Максим Димитриевски влегува во трка и за трет мандат како градоначалник на Куманово - Канал 5

Максим Димитриевски влегува во трка и за трет мандат како градоначалник на Куманово

Актуелниот градоначалник на Куманово и претседател на партијата ЗНАМ, Максим Димитриевски влегува во трката по трет мандат, потврдија од партијата на денешната прес-конференција.

Максим Димитриевски влегува во трка и за трет мандат како градоначалник на Куманово

Министерот за правда, Игор Филков, кој е воедно Преседавач на Централниот одбор на ЗНАМ, рече дека преговорите за поддршка на претстојните локални избори од ВМРО-ДПМНЕ во некои општини се во тек, а засега може да се потврди дека ќе имаат свој кандидат во најмалку една од скопските општини.

-Во моментот преговорите се во тек. Но, она што можам да ви го потврдам и да ви го кажам со сигурност е дека ние ќе имаме кандидат во градот Куманово. Тоа е нашиот претседател, Максим Димитриевски. Преговорите продолжуваат, ќе имаме најмалце едно градоначалничко место во Скопје и други места ширум републиката за коишто сеуште траат преговорите.- Игор Филков

Запрашан за тоа дали ЗНАМ ќе поддржи промена на изборниот модел со една изборна единица, тој рече дека партијата е подготвена да оди на избори без разлика на тоа каков модел е предвиден. Филков кажа и дека во текот на следната недела министерството ќе организира брифинг за прашањето околу промената на изборниот законик и другите закано кои се дел од реформската агенда..

-Ние како ЗНАМ искрено сме спремни уште утре да има избори сеедно со било каков модел.

-Во рамките на министерството ќе биде организиран поголем брифинг следната недела кадешто ќе ве известиме за сите тековни активности, кадешто ќе биде направен пресек со осврт на реформската агенда.- Игор Филков

Темата за една изборна единица на територија на целата држава повторно се актуелизираше откако премиерот Христијна Мицкоски изрази подготвеност пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да поддржат ваква промена, доколку биде опфатена и дијаспората. По ова, експресно ЛДП и Демократски сојуз повторно поднесоа предлог закони, но кога тие ќе се најдат на собртаниска седница останува непознато, ниту пак дали дотогаѓ ќе се постигне консензус за ова прашање меѓу сите позначјани партии.

YouTube video

Зеленски: Имав многу добар разговор со Трамп за подготвеноста да ја поддржи Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека имал многу добар разговор со американскиот претседател Доналд Трамп по неговата објава за испраќање ново оружје во Украина.

Зеленски: Имав многу добар разговор со Трамп за подготвеноста да ја поддржи Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека имал многу добар разговор со американскиот претседател Доналд Трамп по неговата објава за испраќање ново оружје во Украина, додавајќи дека се согласиле во иднина почесто да разговараат за да ги координираат своите чекори.

„Беше многу добар разговор. Му се заблагодарив на Трамп за неговата подготвеност да ја поддржи Украина и за понатамошна соработка со цел да се запре убивањето и да се воспостави траен и праведен мир“, напиша Зеленски на Телеграм.

Украинскиот претседател додаде дека со Трамп се согласиле во иднина почесто да разговараат со цел да ги координираат чекорите.

Трамп вчера соопшти дека е разочаран од рускиот претседател Владимир Путин и „многу незадоволен“ од Русија, додавајќи дека сака војната во Украина да заврши.

„Ќе произведуваме врвно оружје и тоа ќе биде испратено во НАТО“, рече Трамп, додавајќи дека сојузниците на Вашингтон во НАТО ќе платат за оружјето.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја потврди изјавата на Трамп и ја опиша како „сосема логична“.

Вредноста на оружјето се мери во милијарди евра, а оружјето би ги вклучувало и противвоздушните ракети „Патриот“ кои на Украина итно ѝ се потребни за да ги брани своите градови од руските воздушни напади.

Десеттина пелагониски села без вода

 Десеттина пелагониски села утрово се без вода поради технички  зафат на регионалниот водовод, односно спојување на стара челична цевка со ново изведена цевка Ф400.

Десеттина пелагониски села без вода

Од јавното комунално претпријатие „Водовод“-Битола соопштија дека интервенцијата почна во 7 часот утрово и ќе се одвива до завршување на интервенцијата.

-Фирмата изведувач БВ инжинеринг-Битола го затвори регионалниот водовод, за да се изведе спој на старата челичната цевка Ф 400 со новоизведената цевка Ф 400 , со што со прекинато водоснабдување остануваат жителите во населените места Горно Оризари, Раштани, Крклино, Кукуречани, Црнобуки, Драгожани, Могила, Будаково, Трап, Алинци, Добрушево,Мусинци и Далбеговци. Прекинот со водоснабдување ќе трае од 07:00 часот до завршување на работите, нагласија од битолски „Водовод“.

Модриќ потпиша за Милан

 Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ потпиша договор со Милан, објави синоќа италијанскиот гигант.

Модриќ потпиша за Милан

Триесетидеветгодишниот Модриќ во Милан ќе го носи дресот со број 14, кој го носеше во Тотенхем од 2008 до 2012 година.

„Милан со задоволство објавува дека Лука Модриќ потпиша договор со клубот до 30 јуни 2026 година, со можност за продолжување за уште една година – до 30 јуни 2027 година“, соопшти клубот од Милано.

Модриќ се пресели во Милан од редовите на мадридски Реал, чиј дрес го носеше 13 сезони, а последниот натпревар го одигра минатата недела на Светското клупско првенство.

Модриќ за Реал одигра 597 натпревари и постигна 43 голови, станувајќи најтрофејниот играч во историјата на клубот од Мадрид со 28 титули.

притисни ентер