Манасиевски: Македонија процентуално е меѓу првите со издвоени најмногу пари од БДП за правосудството во регионот и Европа - Канал 5

Манасиевски: Македонија процентуално е меѓу првите со издвоени најмногу пари од БДП за правосудството во регионот и Европа

Македонија процентуално е меѓу првите со издвоени најмногу пари од БДП за правосудството во регионот и Европа, а правдата никаде ја нема.

Манасиевски: Македонија процентуално е меѓу првите со издвоени најмногу пари од БДП за правосудството во регионот и Европа

Иако Македонија е мала држава и по територија и по население, издвојува значителни средства за правосудниот систем. Дури 0,39% од БДП се дава за правосудството. Тоа е повеќе од Франција со 0,20%, Германија издвојува 0,30%, Грција 0,26%, соседна Албанија 0,29%, Молдавија 0,35% и Грузија 0,23%. Во превод, државата вложува најмногу, а добива најмалку.

Наместо независно и ефикасно судство, граѓаните гледаат бавни постапки, нерешени предмети, одложувања без основ, политички влијанија и недоверба. Судниците се претвораат во места каде што правдата се чека, но речиси никогаш не се добива.

Судството треба да биде стожер на правдата, а не алатка во рацете на поединци и политички групи. Граѓаните плаќаат, а за возврат добиваат нефункционален систем кој не ја штити вистината, туку ја одложува. А понекогаш, таа воопшто не ни стигнува.

И токму затоа, иако Македонија процентуално издвојува најмногу средства од БДП за правосудството во регионот и Европа, судиите кои земаат и до три просечни плати, а некои и повеќе, сепак бараат уште. А резултати нема. Нема ниту правда, ниту квалитет, ниту реформи. Плаќаме најмногу, а добиваме најмалку.

Клучното прашање е дали овие луѓе заслужуваат повисоки плати? Реформи мора да има.

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Три маскирани лица ограбиле обложувалница во Чаир

Ограбена обложувалница во Чаир, тројца вооружени со маски му се заканувале на вработениот.

Три маскирани лица ограбиле обложувалница во Чаир

Три маскирани лица ограбиле спортска обложувалница на подрачјето на Чаир во Скопје, при што со огнено оружје му се заканувале на вработениот, објави ТВ21. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 30 октомври, во 23:54 часот.

„Три лица од машки пол, со закана со огнено оружје, му ги одзеле на вработениот парите од дневниот промет“, соопшти МВР.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор

 Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна  затвор за вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница. 

ДИК: Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор

Според податоците пристигнати до Државната изборна комисија, од вкупно 9 пријавени лица за гласање во казнено поправните установи во државата, гласале вкупно 8 лица.

Од вкупно 107 болни или немоќни лица со право на глас, правото на глас го оствариле 104 лица.

Гласањето во текот на денот се одвиваше без проблеми и секој гласач имаше можност слободно да го оствари своето право на глас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предизборен молк пред вториот круг на предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Според информациите од Државната изборна комисија вкупно107 болни и немоќни лица денеска можат да го остварат своето право на глас. Таква можнмост имаат и 9 лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор.

Предизборен молк пред вториот круг на предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Гласањето на затворениците се спроведува во три Казнено-поправни установи на територијата на државата, лоцирани во скопје, штип и тетово.

Гласањето започна утринава во 7 часот, а вториот круг од изборите во Брвеница ќе го следат вкупно 61 акредитиран набљудувач, од кои 56 се домашни, а пет се меѓународни

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер