Мали: Белград, Скопје и Тирана на 10 ноември ќе потпишат Договор за царински постапки - Канал 5

Мали: Белград, Скопје и Тирана на 10 ноември ќе потпишат Договор за царински постапки

Српскиот претседател Александар Вучиќ по одржувањето на денешната видео конференција со премиерите на Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама изјави дека е постигнат договор за три точки.

Мали: Белград, Скопје и Тирана на 10 ноември ќе потпишат Договор за царински постапки

Постигнат е договор за три точки – работни дозволи, взаемна помош во случај на елементарни непогоди и побрза царинска работа.

Како што јави допсиникот на МИА од Белград, српскиот министер за финансии Синиша Мали, кој со Вучиќ учествуваше на трилатералниот состанок со премиерите Заев и Рама, изјави дека одлуките донесени денеска се многу важни за сите земји во регионот, со порака дека иницијативата за напредната регионална соработка во рамки на Берлинскиот процес е иднината на регионот и дава основа за економски развој на регионот и секоја земја одделно.

Тој посочи дека е договорено потпишување на Договор за подобрување на царинската политика за поедноставување на царинските постапки, со што камионите непречено ќе ги преминуваат границите, без да чекаат неколку часа. – Сето ова ќе придонесе за развој на економијата на целиот регион и директно за развој и раст на животниот стандард на сите граѓани во регионот, изјави Мали.

– Ова се важни договори. Замислете како ќе изгледа овој регион кога ќе ја преминете границата само со лична карта и ќе стигнете до Албанија, Македонија или некоја друга земја што наскоро ќе се приклучи на оваа иницијатива, изјави Мали.

Тој нагласи дека во рамки на оваа иницијатива ќе се направи список на заеднички инфраструктурни проекти кои понатаму треба да придонесат за подобрување на квалитетот на инфраструктурата и економскиот развој на регионот.

Мали потсети дека на 10 ноември се очекува потпишување на договорите и дека сликата ќе биде сосема поинаква на 11 ноември, кога ќе започне реализацијата на договореното, нагласувајќи дека напредната регионална соработка во рамки на Берлинскиот процес претставува иднина за Западниот Балкан и основа за економски развој на целиот регион и на секоја земја одделно.

– Направивме вистинска работа и без оглед на некои разлики, клучно е како на граѓаните од целиот регион да им биде подобро, нагласи српскиот министер за финансии.

Претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж изјави дека договорот постигнат денеска е од големо значење за деловната заедница во регионот, особено поради поддршката што ја добија од тројцата лидери за интензивен и чест дијалог меѓу компаниите и владите.

– Ова е една од многу важните работи, како и договорот за работни дозволи, што практично значи воспоставување единствен пазар на труд во трите земји, посочи Чадеж.

Тој изрази надеж дека и други партнери од сите шест економии во регионот на Западен Балкан ќе се приклучат на иницијативата и на тој начин ќе покажат дека ова има смисла и дека луѓето што работат имаат корист од тоа.

– Многу е важно дека е постигнат многу силен договор да се оди на меѓусебни договори за преминување на границите, без разлика дали се работи за царинска, ветеринарна или фитосанитарна инспекција, за да се забрза овој процес, истакна Чадеж, додавајќи дека српскиот министе за финансии и неговите партнери во Тирана и во Скопје работат на тоа многу добро. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Запленети и уништени се 1000 килограми пилешки желудник

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа вонредни инспекциски контроли во месарници во Струга и Охрид, при што запленети и уништени се 1000 килограми пилешки желудник кој е забранет за увоз и користење. 

АХВ: Запленети и уништени се 1000 килограми пилешки желудник

Дополнително, запленети и уништени се и 55 килограми подготовки од месо каде бил употребен пилешки желудник. Против две месарници кои не го почитувале донесеното Решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудник наменети за човечка исхрана, во производство на подготовки и производи поднесени се соодветни прекршочни санкции.

Спроведените контроли на Агенцијата во месарниците во Охрид и Струга се дел од засилените контроли кои се спроведуваат во насока на спречување на нелегалните активности во прометот со овој вид храна, сузбивање на овој вид криминал и заштита на здравјето на потрошувачите.

Со цел обезбедување на висок степен на заштита на јавното здравје и интересите на потрошувачите, Агенцијата во јули 2024 година донесе решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудник наменети за човечка исхрана, во производство на подготовки и производи од поради утврдени потенцијали ризици од употребата на мускулниот дел од желудникот на живината по здравјето на луѓето - можна контаминација со патогени- бактерии и вируси, присуство на токсини и сл. Решението за забрана АХВ ја донесе врз основа на резултатите од спроведената анализа на ризик од можни опасности по здравјето на граѓаните од консумација на овој тип внатрешни органи од живина по здравјето на граѓаните и од резултатите од спроведените инспекциски контроли со кои тогаш беше утврдена злоупотреба и измама на потрошувачите од страна на неколку месни индустрии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации

Како што дознава Канал 5 крим полиција е повторно на терен.

Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации

Неофицијално, дознаваме дека Одделот за криминалистичка полиција при МВР координирано со сите Сектори за внатрешни работи и организациска единица за службени кучиња, продолжуваат со воспоставениот континуитет на работа и вршат претреси на над 40тина локации веќе два дена.

Според информацииите, пронајдени се дрога, оружје, пари, мачети и други предмети кои потекнуваат од кривични дела.

Акцијата е продолжение и резултат на координираното постапување на сите организициски единици на МВР и уште еднаш ја отсликува силната волја и заложба на Министерството за внатрешни работи за бескомпромисна борба во сузбивање на криминалот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со партнерска соработка до побрза енергетска обнова на јавните објекти

Енергетската обнова на јавните објекти е инвестиција во пониски трошоци, помала потрошувачка на енергија и поодржлива јавна инфраструктура. 

Со партнерска соработка до побрза енергетска обнова на јавните објекти

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја унапредува координацијата со меѓународните партнери за забрзување на енергетската обнова на јавните објекти, намалување на потрошувачката на енергија и поефикасно користење на јавните ресурси.

Во рамки на подготовката на проектот PIONEER-MK, со поддршка на програмата PEEB Cool, во Министерството се реализираше мисија на Француската агенција за развој (AFD), во чии рамки се одржа партнерски состанок со претставници на AFD, Светската банка, Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и Канцеларијата на Претседателот на Владата.

На состанокот се разгледаа можностите за подобра координација на активностите и унапредување на соработката за спроведување на Планот за реконструкција на зградите што ги користат институциите од јавниот сектор на државно ниво, за периодот од ноември 2025 до ноември 2028 година.

Енергетската обнова на јавните објекти е инвестиција во пониски трошоци, помала потрошувачка на енергија и поодржлива јавна инфраструктура. Преку усогласено дејствување на домашните институции и меѓународните партнери се создаваат услови за поефикасно спроведување на мерките за енергетска ефикасност и намалување на емисиите на стакленички гасови.

Министерството продолжува да ја зајакнува соработката со националните и меѓународните институции, со цел спроведување на реформските приоритети и исполнување на националните и европските цели за енергетска ефикасност и зелена транзиција.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер