Манасиевски: Апасиев нема проблем со извршителите кои им го земаат лебот од уста на граѓаните - Канал 5

Манасиевски: Апасиев нема проблем со извршителите кои им го земаат лебот од уста на граѓаните

Како се чувствува Апасиев како газда на дуќан, купен под цена, а одземен од некои граѓани кои неможеле да го отплатат?

Манасиевски: Апасиев нема проблем со извршителите кои им го земаат лебот од уста на граѓаните

Оваа зделка на Апасиев и Левица целосно ги демаскира, извршителите и банките не им пречат кога од нив купуваат евтин имот.

Апасиев нема проблем со извршителите кои им го земаат лебот од уста на граѓаните, кога истиот тој леб му го ставаат во уста на него.

Борбата против извршителите Апасиев ја закити со дуќан кој според пазарните цени може да чини и до милион евра во центарот на Скопје.

Оваа зделка на Апасиев немаше да биде возможна без извршителите и банките, кои тој лицемерно ги напаѓаше, додека само чекал кога да влезе во зделка со истите.

Лажниот аскет Апасиев се покажа со целото негово лицемерие. Сите знаат дека Апасиев и Левица се жедни за дуќани во центарот на Скопје купени по багателни цени, жедни за скапи коли и за станови.

YouTube video

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

„Гответе со Дракче“ - Тортилја пица

Во среда (23.04.2025) во емисијата гостин ни бeше Јелена Спенџарска

„Гответе со Дракче“ - Тортилја пица

Состојки за денешниот рецепт:

1 мала тортилја

2 јајца

1 ќесичка „бејби“ спанаќ

5 - 6 шери доматчиња

150 гр. рендан кашкавал

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Астон вила е заинтересирана за Кевин Де Брујне

Астон вила остварила преговори со застапниците на фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне, пишува „Sky Sports“.

Астон вила е заинтересирана за Кевин Де Брујне

На почетокот на април, 33-годишниот Белгиец најави дека на лето ќе го напушти Сити, каде што играше од 2015 година.

Де Брујне оваа сезона одигра 35 натпревари во сите натпреварувања, постигна пет голови и осум асистенции.

На четири кола пред крајот на сезоната во англиската фудбалска Премиер лига, Астон вила има 57 бодови и е во конкуренција за освојување место кое води во Лигата на шампионите следната сезона.

Продажбата на „Тесла“ на пазарот на ЕУ со пад од 45 отсто

Продажбата на „Тесла“ на пазарот на ЕУ продолжи да паѓа во првиот квартал од 2025 година, со намалени регистрации за 45 отсто на годишно ниво, покажаа податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA).

Продажбата на „Тесла“ на пазарот на ЕУ со пад од 45 отсто

Во ЕУ, бројот на регистрирани возила на „Тесла“ падна на 36.167 во споредба со 65.774 во првите три месеци од 2024 година, што е најголем релативен пад во тој период меѓу големите производители на автомобили.

Продажбата на „Тесла“ во Европската унија падна за 36 отсто во март во споредба со март 2024 година.

Тоа е продолжување на негативниот тренд за американскиот производител на автомобили во сопственост на милијардерот Илон Маск, иако падот е малку забавен во однос на почетокот на годината.

Помеѓу јануари и февруари, регистрациите паднаа за 49 отсто на годишно ниво.

Групацијата Фолксваген забележа благ пораст од речиси 5 отсто, додека БМВ забележа скромен пораст од 0,4 отсто. Мерцедес-Бенц, пак, забележа пад од 6,2 отсто.

Севкупно, регистрациите на нови автомобили во Европската унија се намалија за 1,9 отсто во првиот квартал, иако електричните возила (ЕВ) забележаа раст од 23,9 отсто, достигнувајќи пазарен удел од 15,2 отсто.

Регистрациите на електрични автомобили значително се зголемија во март во Германија, Белгија и Данска, а почнуваат да се зголемуваат во Шпанија и Италија, кои заостануваат далеку зад нивните европски соседи.

Од друга страна, тие се намалија во Франција (-14 отсто во однос на март 2024 година), каде се уште се чувствуваат ефектите од намалувањето на еколошкиот бонус.

Сигрид де Врис, генерален директор на ACEA, смета дека овој напредок во електричните возила во Европската унија не е доволен за автомобилското лоби, што укажува на „цврстиот јаз меѓу амбициозните цели за декарбонизација и реалноста на побавно од очекуваното прифаќање од страна на потрошувачите“.

притисни ентер