Манасиевски: Левица и Апасиев се демаскирани, тезите дека купиле подрум се неточни - Канал 5

Манасиевски: Левица и Апасиев се демаскирани, тезите дека купиле подрум се неточни

Се размотува клопчето околу деловниот простор од над 400 м2 на Левица во центарот на Скопје, вистината целосно излегува на виделина.

Манасиевски: Левица и Апасиев се демаскирани, тезите дека купиле подрум се неточни

Тезите дека Левица купила подрум, воопшто не се точни и претставува манипулирање на членството на таа партија, но и граѓаните воопшто.

Фотографиите кои ги видовме од деловниот објект, јасно се гледа дека не е само подрум во прашање, туку и високо приземје.

Интересно е што во овој објект на Левица пред нецели два месеци е отворена фирма и кафе бар, а сопственикот на истиот е член на Централниот комитет на Левица Зоран Ивановски, кој истовремено е и член на УО на ЈП Водовод и канализација.

Ова е извадок од тековна состојба од која се гледа дека адресата на фирмата на Ивановски е во дуќанот на Левица.

Ивановски може да се види често и во друштво на Димитар Апасиев.

Почитувани, толку од скромноста и левичарството на Апасиев и Левица, од левичари до могули со кафе барови преку ноќ.

И Апасиев и Левица се демаскирани.

YouTube video

Прашање: Ваш коментар за случувањата во ДКСК, поточно со претседателката?

Одговор - Манасиевски: Без разлика на припадност и функција, секој вклучен во противправно дејство ако има докази мора да одговара

Секој инволвиран во одредено противправно дејствие за кое постојат јасни докази и факти, мора да одговара, без разлика на неговата политичка, верска, етничка, а најмалку без разлика на неговата функција која ја извршува.

Доколку постојат докази за сторено кривично дело, недозволено е таквото однесување.

Од аспект на морал сметаме дека поголемата одговорноста кај лицата кои извршуваат високи јавни функции, отколку кај останатите.

Нашата заложба како Влада е јасна, а тоа значи бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата.

Правдата и владеењето на правото е важен двигател за развојот и перспективата на државата и затоа секој еден поединец или чинител кој извршува јавна функција мора да е насочен кон исполнување на сопствените индивидуални должности и обврски, односно целосно почитување на законските норми.

Ги повикуваме надлежните институции целосно да го расчистат случајот и да покажат дека секој којшто се огрешил пред законот соодветно ќе биде казнет за истото.

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Сопруги на српски фудбалери го истакнаа деколтето?!

Поубавите половини на српските фудбалски ѕвезди,  Предраг Рајковиќ, Александар Митровиќ и на Зоран Бамби Тошиќ го „запалија“ интернетот!

Фото: Сопруги на српски фудбалери го истакнаа деколтето?!

Девојките и сопругите на скапоплатените фудбалери отсекогаш важеле за вистински убавици кои предизвикуваат воздишките меѓу мажите каде и да се појават.

Така е и со сопругите на српските спортисти кои речиси секојдневно ја креваат температурата на социјалните мрежи.

Деновиве на Инстаграм особено се активни поубавата половина на голманот на новиот шампион на Саудиска Арабија, Ал Итихад, Предраг Рајковиќ - Ана, сопругата на најдобриот стрелец во дресот на Србија, Александар Митровиќ - Кристина и избраничката на Зоран Бамби Тошиќ - Јована Гајиќ.

Во преден план на фотографиите се бујните гради и облини на овие убавици.

Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

Светската фудбалска ведета, Португалецот Кристијано Роналдо повторно е најплатениот светски спортист. 

Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

Португалскиот ас трета година по ред, а петти во кариерата е најплатениот спортист во светот со годишна плата од 275 милиони долари, објави магазинот Форбс.

На второ место на листата на најплатени спортисти на Планетата е американскиот кошаркар Стеф Кари од Голден Стејт Вориорс со 156 милиони долари, а трет е британскиот боксер Тајсон Фјури со 146 милиони долари.

Четвртото место го зазема НФЛ ѕвездата Дак Прескот со 137 милиони, додека аргентинскиот фудбалер Лионел Меси од третото падна на петтото со заработка од 135 милиони.

Најкорисниот кошаркар во НБА лигата, Србинот Никола Јокиќ е 41-ви со заработка од 57,6 милиони долари.

Фото: Сексапилна пејачка блеска во бикини!

Кој би рекол дека светската музичка ѕвезда Никол Шерцингер има 46 години.

Фото: Сексапилна пејачка блеска во бикини!

Најсексапилната пејачка во светот според нејзините милиони фанови, со нови фотки иако е длабоко влезена во петтата деценија од животот повторно покажа како блеска во бикини.

Никол уште еднаш ги почести своите фанови со атрактивен изглед во бикини.

По нејзиниот деби настап на овогодинешната Мет Гала, убавата Никол Шерцингер е на заслужен одмор.

Пејачката неодамна на Инстаграм објави жешки фотографии од уште пожешка плажа, а судејќи по објавата, таа ужива „за сите пари“.

притисни ентер