Манасиевски: Неодговорноста на Филипче во пожарот во модуларната болница е пример дека СДС биле заштитени од правосудните органи - Канал 5

Манасиевски: Неодговорноста на Филипче во пожарот во модуларната болница е пример дека СДС биле заштитени од правосудните органи

Трагедијата во модуларната болница во Тетово, во која животот го загубија 14 наши сограѓани, останува најцрниот симбол на начинот на кој СДС и Венко Филипче управуваа со здравствениот систем.

Манасиевски: Неодговорноста на Филипче во пожарот во модуларната болница е пример дека СДС биле заштитени од правосудните органи

Трагедијата во модуларната болница во Тетово, во која животот го загубија 14 наши сограѓани, останува најцрниот симбол на начинот на кој СДС и Венко Филипче управуваа со здравствениот систем, со импровизации, со законски измени по своја мерка и со целосно занемарување на безбедносните стандарди.

Наместо да се подобрат условите во постојните болници и да се обезбеди сигурност за пациентите, тогашната влада на СДС по итна постапка го измени Законот за градење. Модуларните болници тогаш беа ставени во категорија „урбана опрема“, со што се заобиколија редовни постапки и контроли. Одобрението за поставување го издаваше Министерството за здравство, односно тогашниот министер Венко Филипче. Законот беше сменет за да се реализира проектот, а не за да се заштитат граѓаните.

Според јавно изнесените тврдења на поранешната обвинителка во СЈО Лејла Кадриу, наместо квалитетни панели со камена волна кои се отпорни на оган дури до 40 миниту, биле поставени панели со пур пена – материјал што лесно гори. Дополнително, се посочува дека немало елаборат за електрична енергија, ниту соодветна разводна табла. Почитувани, ова не се административни пропусти, туку сериозни безбедносни отстапки кои довеле до фатални последици.

Дополнително, Филипче го одбил и предлогот ковид пациентите да бидат сместени во двата слободни ката во болницата во Тетово. Наместо ова, тој туркал проект вреден милиони евра. Од добиените 30 милиони евра, Филипче потрошил 300.000 евра. Прашуваме, каде завршиле останатите средства? Кој ја презема одговорноста?

Дополнително шокантно е дека објектот бил поставен над резервоар на бензинска пумпа, со што можело да се предизвика уште поголема трагедија.

Поранешната обвинителка Лејла Кадриу јавно изјавува дека била суспендирана откако побарала градежно вештачење и дека доколку истрагата продолжела, како што вели таа, пола влада ќе завршела во затвор. Ако обвинител се трга во момент кога се доближува до одговорноста на високи функционери, тоа говори за директни притисоци и целосна партизација на правосудниот систем.

Ова беше системот на СДС и Филипче, законите се менуваа по потреба, институциите се ставаа под контрола, а одговорноста се избегнуваше.

Граѓаните заслужуваат целосна истрага, јасна одговорност и правда. Македонија не смее повеќе да биде држава во која политичката моќ е над законот, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се 16 возачи, 14 од нив немале возачка дозвола

Лишени од слобода 16 возачи за „безобѕирно управување возило“, 14 возеле без положен возачки испит.

Уапсени се 16 возачи, 14 од нив немале возачка дозвола

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници ги лишија од слобода А.Х. од Штип, Ј.Ф. од Прилеп, С.М.(38) и С.В.(23) двајцата од Кочани, Ј.К.(20) од Штип, 17 годишен малолетник с.Долно Количани, скопско, Ф. В.(27) од с.Студеничани, скопско, Е.Б.(36), И.С. (34), В.В. (18) сите од Скопје, Д.П.(20) и Б.Ј.(68) двајцата од Велес, Б.С.(33) од Куманово како и 16-годишен малолетник од с.Новаке, тетовско поради „безобѕирно управување возило“, односно затоа што управувале возило без возачка дозвола.

Исто така лишени се од слобода и В.Ј.(29) од с.Новаци, затоа што управувал возило под активна забрана за управување со моторно возило и С.Р.(39) од селото Скудриње, општина Маврово и Ростуше бидејќи возел под дејство на алкохол.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев се сретна со заменик -амбасадорот на САД, Закари Харисон и со офицерот за политички работи, Кејли Мекејлеб

Градоначалникот Митко Јанчев, оствари работна средба со вршителот на должност заменик-амбасадор на САД во Македонија, Закари Харисон и офицерот за политички работи Кејли Мекејлеб.

Јанчев се сретна со заменик -амбасадорот на САД, Закари Харисон и со офицерот за политички работи, Кејли Мекејлеб

На средбата беше разговарано за работата и приоритетите на Општина Кавадарци, актуелните предизвици и можностите за понатамошен развој, со посебен акцент на регионалниот развој и создавањето услови за нови можности за граѓаните.

Градоначалникот ги запозна гостите со реализираните проекти, развојните потенцијали на Кавадарци и визијата за понатамошен економски и инфраструктурен развој на општината.

Средбата беше можност за размена на искуства и идеи, како и за воспоставување и унапредување на соработката од заеднички интерес, објави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев на ФБ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хакери објавиле 1,4 милиони датотеки, откако Берлин одби да им плати уцена од 2 милиони евра

Хакерската група Рисида објави на темната мрежа речиси шест терабајти податоци од администрацијата во Берлин, а меѓу нив наводно има и исклучително чувствителни информации. 

Хакери објавиле 1,4 милиони датотеки, откако Берлин одби да им плати уцена од 2 милиони евра

Објавени се речиси 1,44 милиони датотеки, но администрацијата во Берлин и политичката елита сè уште не дале никакви значајни изјави за настанот, пишува Euronews.

Објавени се класифицирани планови за одбрана

Меѓу документите е и мапа со име „AG CBRN-Rahmenplanung“. Акронимот CBRN е кратенка за хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни закани. Ова значи дека строго доверливите сценарија за вакви закани сега се јавно достапни, давајќи им пристап до нив на терористичките групи и странските разузнавачки служби.

„Напад што директно ја загрозува државата“

Истражувачкиот новинар Ларс Винкелсдорф на платформата X оцени дека станува збор за сајбер напад „од размер што директно ја загрозува државата“.

„Покрај документите на Покраинската криминална полиција (LKA) поврзани со истрагите, датотеките содржат и планови за национална одбрана. Тие вклучуваат тајни канали за комуникација во случај на катастрофи на федералната влада, податоци за одбранбените компании и планови за кризни ситуации на владините агенции“, напиша Винкелсдорф.

Личните податоци на службеникот исто така беа протечени

Објавена е и голема количина лични податоци, првенствено на државни службеници. Тие вклучуваат изводи од матична книга на родени, евиденција за отсуства, приватни телефонски броеви и домашни адреси.

Отфрлена уцена од два милиони евра

Хакерите претходно се заканија дека ќе ги објават податоците и побараа откуп од 30 биткоини, што одговара на износ од околу два милиони евра. Тие поставија рок кој истече во петок околу 15:35 часот. Дури и пред рокот, Берлинскиот сенат изјави дека во принцип не се согласува со таква уцена.

Кратко по рокот, целиот пакет податоци беше објавен на темната мрежа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер