Манасиевски: ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40% покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците - Канал 5

Манасиевски: ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40% покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците

ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40% покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците.

Манасиевски: ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40% покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците

Синдикалецот на батерии Слободан Трендафилов со плата 3-4 пати поголема од минималната која ја добива благодарејќи на работниците кои членуваат во неговите синдикати, им го сврте грбот и не прифати зголемување на платите во администрацијата за 40% во следните 2 години.

Слободан Трендафилов кој е многу гласен кога СДС е во опозиција, а тивок кога тие беа на власт, го одбил предлогот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на платите на административните службеници за 40% во следните две години. Зошто? Само затоа што не сакал да го потпише новиот колективен договор.

Трендафилов ги остави работниците на цедило и без повисоки плати, затоа што е политички заробеник од страна на СДС. Договорот што тој лично заедно со минатата министерка за труд и социјална политика, а сегашна потпретседателка на СДС, Јованка Тренчевска го потпишал е истечен, а со тоа се отвора можност за нов колективен договор, за кој Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ предлага административните службеници да добијат 40% повисоки плати за 2 години.

Ова ССМ и Слободан Трендафилов и УПОЗ на чело со Трпе Деаноски го одбиваат.

Почитувани граѓани, почитувани работници,

Лицемерието на ССМ и Слободан Трендафилов е разоткриено. Додека од една страна глуми загрижен за работниците, за нивните права и за нивните плати, од другата страна докажува колку навистина му е грижа за работникот со тоа што го одбива предлогот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на платите во висина од 40%.

ССМ и Трендафилов не го поздравија досега ниту еднаш колективниот договор во образованието и здравството, ниту пак ги поздравија зголемените плати во МВР, Министерство за одбрана и во центрите за социјална работа.

На ССМ и Трендафилов не им е до зголемените плати на работниците, туку до тоа да и им наштетат на државата, а со тоа и на Владата што е можно повеќе.

Отворената поддршка која ССМ ја добива од Левица и од СДС, јасно говори кој седи позади овој организиран денешен протест.

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Казни до 1.800 евра за градилишта што го нарушуваат комуналниот ред и узурпираат јавни површини

Инспекциските служби на Општина Центар за една недела изрекоа глоби, во износ од 1.300 до 1.800 евра, за четири градилишта на територијата на локалната самоуправа.

Герасимовски: Казни до 1.800 евра за градилишта што го нарушуваат комуналниот ред и узурпираат јавни површини

Казните се изречени поради оставање градежен материјал и градежен шут на јавни површини, со што биле нарушени комуналниот ред и јавната чистота, а биле отежнати движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот.

„Нашите инспектори се на терен и будно ја следат состојбата на активните градилишта. Контролите продолжуваат, а особено внимание посветуваме одржувањето на чистотата и непреченото користење на јавниот простор. Секој што нема да ги почитува прописите ќе биде соодветно санкциониран“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Од Општина Центар апелираат до инвеститорите и градежните компании да не оги узупираат а јавните површини, да ги почитуваат законските обврски и да се грижат за безбедното движење на граѓаните.

Инспекциските контроли продолжуваат со засилен интензитет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мисајловски: Инфраструктурните активности продолжуваат со силно темпо

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска беше во Касарната „Гоце Делчев“ – Скопје, во увид на градежните активности за целосна реконструкција на објектот на Директоратот за безбедност и разузнавање во рамки на касарната.

Мисајловски: Инфраструктурните активности продолжуваат со силно темпо

При денешната посета, министерот во разговор со вработените посочи дека активно се работи на реализација на зацртаните цели и дека инвестициите кои се прават во делот на инфраструктурата се првенствено за подобрување на условите за работа и престој на вработените во Армијата и министерството.

Во моментов активно се работи на целосно завршување на активностите предвидени со реконструкцијата на овој објект односно се поставуваат нови преградни ѕидови, се поставува целосно нова електричната инсталација, осветлување, се работи на поврзување на противпожарна и громобранска инсталација, се поставува нов вентилациски систем и систем за греење, промена на подна облога и на врати и се извршуваат работни зафати за доработка на санитарните јазли како и довршување на гипсарски, молерофарбарски и фасадерски работи со цел постигнување на енергетска ефикасност на објектот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МОН-УНИЦЕФ: Модернизирано средното стручно образование со СТЕМ вештини за професиите на иднината

Со почетокот на новата учебна година, околу 10.800 ученици запишани во прва година средно стручно образование ќе станат првата генерација што ќе учи според модернизирани наставни програми.

МОН-УНИЦЕФ: Модернизирано средното стручно образование со СТЕМ вештини за професиите на иднината

Со почетокот на новата учебна година, околу 10.800 ученици запишани во прва година средно стручно образование ќе станат првата генерација што ќе учи според модернизирани наставни програми кои интегрираат СТЕМ-компетенции вклучувајќи зелени и дигитални аспекти во сите струки.

Со обука на 569 наставници, изготвени нови ресурси за учење и зајакната соработка со приватниот сектор, оваа реформа ќе им помогне на учениците да применуваат одржливи практики на идните работни места и да одговорат на предизвиците поврзани со климатските промени, кои сè повеќе влијаат врз секој сектор од економијата.

„Реформата доаѓа во време кога стручното образование станува сè попривлечно за младите луѓе. Денешните ученици ќе влезат на пазар на труд којшто се менува под влијание на технолошките промени, зелената транзиција и новите начини на работа. Со модернизирањето на стручното образование, им помагаме на младите да ги стекнат вештините неопходни за успех, а истовремено на компаниите им овозможуваме пристап до кадар подготвен да придонесе за раст, иновации и одржување на конкурентноста“, изјави Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Иако овие вештини се особено важни во сектори како што се обновливите извори на енергија, одржливото градење и зелените технологии, транзицијата кон зелена економија ги менува работните места во речиси сите сектори. Учениците од економските струки ќе учат за моделите на зелени бизниси и одржливи иновации, додека пак учениците од угостителско - туристичките струки ќе учат како да го намалат отпадот од храна и да применуваат одржливи практики.

Реформата е насочена кон надминување на јазот којшто постои меѓу еколошките амбиции на младите и нивното знаење и вештини во областа на животната средина. Предводена од Министерството за образование и наука и Центарот за развој на стручното образование, реформата ги вградува СТЕМ вештините кои вклучуваат зелените и дигиталните аспект во стручното образование. УНИЦЕФ обезбеди техничка поддршка со финансиски средства од Владата на Шведска и компанијата „Нелт“.

„Подготовката на децата и младите за иднината бара преиспитување на тоа кои вештини се важни во целиот образовен систем. Со вклучувањето на СТЕМ вештините кои вклучуваат зелените и дигиталните компетенциит во стручното образование, Македонија помага да се обезбеди секој ученик да биде подготвен за успех во економијата и климата што се менуваат“, изјави Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ.

Новите наставни програми им помагаат на учениците да развијат не само техничко знаење, туку и вештини за решавање проблеми, иновации и прилагодливост, со што ќе дадат значителен придонес во исполнувањето на целите од Стратегијата за образование 2026–2032 година и на Реформската агенда на Северна Македонија 2024–2027 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер