3СДСМ: Власта сега признава ризик од хепатит - за труењето во Гостивар мора да има кривична одговорност
ФудбалМанчестер Јунајтед го отпиша напаѓачот за кого две години плати 80 милиони евра?Премиерлигашот Манчестер Јунајтед го отпиша 22 годишниот напаѓач од Данска. Расмус Хојлунд Манчестер Јунајтед неочекувано на пред стртот на новата сезона во Англија одлучи да се раздели од скапата аквизиција од пред две години данскиот центарвор Расмус Хејлунд. Младиот Данец пред две години за траснфер вреден огромни 80 милиони евра пристигна на Олд Трафорд од редовите на Аталанта. Данскиот напаѓач нема да биде во составот за денешното дерби против Арсенал во Премиер лигата, испраќајќи јасна порака дека клубот го турка кон излезната врата. Јунајтед е отворен и за перманентен трансфер и за позајмица, а Хојлунд ќе ги разгледа достапните опции, известува Лори Витвел. На 95 настапи, за црвените ѓаволи данскиот репрезенативец постигна 26 гола .Тагови: Манчестер Јунајтед Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураИталијанска вечер на „Охридско лето“Големата ѕвезда во светот на пијанизмот, Кристијана Пегораро вечерва ќе одржи концерт во рамки на Италијанската вечер на „Охридско лето“. Таа ќе настапи во црквата „Света Софија “ со почеток во 21 часот.Опишана од дневниот весник „Њујорк Тајмс“ како „уметница од најголем калибар“, Кристијана Пегораро настапува во најпрестижните концертни сали во Европа, САД, Јужна Америка, на Блискиот Исток, во Азија и во Австралија. Настапувала пред претседателите на Италија, Серџо Матарела и Карло Азељио Кјампи, пред лидерите во Собранието на ОН, пред гувернерот на Њујорк, пред војвотката од Луксембург и други високи политичари во Италија, Канада и Австрија. Нејзината дискографија вклучува 34 носачи на звук, а за албумот со танго музика од Астор Пијацола е добитничка на Златен медал на Глобалните музички награди во Калифорнија. Добитничка е на повеќе од 50 меѓународни награди и признанија. Во 2019 година ја добива престижната награда „Белисарио“, доделена на церемонија пренесувана во живо од италијанската телевизија РАИ. Неодамна, округот Вестчестер во државата Њујорк ѝ посвети ден од годината, па така според официјалната објава на Советот – 28 Март секоја година се празнува како ден на Кристијана Пегораро. Италијанската вечер на фестивалот „Охридско лето“ се одржува со поддршка на Италијанската амбасада во земјава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС ја покажа својата хипокризија на дело за Гостивар, Филипче молчиСДС ја покажа својата хипокризија на дело за Гостивар, Филипче молчи, ги штити и не бара одговорност за своите функционери.СДС ја покажа својата хипокризија на дело во Гостивар, Филипче молчи, ги штити и не бара одговорност за своите функционери за кои мобилизираше луѓе да гласаат во предизборието на повторените локални избори во Гостивар. Венко Филипче, јавно повикуваше на поддршка за Валбон Лимани, иако токму локалната власт во Гостивар, во која СДС е дел заедно со ДУИ и Арбен Таравари, потфрли во справувањето со кризата со загадената вода за пиење. Факт е дека локалната власт не успеа навремено да го заштити здравјето на граѓаните, поради што Владата и државните институции мораа итно да интервенираат. Беше обезбедена флаширана вода, беше воспоставено снабдување со вода за техничка употреба, а во најкус можен рок ќе се создадат услови водата повторно да биде безбедна и за пиење. СДС нема кредибилитет да зборува за одговорност сè додека ги штити сопствените функционери и ги игнорира нивните неуспеси. Ако навистина веруваат во политичка одговорност, нека почнат од своите редови. СДС и Филипче секојдневно држат лекции за морал, бараат оставки и глумат борци за одговорност, но кога станува збор за нивните функционери тогаш молчат. Филипче молчи и не бара одговорност од својот кандидат Валбон Лимани кој управува со општината. Тоа е вистинското лице на СДС, двојни аршини и лицемерие, бараат одговорност од сите освен за сопствените кадри, за нив целосна амнестија. Време е СДС да престане со лицемерието и да покаже дека законите, моралот и одговорноста важат еднакво за сите, а не само кога тоа им носи политички поени. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Власта сега признава ризик од хепатит - за труењето во Гостивар мора да има кривична одговорностПо епидемијата предизвикана од загадената вода во Гостивар, власта сега официјално признава дека постои ризик од хепатит А и Е, како и од други заразни заболувања.Ова е токму она за што проф. д-р Венко Филипче предупреди уште минатата недела. Прво, на институциите доцна им се вклучија „црвените светла“. Додека гостиварчани пиеле вода со фекалии институциите не презеле ништо. Потоа ги криеја податоците од јавноста. Сега, кога кризата веќе се разгоре, признаваат дека постои ризик од жолтица и други заразни болести. Граѓаните на Гостивар ја плаќаат цената затоа што наместо стручност, превенција и навремена реакција, добија политички калкулации, прикривање информации и префрлање на одговорноста. Здравјето на граѓаните повторно беше ставено на второ место, а партиските интереси и тендерите – на прво. Јавноста сè уште нема добиено официјален и потпишан извештај со анализите за таканаречената „техничка вода“ во Гостивар. Кој институт ги изработил анализите? Кој го потпишал и одобрил извештајот? Врз основа на кои параметри е утврдено дека водата е безбедна за употреба? СДСМ бара итно да се направат анализи на водата во сите населени места во Македонија, а резултатите веднаш и целосно да бидат објавени пред јавноста. А за труењето на граѓаните мора да има кривична одговорност Не само политички, туку и кривично треба да одговараат Клековски, Андоновска, директорите на локалните центри за јавно здравје и сите што знаеле, а криеле, што не презеле мерки и не го заштитиле здравјето на граѓаните. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20