3УХМР: Под влијание на топла воздушна маса до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло
ФудбалМанчестер сити го победи Њукасл и ќе игра против Арсенал во финалето на Лига купотМанчестер сити синоќа го победи Њукасл со 3:1 во реваншот од полуфиналето на Лига Купот на Англија. Натпреварот се одигра на стадионот „Етихад“ во Манчестер.Во 7. минута, напаѓачот на Сити, Омар Мармуш, го отвори резултатот. Дваесет минути подоцна истиот фудбалер зголеми на 2:0, а Тијани Рејндерс во 32.минута погоди за 3:0. Единствениот гол за Њукасл е дело на Ентони Еланга на почетокот на второто полувреме. „Граѓаните“ победија и на првиот натпревар и со вкупни 5:1 одат во финалето. Во финалето, Манчестер сити ќе се соочи со Арсенал, кој го победи Челзи. Натпреварот ќе се игра на 22 март, на стадионот „Вембли“ во Лондон. Тагови: Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВработените го НП Шар Планина имаа несекојдневна средба со две мали срниња (ВИДЕО)Мала средба што потсетува зошто ја чуваме Шар Планина, стои во објавата на Фејсбук.При теренска обиколка, вработените во НП Шар Планина имаа несекојдневна средба со две мали срниња. Тие накратко се стрчале кон нив, веројатно во потрага по својата мајка, а потоа мирно се вратиле во шумата. Станува збор за многу млади срни, стари најверојатно само неколку недели, што може да се забележи по нивните карактеристични бели дамки. Иако нивното однесување понекогаш може да изгледа збунувачки, младенчињата најчесто не се напуштени. Мајката обично се наоѓа во близина и периодично се враќа да ги дои и заштити. Срните биле во добра здравствена состојба, без знаци на повреда или дехидрација, па затоа и биле оставени во нивното природно живеалиште за повторно да се сретнат со мајката. Ова е и важна порака до сите посетители на планината: кога ќе наидете на младенче од диво животно, најголемата помош што можете да му ја дадете е да му обезбедите мир. Не го допирајте, не го преместувајте и не го носете со себе. Шар Планина е дом на безброј диви приказни, да ѝ дозволиме на природата да го следи својот тек. Тагови: Шар Планина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Карпош: Започнува реконструкција на улица Трифун БузевОпштина Карпош започнува акција за санирање на дел од улицата Трифун Бузев во населбата Карпош 4.Станува збор за поставување на нова асфалтна база на коловозот во должина од 112 метри, работа на долниот строј, како и замена на рабниците и бекатон плочките долж пешачката патека. Во таа насока ќе бидат реконструирани и двата паркинга кои се наоѓаат во непосредна близина на коловозот, со поединечна должина од 80 метри. По тој повод, заменик – градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски беше на увид на градежните работи кои се одвиваат на оваа улица. Целата оваа реконструкција ќе трае од 30 до 40 работни денови и ги замолувам граѓаните кои живеат на самата улица и во близина на истата да бидат трпеливи. Општината и во иднина ќе инвестира во модернизација и подобрување на инфраструктурната мрежа на целата територија на Карпош - истакна Крстевски. Изведувач на градежните работи е фирмата „Филип Инженеринг ДООЕЛ“, а целосниот зафат чини 8.441.538 денари. Средствата ги обезбеди Владата на РМ, а во случајов Општина Карпош ја доби оваа финансиска поддршка, откако изработи проект и аплицираше со него на Јавниот повик кој го распиша Министерството за локална самоуправа. Општина КарпошТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУХМР: Под влијание на топла воздушна маса до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топлоПод влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 39°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter