Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
1Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
ЕвропаМакрон, Стармер и Мерц се среќаваат со Зеленски: Недостига волја од ПутинФранцускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и германскиот канцелар Фридрих Мерц ќе се сретнат задутре со украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопшти денес Елисејската палата. „Средбата ќе им овозможи да продолжат со нивната тесна координација во нашата заедничка програма за понатамошна поддршка на Украина и зголемен притисок врз руските воени напори“, се вели во соопштението. „Русија се соочува со воен, економски и стратешки неуспех, а на фронтот истрајува во смртоносна војна без успех“, се додава во соопштението. Средбата треба да се одржи во Лондон. Зеленски сака европските лидери да ги засилат напорите за да помогнат во завршувањето на војната во Украина, бидејќи е загрижен дека американскиот претседател Доналд Трамп е преокупиран со Иран. „Она што недостасува е волјата на Путин“ Во отворено писмо објавено вчера, украинскиот лидер го покани рускиот претседател Владимир Путин на состанок за преговори за завршување на војната што трае повеќе од четири години. Кремљ објави дека Путин бил запознаен со содржината на писмото. „Секогаш сме се залагале за директни преговори меѓу Украина и Кремљ... Верувам дека Украина и Русија се оние кои можат да изградат прекин на огнот и мировен план, а Европејците се оние кои можат да помогнат во ова“, изјави денес Макрон. „Отворени сме за дијалог, она што недостасува е волјата на Путин“, изјави Мерц во Црна Гора.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ нови цени на горивата15:24Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаОд полноќ нови цени на гориватаАко дојде до драстичен раст и ескалација на цената на нафтата на светските берзи, владата е подготвена да преземе мерки за да го ублажи ризикот.Ако дојде до драстичен раст и ескалација на цената на нафтата на светските берзи, владата е подготвена да преземе мерки за да го ублажи ризикот, но секој чекор ќе зависи од детална анализа на финансиските импликации врз буџетот, вели министерката за енергетика Сања Божиновска. Од полноќ се очекуваат нови цени на горивата.. Маја се знае ли какви цени ќе има за горивата? Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ нови цени на горивата15:24Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Македонија Мицкоски во Њујорк разговарал со американскиот државен секретар Марко РубиоВладината делегација ја продолжува посетата во Њујорк, каде во фокусот се политичкиот дијалог со американската администрација но и европската перспектива на земјава.Премиерот Христијан Мицкоски објави дека во Њујорк разговарал со американскиот државен секретар Марко Рубио. Според него, директната комуникација на високо политичко ниво е потврда за важноста на стратегиското партнерство меѓу Скопје и Вашингтон и можност за дополнително продлабочување на билатералните односи. „Во период на сериозни геополитички предизвици, силните партнерства и отворениот дијалог со нашите стратешки сојузници имаат уште поголема тежина. Македонија има јасни државни интереси и продолжува достоинствено и принципиелно да ги застапува заедно со нашите стратешки партнери.“- - Христијан Мицкоски. Околу 130 шефови на држави и влади неделава се во Њујорк на Генералното собрание на ОН, каде главни теми ќе бидат војните во Украина и на Блискиот Исток, глобалната безбедност, климатските предизвици и регулирањето на вештачката интелигенција а генералната дебата главниот дел со обраќања на светските лидери е од 22 до 28 септември. Првиот човек на ООН, Антонио Гутереш, пред почетокот на генералната дебата повика на разум и на посветеност кон мирот во светот. -Оваа недела, лидери од целиот свет, ќе се соберат во оваа иста соба, собата на Генералното Собрание на ООН. Мојата порака до нив е јасна: Дојдете за мирот, за достоинството за правдата и за хуманоста. Единствено со меѓународна соработка може да изградиме подобар свет. И никогаш не треба да се предадеме во борбата за тоа. изјави – Генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш. Мицкоски во четврток треба да се обрати пред светските лидери од говорницата на ОН, со што ќе биде заокружен политичкиот дел од посетата на САД. Инаку вечерва по македонско време, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, ЌЕ се одржИ состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“. Домаќин е шефот на италијанската дипломатија Антонио Тајани, а покрај претставниците на шесте земји од Западен Балкан учествуваат и земјите членки на групата, како и претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола. Главна тема е забрзувањето на европската интеграција на регионот. Во меѓувреме, Мицкоски и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски се сретнаа и со македонската заедница во Њу Џерси. Македонската делегација од САД најави продлабочување на стратешкото партнерство со Вашингтон, инвестиции во антимон, дата-центри и енергетикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСудењето на 13 полициски службеници почна од почеток, поради смена на Судечкиот советПолициски службеници биле присутни во дискотеката Пулс во Кочани во која имало и малолетници и пред да избувне кобниот пожар, потврдија денеска тројцата сведоци на обвинителството.Полициски службеници биле присутни во дискотеката Пулс во Кочани во која имало и малолетници и пред да избувне кобниот пожар, потврдија денеска тројцата сведоци на обвинителството на судското рочиште против 13-трe полицајци осомничени дека навреме не ја прекинале забавата, иако наводно знаеле дека во објектот има малолетници и пиротехнички средства. Според сведокот Николче Ефремов, кој кобната вечер бил во диското, полициските службеници воопшто не им помагале на повредените по избувнувањето на пожарот. -Сите испаничија, се туркаа еден врз друг. Секој со секого се влечеше, не можевме да излеземе надвор. Ми падна ѕид на главата. Еден другар лежеше затрупан со луѓе и едвај дишеше. Имаше полицаец таму, го прашав дали може да ми помогне? Ми кажа тоа не е негова работа,- - сведок Николче Ефремов. И другите две сведочења одеа во насока дека очевидците забележале присутни полициски службеници уште пред пожарот, но и во време кога на сцена била активирана пиротехниката. За родителите, ваквите сведочења се доказ дека полицајците не постапувале и не ги извршиле своите службени обврски. – Слушаме исказ кој не смее да помине незабележано – сведокот недвосмислено посочи дека полициски службеник во моментите кога луѓе се бореле за живот одбил да помогне при внесување на повредено лице во автомобил за да биде однесено во болница. Ако ова е потврдено преку доказна постапка, тогаш станува збор за постапување кое мора сериозно да се разгледа. Во тие моменти МВР немало време за изговори и префрлување одговорност. изјави Александар Наунов, родител на жртва во пожарот . Од другата страна, за дел од одбраната, обвинителството прави манипулација преку испитувањето на сведоците, бидејќи, предмет на товар на докажување велат не е дали полицајците им помагале на присутните по пожарот или не. -Обвинението е конфузно – од една страна обвинителството во воведните зборови укажува дека не им се става на товар тоа дали полицајците помагале или не, потоа упорно се поставуваат прашања и се наведува сведокот да каже дека полицијата била тотално незаинтересирана и не помагала за чисто да се создаде една слика дека обвинетите што денеска се товарат се виновни за нивните постапки, а се уште не разбравме за кои псотапки ги товарат,- изјави Александар Петровски, адвокат на обвинетата Благица Митева. На почетокот од денешното рочиште пак поради болест на еден од поротниците дојде до промена на судечкиот совет, по што судењето започна од почеток, а сите 13 обвинети полицајци одново се изјаснија за невини. Според обвинението, тие се товарат дека не ја прекинале забавата, ниту спречиле користење пиротехника. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ нови цени на горивата15:24Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16