3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ТехнологијаМал број организации прават проценка на ризиците од кибер нападиОколу 700 граѓани досега успешно завршиле најмалку една од обуките што се спроведуваат преку порталот на МКД CIRT за едукација во областа на кибер безбедност. Мал број организации прават процена на ризици и за таа намена на своите информациски средства им поврзуваат вредност или ниво на значење, односно важност, велат за МИА од Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти МКД CIRT, што функционира во рамки на Агенцијата за електронски комуникации. Околу 700 граѓани досега успешно завршиле најмалку една од обуките што се спроведуваат преку порталот на МКД CIRT за едукација во областа на кибер безбедност. MKD-CIRT како национална точка за одговор и за коориднација во справување со инциденти кај мрежи и компјутерски инциденти евидентира пријави за инциденти и напади од разни типови. Некои од пријавите доаѓаат од трети лица, некои од самата организација што е цел на кибер нападот, а и сами детектираат „проблеми“ за кои потоа бараат потврда од организацијата дали се резултат од напад. -Во 2022 година бележиме кибер инциденти и напади како што се: DDoS напади кои преку блокирање на веб сервери имаат за крајна цел недостапност на онлајн услуги, Defacement – поставување на недолични содржини на веб-сајтови, Фишинг страници поставени на хакирани македонски страници кои најчесто се наменети за интернет корисници од странство – на пр. поставување на лажна страница за банка од друга земја на македонски веб сервер и сајт, Фишинг меилови/кампањи, Рансомвер (ransomware) – група малициозни апликации кои го спречуваат корисникот да го користи својот компјутер или уред. Препорачуваме пријава на инцидентите до MKD-CIRT, а кибер криминалот како рансомвер, хакирање на веб-сајтови и слично да се пријават во Министерството за внатрешни работи и кај нас, информираат од МКД CIRT. Немаaт точни информации и бројки за претрпени штети. Ова, појаснуваат, е директно поврзано со фактот што мал број организации прават процена на ризици и за таа намена на своите информациски средства им поврзуваат вредност или ниво на значење/важност. Секако дека има штета, како на пример репутациска – се намалува довербата на посетителите на веб-сајтови и на корисници на услуги на организацијата. Во тек е испитување на јавно мислење, односно анкетирање на граѓаните за значењето на кибер безбедноста, a се очекува резулатите да бидат објавени месецов. На тој начин се обидуваат да идентификуваат теми од областа кај кои има поголема потреба од подобрување. -Секогаш има простор за подобрување – едуцирани интернет корисници се заштитени и отпорни интернет корисници, посочуваат од MKD-CIRT. Ова тело има поставено портал за едукација во областа на кибер безбедност, засега за две основни обуки: за вработени и за менаџери. Обуката за вработени опфаќа теми како силни лозинки, заштита на социјални мрежи, користење на Wi-Fi и сл., додека обуката за менаџери се фокусира на безбедност на организација, процена на кибер ризици и справување со нив. За следење на овие бесплатни обуки потребна е регистрирација на порталот https://lms.mkd-cirt.mk и да се изберете саканата обука. По успешно завршена обука и положен квиз со минимум 70 проценти точни одговори, добивате сертификат за успешно завршена обука. Обуките се достапни на македонски и албански јазик. Досега околу 700 граѓани успешно завршиле најмалку една од обуките. Граѓаните преку квизовите ќе го проверат своето знаење и имаат можност да научат нешто ново за кибер безбедноста. Крајна цел е да се зголеми отпорноста на граѓаните и спречување на кибер напади. Во тек се и подготовки за обуки за сајбер безбедност од 10-ти до 20-ти месецов, кои не се од јавен карактер и се со со ограничен број учесници. Темите на обуките се идентификација, справување и пријава на кибер напади и инциденти, но секоја обука има различна целна група учесници, односно критична инфраструктура, владин и јавен сектор и мали и средни претпријатија. На прашањето колку се ранливи на кибер напади и инциденти македонските институции и компании од МКД CIRT порачуваат дека секоја организација треба да се грижи за безбедноста од кибер напади кои може негативно да влијаат пред се на вработените и корисниците, како и на ИКТ системите и услугите на организацијата. Тоа, потенцираат, значи дека една организација треба да има квалитетна стручна техничка поддршка која ќе се грижи за безбедноста. Препорачуваат навремено ажурирање на системите и услугите, и примена на основните мерки и контроли за што повеќе информации има на веб страницата https://mkd-cirt.mk. Во таа насока имаат објавено и шема за сертификација преку самооценување „Кибер Одговорна Организација“. -Секоја организација треба да се грижи за кибер безбедноста. Со цел да се мотивираат организациите да имплементираат мерки и добри практики за кибер безбедност во своето работење, MKD-CIRT објави сертификација и „Беџ за кибер одговорна организација”, кои ќе овозможат јасно препознавање на организациите кои успешно ќе го завршат процесот на самооценување на своето работење и согласно правилата предвидени со процедурата успешно ќе ја завршат постапката за сертификација за „сајбер одговорна организација“, велат од MKD CIRT. Во однос на тоа дали превентивните активности се „скапа“ инвестиција и дали се вложува во опрема и во обука на кадри кај нас посочуваат дека и овде важи правилото дека превенцијата е поевтина од лекување, во овој опоравување од кибер инцидент. Зависи од големината на организацијата, тоа што организацијата смета дека и е важно да го заштити. Недостиг на кадри е глобален и важи и кај нас. Секоја организација треба да процени и инвестира соодветно со цел да има баланс меѓу трошоците и реалните потреби за заштита. MKD-CIRT е формирана во рамки на Агенцијата за електронски комуникации како национална точка за одговор и за координација во справување со инциденти кај мрежи и компјутерски инциденти. Улогата е советодавна со насоки за справување со инцидентите и за