Манасиевски: Неодговорното однесување на Трендафилов излезе на виделина - Канал 5

Манасиевски: Неодговорното однесување на Трендафилов излезе на виделина

Неодговорното однесување на Трендафилов излезе на виделина, политичкиот театар нарачан од СДС и Левица излезе на површина.

Манасиевски: Неодговорното однесување на Трендафилов излезе на виделина

Неодговорно е однесувањето на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, кој вчера објави пост на социјалните мрежи со фотографија, на која вели дека чека претставник на Владата да дојде во просториите на ССМ за да се потпише зголемувањето на платите, а истовремено веќе бил закажан состанокот на Владата со гранковиот синдикат УПОЗ за истата намена.

Со ова почитувани граѓани се потврдуваат сите наши тези дека барањата на Трендафилов имаат политичка позадина и дека зад неговото раководење со ССМ, стојат СДС и Левица. Ова не е ништо повеќе од обичен театар наменет за јавноста, во која жртвата е Слободан Трендафилов а виновникот власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

На Трендафилов никогаш не му ни било до зголемување на платите, туку до наштетување на моменталната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и водење политика иста со онаа која ја води СДС и Левица. Се поставува прашањето, дали барањата на Трендафилов и ССМ, ги пишуваат СДС и Левица.

Трендафилов ниту еднаш не кажа ништо за зголемувањето на платите и новите колективни договори во образованието, здравството, полицијата, одбраната, социјалата и другите сектори. Но, за волја на вистината не кажа ништо и кога инфлацијата беше двоцифрено во времето на СДС и на ДУИ, не кажа ништо за ценовните шокови, не кажа ништо за зголемувањето на сметките за струја за над 50% и молчеше кога платите во неколку институции во државата доцнеа со месеци.

Да потсетиме и дека се потпишувале разни колективни договори во разни државни институции и сектори, без одобрение од министерството за финансии. Или во превод, СДС и ССМ си потпишувале договори, без да имаат претходно одобрено средства, што е спротивно на условите за потпишување на колективен договор.

Ова лицемерие на Трендафилов и ССМ покажува дека соработуваат со СДС и Левица против власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ. За среќа, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не бега од дијалог, туку инсистира истиот да биде сериозен, суштински и насочен кон резултати.

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам.

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на меѓусебната соработка и зајакнувањето на партнерските односи во повеќе области.

Посебно беше истакнато значењето на регионалната соработка и координацијата меѓу девете држави, како важен придонес кон остварувањето на заедничките приоритети и зајакнувањето на стабилноста и партнерството.

На средбата беа разменети и мислења за актуелните политички и економски прашања, како и за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката меѓу двете држави.

Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната Надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола побара 45 минути пауза, поради лагите изнесени од страна на Мицкоски за Алта банка. 

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината

„Барам процедурално затоа што иако Надзорната расправа требаше да биде а институт во којшто ќе се обзнани вистината пред јавноста, во претходниот исказ на сведокот слушнавме низа на невистини затоа што се мафташе со некои списоци. Во меѓувреме ги извадивме записниците и затоа барам барам 45 минути пауза за да се обзнани вистината. Вистината којашто некој сакаше да ја покаже пред јавноста, а тоа е лагата“, рече Битиќи.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Елена Костадиновска и Никола Бубевски се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Почетокот на Европското првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје означи старт на една од најголемите спортски манифестации од овој ранг кај нас, каде што за медали во конкуренција на најдобрите ќе се борат импресивни 1.191 натпреварувач од целиот континент.

Покрај македонските репрезентативци на татамите и ринговите, значаен дел од македонската делегација се и нашите меѓународни сениорски судии Елена Костадиновска и Никола Бубевски. Нивното учество на ваков престижен турнир е големо признание за нивниот професионализам, довербата од Европската федерација и потврда за квалитетот на македонската судиска организација на меѓународната сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер