Манчестер Јунајтед заинтересиран за дефанзивец на Севиља - Канал 5

Манчестер Јунајтед заинтересиран за дефанзивец на Севиља

Дефанзивецот на Севиља, Хуанлу Санчез би можел да ја продолжи кариерата во Англија, пишуваат шпанските медиуми.

Манчестер Јунајтед заинтересиран за дефанзивец на Севиља

Манчестер Јунајтед наводно е заинтересиран за 21-годишниот Шпанец. Фудбалерот заедно со шпанскиот тим стана олимписки шампион на Игрите во Париз во 2024 година.

Минатата сезона Санчез одигра 37 натпревари на кои постигна гол и 3 асистенции.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 15 милиони евра./МИА

Ребалансот на буџетот на седница на Влада

Ребалансот на буџетот на седница на Влада, најавени повеќе пари за општините, за здравството, за повисоки плати, пензии, субвенции.

 Ребалансот на буџетот на седница на Влада

На седница на Влада денеска ќе се разгледува ребалансот на Буџетот, најави премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на прашање каде ќе се крати и каде ќе има повеќе пари со новиот ребаланс. Тој истакна дека во новиот ребаланс на буџетот ќе има повеќе пари за општините, повисоки плати, пензии, како и за здравството.

-Таму се средствата за оние проекти, коишто се во рамки на единиците на локална самоуправа, средства за повеќе субвенции, повисоки плати, пензии итн.итн. и здравство. Но, после да речеме по усвојување на Предлог буџетот во прво читање во рамките на владината седница ќе биде тоа претпоставувам објаснето пред медиумите, изјави Мицкоски.

Прашан за извештајот на Државниот завод за статистика во однос на земјоделството, каде што е нотирано поголеми инпути и поголеми аутпути и е позитивно за земјоделците и што можат да очекуваат од ребалансот на буџетот, Мицкоски одговори дека тоа е апсолутно точно, има зголемување на цените кон откупувачите и повеќе пари за земјоделците во нови инвестиции.

-Апсолутно е тоа точно и тоа го покажува новиот Извештај на Државниот завод за статистика и имаме двоцифрен раст на аутпутот, односно зголемување на цените кон откупувачите, коишто генерално оди за извоз и би рекол незначителен од 1,2 проценти зголемен инпут, тоа во трошоците, во расходната страна на земјоделците и тоа е веќе неколку месеци и тоа е одлично, одличен параметар. Тоа значи повеќе пари за инвестиции, повеќе пари за земјоделците, рече Мицкоски.

Што се однесува за поддршката што ја дава Влада, премиерот Мицкоски напомена дека минатата година е дадена поддршка кон земјоделците повеќе од 8,6 милјарди денари.

-Пари дадени на земјоделците за исплата на заостанати субвенции од 2021 плаќавме, од 2021, 2022, 2023, 2024, мислам дека е заокружена и сега треба да се размислува за тековната година. Така што од 2021 година се плаќаа заостанати субвенции од 8,6 милјарди денари, изјави Мицкоски, на настан по повод отворање на Македонско село во Скопје.

Мицкоски за најавите за штрајк во М-НАВ: Се закануваат оние кои правеа упад и кои тепаа

Не мислам дека е тоа причината. Се закануваат оние кои што правеа упад и кои што тепаа. Сега немаат внимание и не се толку силни да тепаат, рече Мицкоски.

Мицкоски за најавите за штрајк во М-НАВ: Се закануваат оние кои правеа упад и кои тепаа

Се закануваат оние кои што правеа упад и кои што тепаа. Сега немаат внимание и не се толку силни да тепаат, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашањето во врска со најавите за штрајк на Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛМ, доколку не се поништи последниот оглас за нови вработувања во М-НАВ.

-Не мислам дека е тоа причината. Се закануваат оние кои што правеа упад и кои што тепаа. Сега немаат внимание и не се толку силни да тепаат, рече Мицкоски кој денеска присуствуваше на отворање на комплексот „Македонско село“ во Горно Нерези.

Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛМ во известување до раководството на М-НАВ бара да го поништи последниот оглас за нови вработувања и да ги испочитува обврските од минатогодишната Спогодба која беше основа за ставање во мирување на тогашната одлука за штрајк.

Повикуваат да се пристапи на итна реализација на неисполнетите точки од Спогодбата најдоцна до крајот на месецов, а во спротивно најавува реактивирање на штрајкот на 10. следниот месец.

Синдикатот во известувањето доставено на 16. месецов реагира и на неодамна објавениот оглас за нови вработувања во М-НАВ, за кои оценува дека „не одговараат на реалните, итни и суштински потреби на компанијата“. Бара поништување на огласот, а евентуалното пополнување на работните позиции да се изврши преку прераспоредување на постоечки вработени во М-НАВ преку интерен оглас или со додавање на работни задачи на недоволно ангажирани вработени како и одделенски реорганизации и рационално прераспоредување на постојниот кадар.

Борозан останува во Вардар и следната сезона

Ракометниот клуб Вардар и црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан постигнаа договор за продолжување на соработката. 

Борозан останува во Вардар и следната сезона

- Корпулентниот лев бек ќе го носи дресот на „црвено-црните“ и во сезоната 2025/2026, што претставува големо засилување за амбициите на клубот во домашните и европските натпреварувања.

Борозан, кој повторно се приклучи на Вардар во 2024 година, со своето искуство, физичка доминација и разорен шут беше еден од клучните играчи во освојувањето на Купот. Продолжувањето на договорот е доказ за заемната доверба меѓу играчот и раководството на клубот, информира РК Вардар.

Борозан го носеше дресот на Вардар во периодот од 2016 до 2019 година. Како играч на клубот има освоено и три титули во Македонија, три Купа, трипати СЕХА лигата. По заминувањето од Вардар беше дел од тимот на Веспрем, Ал Араби и Ловќен.

Настапуваше и за репрезентацијата на Црна Гора во 2014, 2016 и 2024 година. Во 2017 година Борозан беше избран за „Спортист на Црна гора“.

притисни ентер