коориднација и комуникација со организации во државата и надвор, и со други национални CIRT тимови со цел соработка во справување со инцидентите и размена на искуства и добра пракса. Отаму сметаат дека е потребен посебен закон со цел подетално да се идентификуваат организациите кои ќе имаат улога во кибер безбедноста на државата, како и за подетална дефиниција за обврските и ингеренциите за сите вклучени страни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно и посвежоВремето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени. Во Скопје, променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени. Од утре ќе преовладува променливо облачно време, освен во северните делови каде ќе има услови за појава на врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, а денес и утре наместа долж Повардарието повремено засилен до силен северозападен ветер. Во петок и за време на викендот ќе има услови за врнежи.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
КултураАктерката Соња Михајлова добитничка на наградата „4-ти Ноември“ за животно делоМихајлова е актерка со богат репертоар, со десетици улоги кои оставиле траен печат во македонскиот театар.По предлог на НУ Народен театар – Битола и директорот Васко Мавровски, доајенката на македонската театарска сцена, актерката Соња Михајлова, е годинешна добитничка на највисокото општинско признание „4-ти Ноември“ за животно дело, што Општина Битола традиционално го доделува за Денот на ослободувањето на градот. Михајлова е актерка со богат репертоар, со десетици улоги кои оставиле траен печат во македонскиот театар. Нејзината преданост, длабочината на интерпретација и неуморната љубов кон сцената ја врежаа не само во историјата на Битолскиот театар, туку и во колективната меморија на македонската културна јавност. Михајлова е родена на 14 октомври 1958 во Битола. По завршувањето на средното образование во гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Битола, се запиша на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде што дипломира во класата на проф. Љубиша Ѓоргиевски. Вработена е во Народниот театар од Битола од 1984 година, а се пензионира во 2022 година. Таа сѐ уште е активна на својата најсакана сцена – Битолскиот театар. Првенка е во ансамблот на НТБ, ангажирана низ годините во водечкиот репертоар на НТБ, со исклучителен придонес во афирмација на НТБ и македонскиот театар надвор од нашата земја. Во текот на актерската кариера има одиграно повеќе од 150 лика, на матичната сцена на Народен театар Битола и надвор од неа, во претстави и театарски дела. Во Образложението на НУ Народен театар Битола при поднесувањето на предлогот до Општина Битола се вели: „Со особена чест нашата институција ја предлага Соња Михајлова, пензионирана актерка и првенка на НУ Народен театар – Битола, за Наградата „4-ти Ноември“ за животно дело за 2026 година, што ја доделува Општина Битола. Во повеќедецениската кариера, Михајлова – како еден од столбовите на нашиот театар – изгради препознатлив актерски потпис: прецизна техника, суптилен емоционален актерски сензибилитет и моќна сценска естетика, сето тоа благодарение на нејзиниот професионализам, талент и креативност. На битолската сцена и на гостувањата низ земјата и во странство, каде што ја претставува културата и уметноста на нашата земја, а со тоа и мајмногу на градот Битола, таа одигра околу 150 значајни улоги во класичниот и современиот драмски репертоар само на битолската сцена, работејќи со домашни и светски режисери (САД, Русија, Холандија, Бугарија) на делата на Шекспир, Чехов, Достоевски, Горки, Лорка, Лопе де Вега, Васил Иљоски, Ристо Крле, Антон Панов, Владимир Костов, Горан Стефановски, Јордан Плевнеш, Дејан Дуковски и многу други. Од репертоарска година (2024/25), за споменување се претставите „Куфер“ и „Жиголо“ (режија: Благој Мицевски) и „Едмонд“ (режија: Оливер Мицевски), со кои таа продолжи да работи, а со тоа ид влијае врз естетиката и стандардите на македонскиот театар. Нејзиниот опус е валоризиран со истакнати признанија и награди, меѓу кои и Наградата за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“, како и бројни награди на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, на ИФАД „Стоби“, на „Охридско лето“ и други. Паралелно со сценските остварувања, Михајлова дава пример за професионализам и менторска поддршка на помладите генерации, освојувајќи ја публиката и поттикнувајќи го развојот на македонската култура како носителка на културни вредности и обележје на театарската историја. На филмските и телевизиските гледачи им е позната од „Бушавата азбука“, „До балчак“, „Кајмак“ и други проекти. Имајќи го предвид нејзиниот остварувачки опус, нашата институција – НУ Народен театар – Битола – смета дека, поради уметничката зрелост, 42-годишната кариера во континуитет, посебните резултати и културниот и уметнички печат што го остави зад себе, Соња Михајлова е исклучително достојна лауретка на Наградата „4-ти Ноември“ за животно дело. Убедени сме дека ова признание ќе ја верификува нејзината долгогодишна посветеност и ќе го потврди значењето на нејзиниот творечки пример во нејзиниот град – на матичната битолска сцена, пред битолската публика – како составен дел од македонската и светската сцена“.Тагови: Соња Михајлова животно дело Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканИзборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во БелградВучиќ синоќа го призна изборниот пораз. Според прелиминарните резултати Студентска листа освои апсолутно мнозинство за самостојно да формира влада со 141 освоен мандат во собранието. Обединета Србија чија листа ја предводеше Вучиќ има 103 мандати. Студентското движење на Србија ги повика граѓаните вечерва повторно да дојдат на плоштадот Славија во Белград за да ја прослават историската победа на студентската листа, откако и синоќа масовно се славеше изборната победа и падот на Вучиќ. Граѓаните го демонтираа и тн. Ќациленд. Денеска тие се собраа во Пионерскиот парк спроти српското собрание. Тагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter