Продлабочување на партнерството со Грција: Министерството за јавна администрација отвора нови перспективи за професионален развој
2Продлабочување на партнерството со Грција: Министерството за јавна администрација отвора нови перспективи за професионален развој
3Отчет за една година мандат на градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска: „Кисела Вода, заедно секој ден“
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
1Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаМанасиевски: Покачувањето од 40% на платите на административните службеници, Трендафилов ги одбива по насока на СДС и ЛевицаПокачувањето од 40% на платите на административните службеници, Трендафилов ги одбива по насока на СДС и на Левица.Избраникот на СДС кој беше наместен преку Јованка Тренчевска за претседател на ССМ, Слободан Трендафилов, и ден денес продолжува да работи за СДС, а не за интересот на работниците. Трендафилов одбива да им се зголемат платите на работниците во јавниот сектор, затоа што мора да возврати на СДС кои го поставија за претседател на ССМ. Тој заедно со неговите другари ја продолжија послушноста кон СДС, која ССМ ја има историски. Трендафилов бара зголемување од 5-% на минималната плата, за само една година, а изминатите 7 години во време на СДС, минималната плата вкупно не се зголеми за 50%. Дополнително, ССМ и Трендафилов, не ги слушнавме ниту еднаш да говорат дека во времето на СДС се живееше тешко, со двоцифрена инфлација, со скапи цени по маркетите и со сметки за струја високи до плафон. Тогаш за Трендафилов и ССМ изгледа добро се живеело. Но, сепак ВМРО-ДПМНЕ е партија која размислува за иднината и доброто на работниците. Единственото моментално решение за зголемување на платите и на минималната плата, а притоа да немаме економска криза, висока инфлација и дупки во буџетите, е зголемување на платите за околу 14% во април годинава, а вкупно околу 40% до 2028 година или во бројка над 10.000 денари би се зголемила платата во администрацијата за само 2 години од денес. Го повикуваме Трендафилов барем еднаш да ја остави политиката на страна и да размислува за граѓаните и работниците. Да го прифати предлогот на Владата и работниците да добијат зголемени плати. Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
МакедонијаЈанчев: Работен состанок за конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот КавадарциДенеска, во просториите на Општина Кавадарци, се одржа работен состанок посветен на конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот Кавадарци.На состанокот присуствуваа градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, претставници на Јавното претпријатие за државни патишта, општинската администрација, стручните служби и инженери, поголем дел од членовите на Советот на Општина Кавадарци, како и професори од Градежниот факултет, во својство на ревиденти на проектот. По претходно разгледување на повеќе технички решенија и усогласување на стручните предлози, на денешниот состанок беше усвоено конечното решение за вториот дел од трасата, на потегот од „Југо Комерц“ до Витач. Согласно досега спроведените активности и обемот на потребната проектна документација, се очекува до средината на следната година да биде финализиран основниот и инфраструктурен проект, со што ќе се создадат услови за пристапување кон тендерска постапка и понатамошна реализација на проектот на терен. Утврдувањето на конечната траса претставува значаен чекор во процесот на подготовка за реализација на еден од важните инфраструктурни проекти за Кавадарци, кој има за цел подобрување на сообраќајното поврзување и растоварување на градскиот сообраќај. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
ТенисСинер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“Одлуката на најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер, да го вклучи Магнус Норман во својот тим изненади многумина, а Италијанецот конечно објасни што стои зад овој неочекуван потег. Клучна улога во целиот процес одигра легендарниот тенисер Швајцарецот, Стан Вавринка – поточно, неговото повлекување од тенисот, со што шведскиот стручњак официјално остана без ангажман. Синер, кој оваа сезона урива рекорди, го чекаше вистинскиот момент за да го ангажира човекот за кој верува дека на идеален начин ќе ја продолжи работата во неговиот тим, на Дарен Кејхил. На прес-конференцијата во Милано, каде што официјално се прости од Кејхил, Синер детално објасни зошто се одлучил токму за Норман: Ист принцип на работа: „Го избрав Норман бидејќи е многу сличен на Кејхил. Магнус со години го тренираше Стан и одлично го разбира начинот на кој ние работиме. Тоа е многу важно за мене, бидејќи нема да морам да почнувам од нула. На тој начин ќе продолжам да се менувам за еден отсто годишно, за да станувам сè подобар и подобар.“ На емотивното збогување во Милано присуствувал и самиот Дарен Кејхил, кој не штедел пофални зборови за својот сегашен ученик: „Создадовме феноменален тим околу Јаник, но 99 отсто од она што го постигнавме се должи на него, бидејќи Синер беше тој што излезе на теренот. Тој има неверојатна желба за работа – кога ќе му кажеме да истрча 10 километри, тој трча 11. Покрај тоа, во мојата кариера никогаш немам видено спортист кој постојано прашува и бара начини дополнително да напредува, како што тоа го прави тој.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродлабочување на партнерството со Грција: Министерството за јавна администрација отвора нови перспективи за професионален развојПродлабочување на партнерството со Грција: Министерството за јавна администрација отвора нови перспективи за професионален развој на административните службеници.Во рамки на официјална посета на Атина, Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари билатерална средба со високи претставници од Министерството за внатрешни работи и Националниот центар за јавна администрација и локална самоуправа на Република Грција (ЕКДДА), на која беше потврдена заедничката определба за продлабочување на институционалната соработка и размена на знаења и експертиза во областа на јавната администрација. На средбата присуствуваа заменик-министерката за внатрешни работи на Република Грција, г-ѓа Параскеви Харламбојани, претседателот на ЕКДДА, г-дин Василис Егзархос, раководителката на Академијата за професионален развој на административните службеници, д-р Ангела Бурбули, раководителот на Националното училиште за јавна администрација, г-дин Анастасиос Хондројани, како и генералната директорка на „Reform Greece“, г-ѓа Адамантија Манта. По билатералната средба се потпиша и Меморандум за соработка меѓу Министерството за јавна администрација и Националниот центар за јавна администрација и локална самоуправа на Република Грција, со кој се воспоставува институционална рамка за долгорочно партнерство во областа на професионалната обука, истражувањето и иновациите во јавната администрација. Партнерство со ЕКДДА е од особено значење за развојот на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници, чија цел е воспоставување современ и одржлив систем за континуирано професионално усовршување. Преку искуствата и експертизата на грчката Академија и Националното училиште за јавна администрација, се отвораат нови можности за унапредување на наставните програми, развој на современи модели на обука согласно европските стандарди и јакнење на професионалните компетенции на административните службеници. „Со продлабочување на регионалните и европските партнерства создаваме конкретна вредност за институциите и за граѓаните на нашата земја. Нашата цел е професионална, компетентна и ефикасна јавна администрација, а за тоа се потребни знаење, континуирана обука и силни институции. Грчкото искуство е значајно во развојот на нашата Академија и во изградбата на современ систем за професионален развој на административните службеници“ истакна министерот Минчев. Ова партнерство претставува уште еден значаен чекор во продлабочувањето на билатералната соработка меѓу двете земји, заснована на меѓусебна доверба, институционално поврзување и размена на добри практики. Преку ваквите иницијативи, Министерството за јавна администрација ја потврдува посветеноста за континуирано јакнење на административните капацитети и унапредување на јавните институции во интерес на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook