (ВИДЕО)
2Паричка, стара над 150 години е продадена за 4,7 милиони долари- со децении била скриена од јавноста (ВИДЕО)
КултураМанчевски: Да не ја туркаме културата меѓу некролозите и малите огласиУнгарскиот кинематографер Марсел Рев ја освои Златната камера 300 на 38 издание на фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола, за филмот „Месечината на Јупитер“.Сребрената камера 300 му беше врачена на германецот Рајнер Клаусман за филмот „Од ништо“, додека Бронзената камера 300 ја освои македонскиот кинематографер Дејан Димески за филмот „Жаба“ на Емир Јукиќ. Министерот за култура Роберт Алаѓозовски му ја врачи Специјалната Златна камера 300 за особен придонес во светската филмска кинематографија на македонскиот и светски режисер Милчо Манчевски, кој пак рече дека културата не треба да се турка меѓу некролозите и малите огласи. „Култура не е нешто што треба да се стави меѓу некролозите и малите огласи, културата е она што човекот го прави човек, заедницата ја прави да биде заедница и конечно културата е она што човештвото го прави човештво “, рече Манчевски. Министерот Алаѓозовски го затвори фестивалот и вети континуирана поддршка за истиот. Жирито му додели специјално признание на младиот руски кинематографер Данил Фомичев, малата камера 300 му припадна на кинематограферот Наум Доксевски, кој го сними македонските краток филм во режија на Горан Столевски „Види ја ти неа“, за една млада девојка што ги крши правилата на едно патријархално општество. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаСДСМ: Кој стои зад Алта банка- криминал, корупција и пари од дрогаAлта банка не е обична банка. Зад формалниот сопственик Давор Мацура - човек што до вчера држеше менувачница во Земун, стои мрежа на криминал, корупција и пари од дрога.Во Sky преписките Александар Вучиќ е препознаен како „Оскар“ - шеф на мафијата. Тие преписки, што сега се бараат да се отворат во Србија, укажуваат на врски со криминалната група на Дарко Шариќ и Вељко Беливук. Шариќ - еден од најголемите балкански нарко дилери. Беливук - шеф на криминална група поврзана со убиства и рекетирање. Истите преписки го поврзуваат и со Шкаљарскиот клан. Клан Вучиќ: Александар и Андреј. Андреј Вучиќ, брат на Александар, еден од клучните луѓе во системот на моќ и контрола врз безбедносните и финансиските текови. Полнолетниот син на Вучиќ се споменува во преписките како контакт лице што добивало месечна апанажа од картелот. Милан Радоичиќ - човек со потерница заради упадот на Косово и обидот за дестабилизација во Бањска. Лице поврзано со организиран криминал на северот на Косово, со рекетирање и со контрола на локални бизниси. Звонко Веселиновиќ - бизнис партнер на Радоичиќ. Човек со санкции, поврзан со организиран криминал, шверц и контрола на територии на северот на Косово. Неговите компании и мрежи се дел од истиот систем што го финансира и го штити режимот. Никола Петровиќ (претходно, директор на Електромрежа Србија - ЕМС), кум на Вучиќ. Човек што стекна енормно богатство во периодот на владеење на СНС. Јавноста виде како само прославата на неговиот роденден во Венеција, обележана како карневал, е платена со милиони евра. Таа група нема објаснување од каде доаѓаат тие пари. Има само факти за блискоста со власта и за бизнисите што растат паралелно со моќта. Само да знаат граѓаните за случајот со 5 тони дрога што од Македонија заврши во село Коњух кај сестринската партија СНС. При апсењето еден од уапсените изјавил дека е „државна работа„ на Бата Гашиќ, кој беше директор на БИА, министер за полиција и денес за одбрана во владата на Србија што си оди. Исто така Александар Вулин, поранешен директор на БИА, министер за полиција и за одбрана. Тој беше доведуван во врска со апсењата во Јовањица, каде што беше откриена огромна нелегална плантажа со марихуана. Исти функции како Гашиќ. Во Sky преписките овие двајца се споменуваат како главни за шверц на наркотици во рамките на Вучиќевиот клан. Овие исти луѓе беа гости во Македонија и имаа состаноци со ВМРО и со ЗНАМ, со Максим Димитриевски. Една од темите на состанокот била Алта банка. Ова е мрежата. Криминал, корупција, пари од дрога, контрола врз медиуми, телеком и банки. Алта банка е пералница на таа мрежа. Мицкоски ја донесе во Македонија. Ја донесе со притисок. Ја донесе со пари на јавни претпријатија и на граѓаните. Ја внесе и во осигурувањето. Со луѓе од БИА што се споменуваат во преписките за шверц на дрога. Сега, кога во Србија се бараат истраги за „Оскар“ и за врските со Шариќ и Беливук, во Македонија се кријат трансакциите и се обвинува опозицијата за паника. Нема паника. Има документи. Има Sky преписки. Има апсења. Има одговорност. Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија. Ако продолжите да ја чувате бандата, ќе одговарате заедно со неа. Паѓа „Оскар“. Паѓа и Мицкоски. Паѓа ВМРО-ОКГ. Вистината излегува. Бандата ќе одговара, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
СветДрама кај Белата куќа: Уапсен е вооружен маж, гласови му кажувале да го убие Трамп Маж по име Рони Јордрикс Гуанипа Кринос (26), венецуелски државјанин, е уапсен во близина на Белата куќа во Вашингтон откако агенти на американската тајна служба го забележале како се однесува сомнително додека бил во паркиран автомобил.Според соопштението на Министерството за внатрешна безбедност на САД (DHS), тој им рекол на полицајците дека слушнал гласови кои му наредувале да дојде во Вашингтон и да го убие американскиот претседател Доналд Трамп. Инцидентот се случил во четврток вечерта, на 5 ноември, кога агенти на тајната служба, додека биле во патрола, забележале маж во автомобил паркиран на авенијата Конституција, во близина на комплексот на Белата куќа. Откако му се приближиле, тие започнале разговор, за време на кој, според DHS, тој упатил закани кон претседателот на САД. Полицајците подоцна утврдиле дека автомобилот е пријавен како украден, а мажот признал дека има предмети во возилото што полицијата подоцна ги пронашла за време на претресот. Според официјалните информации, во автомобилот биле пронајдени три огнени оружја и десетици куршуми муниција. Меѓу запленетите предмети биле пушка и два пиштола. Министерството објави и фотографија од запленетите предмети. Кринос се соочува со повеќе обвиненија, вклучувајќи три обвиненија за неовластено транспортирање на огнено оружје, три обвиненија за поседување нерегистрирано огнено оружје и три обвиненија за поседување нерегистрирана муниција. Тој е обвинет и за поседување одредени опасни предмети, носење пиштол без дозвола, управување со моторно возило без дозвола, кражба и примање украден имот. ДХС соопшти дека осомничениот влегол во Соединетите Држави преку Тексас во март 2024 година, кога бил уапсен од агенти на американската гранична патрола, но подоцна бил ослободен. По неговото апсење, Службата за имиграција и царина (ICE) издала мерка притвор за него, а тој моментално е во притвор на Службата за маршали на САД. Директорот на тајната служба, Шон Куран, го пофали одговорот на неговите агенти, велејќи дека нивната обука и искуство им помогнале да ја смират потенцијално опасна по живот ситуација. „Ова е уште еден пример за тоа како агентите на тајната служба се потпираат на обемна обука и искуство за да ја деескалираат нестабилната ситуација што претставувала непосредна закана за лицата што ги штитиме и другите Американци“, рече Куран. Тој додаде дека овој инцидент го истакнува зголеменото безбедносно опкружување и зголемениот број вооружени лица кои се привлекуваат во комплексот на Белата куќа. Министерот за внатрешна безбедност, Марквејн Малин, исто така, ги пофали постапките на агентите на Тајната служба. Благодарение на нашите храбри службеници на Тајната служба, овој човек со три огнени оружја во неговото возило беше уапсен во близина на Белата куќа пред да може да повреди некого, рече Малин.Тагови: Белата куќа Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаЦаринска управа: Европската комисија нотира добро ниво на подготвеност Европската комисија нотира добро ниво на подготвеност на Царинската управа во спроведување на реформите за забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ.Европската комисија во најновиот извештај за напредокот на државата нотира добро ниво на подготвеност во реформските процеси што ги презема Царинската управа во Поглавјето 29 - Царина унија, со цел забрзување на интеграцијата на нашата држава во единствениот пазар на Европската унија. Зголемените приходи, воспоставување на сеопфатен разузнавачки систем за поддршка на истрагите и спроведување на законот, зајакнување на капацитетите на Секторот за контрола и истраги, надградбата на ИТ системите и усогласеноста на царинското законодавство, се дел од областите каде е забележан напредок. „Вкупните приходи наплатени од Царинската управа во 2025 година беа за 5,2 проценти повисоки во споредба со 2024 година, надминувајќи 2,1 милијарди евра“, нотира ЕК во последниот извештај. Во делот на оперативни и административни капацитети, од Комисијата го истакнуваат воспоставувањето на сеопфатен разузнавачки систем за поддршка на истрагите и спроведување на законот како и новиот систем за управување со ризик и податочен склад. Во оваа насока потенцирано е учеството во меѓународни операции и размената на разузнавачки информации. Контролите, се засноваат на анализа на ризик поткрепена со разузнавачки информации, информации добиени пред пристигнување на стоката и техники на селективност. Воедно, со финансиска поддршка на ЕУ со цел зајакнување на борбата против организираниот криминал, нотирано е дека капацитетите на Секторот за контрола и истраги се значително зајакнати со нови возила и заштитна опрема, како и ИТ опрема за сервер салата со што се подобрува ИТ безбедноста на царинските операции. Во делот на борбата против корупција Комисијата наведува дека продолжува спроведувањето на Стратегијата за интегритет и борба против корупција за периодот 2024-2027 година. Во делот на дигитализацијата се потенцира дека е обезбедено одржување и понатамошен развој на системот за Интегрирана тарофна околина, како и започнување на пилот фаза на системите за регистрација и идентификација на економските оператори и за унифицирано управување со корисниците и дигитален потпис. Царинското законодавство е со висок степен на усогласеност со правото на ЕУ, при што Царинската тарифа во 2026 година е донесена и усогласена со Комбинираната номенклатура на ЕУ. Во областа на добрососедски односи и регионална соработка нотирано е ратификувањето на Протоколите 5 и 6 со кои се воспоставува рамка за олеснување на трговијата преку царинска соработка и либерализација на трговијата со услуги, соопштуваат од ЦУ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook