Манасиевски: Заев и СДС беа главниот кадија во државата, тие судеа, тие пресудуваа, тие разрешуваа - Канал 5

Манасиевски: Заев и СДС беа главниот кадија во државата, тие судеа, тие пресудуваа, тие разрешуваа

​Во времето на Зоран Заев и СДС, Македонија беше држава на еден човек. Заев беше и обвинител и судија и главен кадија. Одлучуваше кој ќе биде гонет и кој ќе седи на судиската клупа.

Манасиевски: Заев и СДС беа главниот кадија во државата, тие судеа, тие пресудуваа, тие разрешуваа

Судиите и обвинителите не се бираа по закон и интегритет, туку по послушност. Доколку ги следевте насоките на Зоран Заев, останувавте на функција. Доколку покажевте непослушност, веќе следниот ден бевте разрешени.

Судските случаи се кроеја по политичка мерка. Наместо правда, имавме политички пресметки, а наместо владеење на право, имавме владеење на страв. Членови на ВМРО-ДПМНЕ беа предмет на политички прогон, а притисокот не застануваше само на нив, се одеше и кон нивните семејства. Тоа не беше борба за правда, туку демонстрација на сила.

Случајот со Мерцедесот и Гордана Јанкуловска е само еден од симболите на тој систем. Поранешниот врховен судија Катевеновски јавно посочи дека таа немала никакво сторено кривично дело. Кога предметот стигнал до него, на рочиште зад затворени врати јасно кажал дека нема да даде позитивно мислење за притвор и дека одлуката ќе ја координира заедно со неговите колеги.

Но, разговорот со колегите никогаш не се случил. Утредента, на седница на Судски совет, која била свикана по насока на тогашната власт, судијата Катевеновски бил разрешен. Разрешен бил поради тоа што не постапил по политичка директива.

Тоа е вистинското лице на Зоран Заев и на СДС. Ветуваа вистина и правда, а испорачаа селективност, криминал и корупција. Оние кои зборуваа за независно судство, создадоа зависно правосудство.

Денес, клопчето се одмотува. Сведоштвата стануваат сè погласни. Индициите и сомнежите за директна поврзаност помеѓу СДС, Заев и одредени одлуки во правосудството не смеат да останат без одговор.

ЈО има обврска да постапи. Затоа што вистината, колку и да се прикривала, секогаш излегува на површина.

YouTube video

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Исчезнати 15 планинари во поројни поплави во Гранд Кањон во САД

Околу 15 планинари се водат како исчезнати по силните поројни поплави што во саботата погодија делови од Гранд Кањон во САД. Спасувачките екипи досега со хеликоптери евакуирале 62 лица, а според достапните информации нема повредени.

Исчезнати 15 планинари во поројни поплави во Гранд Кањон во САД

Американската служба за национални паркови првично соопшти дека се трага по повеќе од 20 луѓе, но подоцна бројот на исчезнати беше намален на околу 15. Поројните води предизвикале голема материјална штета во делови од Кањонот, однеле мостови и принудиле властите да затворат повеќе пешачки патеки. Една од евакуираните планинарки изјави дека времето било убаво пред луѓето одеднаш да почнат да врескаат и да бегаат од надојдената вода. Планинарите биле упатени на повисоки и побезбедни места, каде што со часови чекале да бидат евакуирани со хеликоптери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Цените во Македонија со месеци се до плафон, во продавници, маркет, на пазар, насекаде, платите стагнираат а стандардот на граѓаните паѓа.

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Потрошувачката кошничка достигна речиси 90.000 денари со вклучена кирија, додека просечната плата се намали за 1.163 денари.

Ова е последица на погрешните и криминални политики на Владата на Мицкоски која не презеде никакви мерки за заштита на стандардот на граѓаните.

Цените на горивата пораснаа, дизелот надмина 100 денари, а Владата на Мицкоски не мрдна со прст. Не ги намали акцизите, не го намали ДДВ од 18% на 5%. Не ја покачи минималната плата на 600 евра, ниту ги покачи платите и пензиите.

Во вакви услови воведувањето некаква на школскиот прибор нема да има никаков ефект.

На родители им се потребни поголеми плати, за да може децата да ги испратат во училиште, да му обезбедат храна, ужинка, облека, трошоци врзани со образовниот процес...

За Владата на Мицкоски граѓаните не се приоритет туку бизнис интересите.

Затоа граѓаните се оставени сами, без пари, со празни паричници и празни фрижидери.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Гари отворена спомен соба за копаничарот Петре Гарката

Вљубеници на големиот копаничар Петре Филиповски-Гарката отворија спомен соба посветена на Петре Гарката со цел да се зачува споменот на Гарката и неговата копаничарска уметност и традиција на мијачијата. 

Во Гари отворена спомен соба за копаничарот Петре Гарката

Петре Гарката е симобл на иконстасите во црквите и манастрите. Тој и неговата тајфа работеле на многу иконостаси. Најпознати негови иконостаси со неговата тајфа се иконостасите во манастирите „Св. Гаврил Лесновски“, Св. „Јован Бигорски“ и црквата Св. „Спас“ во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер