3Страст, љубов и трагичен расплет – „Кавалерија рустикана“ на сцената на Националната опера и балет на 11 септември
ФудбалМанчестер Јунајтед сака да ги направи Рашфорд и Кејн најплатени играчи Манчестер јунајтед е подготвен да понуди големи пари на напаѓачот на тимот Маркус Рашфорд и најдобриот фудбалер на Тотенхем, Хари Кејн.Воедно, раководството на Манчестер јунајтед ќе ја намали платата на голманот Давид де Хеа, објави „The Sun“. Голманот сега е најплатен играч на клубот со 375.000 фунти (424.000 евра) неделно. Триесет и двегодишниот Шпанец, чиј договор завршува на лето, ќе ја намали платата на 200.000 фунти (226.000 евра). Дваесет и петгодишниот Рашфорд има нешто повеќе од 12 месеци од договорот и „црвените ѓаволи“ се обидуваат да преговараат за негово продолжување зголемувајќи ја неговата плата од 200.000 фунти на 300.000 фунти неделно (339.000 евра). Според „Сан“, Кејн заработува 200.000 фунти неделно во Тотенхем, но Манчестер јунајтед му нуди 100.000 фунти повеќе. Претходно беше објавено дека во Тотенхем нема да ги разгледуваат понудите за Кејн доколку се омали од 95 милиони евра. /MИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотСекој петти адолесцент бил сексулано вознемиран во дигиталнииот просторСекој петти адолесцент во светот бил изложен на сексуално вознемирување и злоупотреба во дигиталниот простор во текот на изминатата година, потврдува новиот глобален извештај на УНИЦЕФ спроведен во 21 земја.Овие загрижувачки наоди покажуваат дека интернетот сè повеќе станува небезбедна средина за најмладите, а посебно предупредување упатува фактот што сторителите на ваквите дела во голем број случаи не се непознати профили, туку лица од нивното непосредно или пошироко опкружување. За родителите и семејствата ваквите податоци значат итен повик за будност и преиспитување на дигиталните навики во домот. Експертите укажуваат дека алгоритмите на популарните социјални мрежи системски го задржуваат вниманието на малолетниците, вовлекувајќи ги во појавата позната како „думскролинг“, односно непрекинато следење на вознемирувачки содржини што директно го зголемува ризикот од тешки психолошки состојби, анксиозност и депресија.Тагови: адолесцент Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
МакедонијаСДСМ: Задолжување како никогаш досега - Мицкоски ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долгСе потврди сè што СДСМ предупредуваше во изминатите месеци – пари во буџетот нема, касата е празна, а Владата повторно посегнува по нови долгови.Владата на Мицкоски усвои ново задолжување од 1,3 милијарди евра. Задолжување како никогаш досега. Со ова, за само две години, власта ја задолжува државата со околу 4 милијарди евра нов долг. Тоа е огромно задолжување кое ќе го плаќаат граѓаните, нивните деца и идните генерации. Со ова, 2026 година ќе заврши со околу 12 милијарди евра долг, односно над 65% од БДП. Наместо кај граѓаните парите завршуваат во криминални тендери. Минималните трошоци за едно четиричлено семејство за две години пораснаа за околу 9.000 денари, а минималната плата само за околу 3.500 денари. Работниците со минимална плата реално живеат полошо а Мицкоски одбива минималната плата да се зголеми на 600 евра. Буџетот денес е околу 7 милијарди евра. Од повеќе пари народот не добива ништо. Нема пари за повисоки плати, нема пари за повисоки пензии, дури и парите од вториот столб сакаат да им ги украдат на пензионерите. Нема мерки за помош на граѓаните. Нема мерки кои ќе го запрат растот на цените. Ништо нема за народот, само нови долгови. Во последниот ребаланс на Буџетот не е предвидено ова ново задолжување од 1,3 милијарди евра. Кочоска како извршител на Мицкоски треба да знае дека за незаконско постапување спротивно на Законот за Буџет следува и кривична одговорност и затворска казна. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
МакедонијаОпштина Крапош: Подобрување на условите во предучилишните установи Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со локалната самоуправа, ќе продолжи да работи за унапредување на предучилишното воспитание.Претставници на Одделението за детска, социјална и здравствена заштита од Општина Карпош, присуствуваа на средба посветена на актуелниот Јавен повик до македонските општини и општините во градот Скопје, за добивање грант за проширување на капацитетите на установите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст. На работниот состанок присуствуваше министерот за социјална политика , демографија и млади Ѓоко Велковски, претставници од министерството, ЗЕЛС, градоначалници и претставници од општините, а беше разговарано за реновирање/адаптација и опремување на неискористени училишни/општински простории и нивно пренаменување во групи во други просторни услови. На состанокот беше ставен акцент на две главни теми и тоа јавниот повик со фокус на руралните средини и втората тема се однесуваше на отворање на младински канцеларии во рамки на општините. Покрај различните теми за кои се дискутираше, стана збор и за недостатокот од соодветен персонал во градинките и давање на согласности за вработување заради соодветна кадровска екипираност на тимовите. Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со локалната самоуправа, ќе продолжи да работи за унапредување на предучилишното воспитание и создавање подобри услови за децата и нивните семејства. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Крапош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00