Манасиевски: СДС декласиран во Брвеница 4 спрема 1, Филипче и неговите колеги слават како да дошле на власт
2Манасиевски: СДС декласиран во Брвеница 4 спрема 1, Филипче и неговите колеги слават како да дошле на власт
3Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем
МакедонијаМаксим Димитриевски ќе гостува вечерва во „Само Интервју”Вечерва во „Само Интервју” ќе гостува Максим ДимитриевскиПочитувани вечерва во Само Интервју гостува лидерот на ЗНАМ и Градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски. Поготвена ли е Македонија за последиците од војната на Блискиот Исток или ќе се молиме да заврши побрзо? Дали намалувањето на ДДВ-то за горивата е доволна мерка за заштита на стандардот на граѓаните или потребни се и други? Го дели ли ставот на пратеникот Цеков дека потребна е минимална плата од 600 евра? Има ли единство во ставовите на ЗНАМ, или власта останува со пратеник помалку? Се движат ли реформите со очекувано темпо, или ги кочи некоја невидлива сила? Мицкоски се подготвува за владина реконструкција – кои се најслабите карики во колаицијата? Вечерва во Само Интервју кај Гоце Михајлоски, гостува Максим Димитриевски, веднаш по централните вести. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамМомчиња удрија во ѕид со „Мерцедес“ вреден 80.000 евра (ВИДЕО)Новиот „Мерцедес VLE“ е еден од моделите на германскиот производител наменет за семејства со деца, но на овогодинешниот Салон за автомобили во Париз, средбата со ова електрично комбе тргна во погрешна насока.Две момчиња успеале да го стартуваат изложеното возило и да го стават во рикверц, при што комбето удрило во ѕидот на изложбениот простор. На кратката снимка од инцидентот, која се прошири на социјалните мрежи, се гледа како претставник на „Мерцедес“ – задолжен за презентација на возилото – прави залуден обид да го спречи судирот. За среќа, овој пат не стануваше збор за скап „Бугати Широн“, туку за новиот електричен „Мерцедес VLE“. Инцидентот се случи во саботата, претпоследниот ден од саемот, во изложбениот центар „Париз Експо Порт де Версај“. Возилото беше паркирано пред изложбена позадина со натписот „Redefinir L'Espace“ – што од француски јазик се преведува како „редефинирање на просторот“. Момчето кое на толку необичен начин го стартуваше комбето, секако успеа да го „редефинира“ просторот што моделот „VLE“ го заземаше на штандот на „Мерцедес“. 🚨🇫🇷🚗 Un enfant a CRASHÉ LE NOUVEAU MERCEDES VLE CONTRE UN MUR au Salon de l’auto. 😭 https://t.co/9BC1S4j9Qo — Impact (@ImpactMediaFR) October 17, 2026 Откако „Мерцедес VLE“ во бронзена боја удри во ѕидот, останаа видливи оштетувања. Вработен во „Мерцедес“ очајно ги крена рацете, додека двете момчиња – кои изгледаа како да немаат повеќе од 12 години – излегоа од возилото видно засрамени. Набргу потоа им пријде припадник на обезбедувањето. Не е познато што се случило со момчињата понатаму, ниту пак колкава е штетата на самиот автомобил. Основниот модел „Мерцедес VLE 300“, чија цена започнува од 79.000 евра, се придвижува со еден електромотор со моќност од 272 коњски сили. Според „WLTP“ циклусот, овој модел може да помине до 700 километри со едно полнење на батеријата од 115 kWh. Помоќниот „VLE 400 4Matic“ поседува два електромотори, погон на сите тркала и вкупна моќност од 409 коњски сили. Забрзува од 0 до 100 км/ч за 6,5 секунди, додека на основната верзија ѝ се потребни 9,5 секунди за истото. Извор: Б92Тагови: мерцедес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: Париз многу наскоро ќе стане муслимански градАмериканскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше имиграциската политика на францускиот претседател Емануел Макрон, тврдејќи дека Париз „многу наскоро ќе стане муслимански град“.„Видете, Емануел ми е пријател. Уште одамна му реков дека прави голема грешка во Франција. Тој дозволува влез на луѓе од целиот свет. Целиот свет доаѓа таму и, како што знаете, Париз многу наскоро ќе стане муслимански град. А тоа не беше договорот. Тоа не беше договорот“, изјави Трамп пред Белата куќа, пред да замине на предизборен собир во Канзас. „Му реков на Емануел дека треба да ги затвори границите. Го познавам околу осум или девет години. Штом го запознав, му реков дека прави голема грешка. Ние ги затворивме нашите граници, тој не ги затвори“, нагласи тој. „Мигранти, џихадисти и комунисти ја освоија, ограбија и до темел ја изгореа“ Трамп тврди дека немирите во Франција се доказ за колапсот на западната цивилизација и за опасностите од имиграцијата. На собирот во Канзас, Трамп ја опиша Франција како некогаш голема нација која била „освоена, ограбена и до темел изгорена“ од „мигранти, џихадисти и комунисти“. „Ако сакате да видите што е влог на овие избори, само погледнете што се случува во Франција“, предупреди тој. „Ова се случува во Франција, а тие сакаат истото да се случи и во нашата земја. Тоа овде никогаш нема да се случи“, изјави Трамп, предизвикувајќи гласни овации кај илјадниците присутни во Канзас – држава со силно републиканско определување, каде што републиканскиот сенатор Роџер Маршал се соочува со неочекувано тежок предизвик од демократот Адам Хамилтон. Претходно истиот ден, Трамп го повтори своето тврдење дека мигрантите ја „презеле“ Франција. На социјалната мрежа „Truth Social“, тој напиша дека лидерите на земјата мора „ВЕДНАШ ДА ГИ ЗАТВОРАТ ГРАНИЦИТЕ!“ Извор: Индекс.хрТагови: Доналд Трамп Емануел Макрон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: СДС декласиран во Брвеница 4 спрема 1, Филипче и неговите колеги слават како да дошле на властСДС декласиран во Брвеница 4 спрема 1, Филипче и неговите колеги слават како да дошле на власт.Огромната поддршка која СДС ја доби од граѓаните на Брвеница е од досега невидени размери и е помала од минатите локални избори. Но, сепак Филипче и другарите тоа го прославија како успех. ВМРО-ДПМНЕ оствари убедлива победа од околу 3.000 гласови или приближно 40% од гласовите, а СДС доби 707 гласови или околу 9%. Или во превод, СДС беше декласиран од ВМРО-ДПМНЕ 4 спрема 1. СДС со Филипче дојде до стадиум да се радуваат на 4 место на локални избори. Рејтингот им е минорен, кредибилитетот одамна им е изгубен, а никој освен пријателите на Заев, не му дава поддршка на Филипче. Но, сепак и покрај сите демократски правила и принципи, ние не сметаме дека Венко Филипче треба да си поднесе оставка. За нас, Филипче е најдоброто решение за претседател на СДС. Се додека Филипче го води СДС по насока на Заев, граѓаните тоа ќе го препознаваат и ќе даваат огромна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, а ние ќе продолжиме и натаму да реализираме проекти и мерки во интерес на граѓаните. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter