3Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела
МакедонијаМалолетник управувал мопед и удрил во полицаецМалолетник синоќа е лишен од слобода откако со мопед удрил полицаец. Малолетникот бил сопрен за контрола од полициски службеници на ОВР Неготино, но го стартувал мопедот и удрил во еден од нив. Притоа, повторно бил сопрен и при преглед во неговиот мопед била пронајдена и одземена зелена растителна материја. Како што информира СВР Велес, со малолетникот бил извршен разговор во полициска станица, во присуство на родител, адвокат и претставник од Центарот за социјални работи Неготино. Известен бил и јавен обвинител. По документирање на случајот, ќе бил поднесен соодветен поднесок. - Синоќа во 19.45 часот на регионалниот пат Демир Капија - Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино лишиле од слобода малолетник. При контрола од страна на полициски службеници, откако бил сопрен мопед управуван од малолетникот, тој во еден момент го стартувал мопедот и удрил во полициски службеник, по што повторно бил сопрен и при прегледот во мопедот била пронајдена и одземена зелена растителна материја, соопштија од СВР Велес. Според СВР Велес, вчера попладне во 16.00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода и Д.С.(29) од Кавадарци, по претходна пријава од Т.С. (62) од село Дреново дека на улицата „Видое Смилевски Бато“ во Кавадарци, додека се движел со неговото патничко возило, Д.С. му го попречил патот, агресивно се однесувал кон него, удирал по возилото и му го оштетил и физички го нападнал. Д.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија од СВР Велес. Тагови: Неготино мопед полицаец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
СветТрамп: Европа штотуку се согласи веднаш да ослободи огромни количества дизелТрамп ја објави одлуката на социјалните мрежи без да прецизира кои земји ќе ги ослободат резервите или за кои количества станува збор.Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Европа се согласила „веднаш“ да ослободи дел од своите резерви на дизел, додека тој и неговата Републиканска партија се соочуваат со притисок да реагираат на вртоглавиот раст на цените пред ноемвриските избори за Конгресот. Трамп ја објави одлуката на социјалните мрежи без да прецизира кои земји ќе ги ослободат резервите или за кои количества станува збор. „Европа штотуку се согласи да ослободи огромно количество од своите големи резерви на дизел гориво. Процесот ќе започне веднаш“, напиша тој. Опаѓање на популарноста на Трамп и раст на цените на горивото Популарноста на претседателот опаѓа бидејќи војната со Иран и неговите трговски конфликти ги зголемуваат цените на нафтата и другите суровини во САД. Цените на горивото во САД и во странство нагло пораснаа за време на осуммесечната војна, а Трамп постојано изјавуваше дека плаќањето на таква цена е оправдано за да се спречи Иран да дојде до нуклеарно оружје. Трамп тврди дека цените ќе паднат штом ќе заврши војната, иако засега не се гледа крај на конфликтот. Просечната цена на галон (3,785 литри) дизел во САД денес изнесуваше 6,37 долари, според податоците на Американската автомобилска асоцијација (AAA), откако на 22 септември достигна рекордно ниво од 6,52 долари. Одржани серија состаноци Трамп разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон – кој моментално претседава со Г7 – за потребата да се решат проблемите со растот на цените на горивото и достапноста на нафтените деривати. Потоа, Макрон претседаваше со видеоконференција на лидерите на Г7 за да се разговара за ова прашање. Новите информации доаѓаат откако земјите од Европската унија денес разговараа за француски предлог според кој европските земји би ослободиле 50 милиони барели дизел од стратешките резерви, додека членките на Меѓународната агенција за енергетика би ослободиле дополнителни 50 милиони барели сурова нафта. Трамп ја оцени својата работа на полето на економијата со највисока оценка (А+) Новата анкета на „AP-NORC“ покажа дека мнозинството возрасни Американци го сметаат Трамп за одговорен за високите цени, додека поддршката за начинот на кој тој ја води економијата падна на ново најниско ниво. Трамп е сè повеќе фрустриран од она што го доживува како несовпаѓање меѓу неговите постигнувања и начинот на кој јавноста ја оценува неговата работа. Оваа недела тој на својата работа на полето на економијата си даде оценка „А+“, но нагласи: „Исклучително лошо стоиме со промоцијата.“Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаШто може да очекуваме по посетата на Урсула фон дер Лајен во Македонија?Дали најавата за активен дијалог со Софија може да резултира со некаков епилог во македонските евроинтеграции, може ли да се потпреме на европско посредништво, колку Унијата е подготвена да го оживи процесот во наша корист?На овие прашања по посетата на Урсула фон дер Лајен побаравме одговори од политичкиот аналитичар Петар Арсовски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната неделаПо даден совет од претседателката на Европската Комисија - Урсула фон дер Лајен ќе се иницира билатерална средба меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија следната недела во Софија. Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски по средбата со фон дер Лајен, според која тоа е неопходно за да се придвижи дијалогот, а уставните измени остануваат клучен чекор. -Се договоривме да го направиме првиот нов чекор следната недела, да се обидеме да го одблокираме процесот, всушност да го претвориме во процес, тоа е најважниот дел. Сега има само еден клучен чекор кој треба да го превземете за да можете да се придвижите напред. Знам колку е ова чуствително, но сакам да бидам јасна околу она за што се залага Европа. Ние и посакуваме добредојде на С.Македонија со нејзиниот јазик и идентитет.- Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европска Комисија -Не бараме од Унијата да завземе страна, бараме да помогне во создавање услови за оддржливо европско решение во кое договореното ќе биде јасно, обврските ќе важат за сите а процесот на пристапување нема повторно да биде отворен за нови билатерални условувања. // Јас веднаш побарав од министерот (Муцунски) да испрати дипломатска нота да побара време за средба и состанок со неговата колешка.- Христијан Мицкоски, претседател на Влада Македонија засега не добива патоказ како останатите четири земји кандидатки бидејќи е со блокиран пат, односно тие веќе се длабоко навлезени во преговарачкиот процес. -Во моментот кога ќе ја деблокираме ситуацијата тука, моето лично мислење е дека можеме да бидеме мошне брзи со Македонија затоа што веќе интензивно работиме на реформите коишто се неопходни. Да, се уште има работа, но импресивно е она што досега го имате направено. Сега се фокусираме многу за да деблокираме, за да можеме потоа да дојдеме со патоказ и во Македонија.- Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европска Комисија Премиерот Мицкоски укажа дека земјава ги исполнува своите реформски обврски но очекува европскиот пат да е фер и базиран на правила, а дијалогот со Бугарија да се одвива во добра волја, меѓусебно почитување и без нови условувања, барања и толкувања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter