Манасков не се враќа во репрезентацијата - Канал 5

Манасков не се враќа во репрезентацијата

Долгогодишното лево крило на македонската ракометна репрезентација, Дејан Манасков , ја објави својата одлука за неговото евентуално враќање во репрезентацијата и ги појасни причините за истата.

Манасков не се враќа во репрезентацијата

Неговото соопштение го пренесуваме во целост:

“Почитувани,

Би сакал да ја информирам цела македонска јавност и сите медиуми дека во моментов, за доброто на националниот тим, нема да настапувам за македонската ракометна репрезентација. Ќе бидам искрен и краток во моето обраќање и објаснување на одлуката.

Во изминатите единаесет години, колку што настапував за македонската селекција, секогаш со чест и гордост го носев светиот дрес. Се борев и настапував секогаш со цело срце.

Моите односи со селекторот Кирил Лазаров се нарушени и не гледам простор во моментов истите да се подобрат. Последните две години неправедно бев неповикуван. После сè што дадов, чувствувам дека Македонија премногу лесно се откажа од мене. Тоа премногу ме погоди и после долго размислување ја донесов оваа одлука.

Им посакувам многу среќа и успех на репрезентативците во следниов период. Дотогаш ќе бидам ваш најголем навивач и поддржувач. До некое следно видување Македонијо!

Дејан Манасков”

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го поздрави исходот од парламентарните избори во Србија.

Сиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт

Честитки за исходот од денешните избори во Србија! Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт“,напиша Сиљановска-Давкова на мрежата ИКС.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот на СДСМ Филипче упати честитки по големата победа во Србија

Претседателот на СДСМ, проф д-р Венко Филипче упати честитки до граѓаните на Србија по големата победа на изборите. 

Претседателот на СДСМ Филипче упати честитки по големата победа во Србија

„Честитки до граѓаните на Србија за големата, историска победа!

Како што најавивме, следува ослободување од криминалните структури на власта. Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен.

Очекувам Србија и Македонија да градат најдобри можни односи, засновани на меѓусебно почитување и соработка.

На граѓаните на Македонија им порачувам дека нè чека борба, ни малку лесна, затоа што се бориме против остатокот од оваа криминална балканска група. “ стои во честитката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Студентите ја прославија победата во центарот на Белград

Веднаш по прогласувањето на победата, во центарот на Белград почна славењето, кое траење до доцна во ноќта. Таму беше и екипата на Канал 5 – новинарот Михаило Донев и снимателот Зоран Блажевски.

Студентите ја прославија победата во центарот на Белград

Каква беше синоќа атмосферата на улиците во главниот град на Србија и како е утринава се разотиде ли народот од улиците?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер