Макрон потврди дека Украина добива борбени авиони Мираж 2.000 - Канал 5

Макрон потврди дека Украина добива борбени авиони Мираж 2.000

Францускиот претседател Емануел Макрон во телевизиски пренос најави дека авионите Dassault Mirage 2000 ќе бидат испратени во Украина.

Макрон потврди дека Украина добива борбени авиони Мираж 2.000

Веста за донацијата на Франција дојде само неколку дена откако Шведска и Белгија најавија воена помош за украинските воздухопловни сили, а во пресрет на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски,

Вооружените сили на Украина треба да ја добијат долгоочекуваната помош во форма на француски борбени авиони Дасо Мираж 2000-5. Потврдата за трансферот на леталата, за што се шпекулираше подолго време, дојде од највисокото место, од самиот претседател на Франција - Емануел Макрон.

Вчера во интервју во телевизиска програма посветена на одбележувањето на Денот Д, односно операцијата „Оверлорд“, тој рече дека Dassault Mirage 2000-5 ќе и биде предаден на Украина и дека Франција ќе обучува пилоти од земјата.

Претседателот на Франција најави дека официјално ќе биде објавена нова етапа на соработка со Украина и донацијата на Мираж 2000, кој, според него, треба да ги заштити воздушниот простор и територијата на земјата, објави Еуроњуз.

Засега не е познат бројот на авиони кои ќе бидат испратени на бојното поле во Источна Европа, а Емануел Макрон изјави дека ќе донира „онолку авиони колку што даваат другите земји“, пренесе The Aviationist.

Флотата на француските воздушни и вселенски сили (Armée de l'air et de l'espace) моментално располага со 30 Mirage 2000-5F кои влегоа во служба на почетокот на овој милениум. Според The ​​War Zone, ова се постари надградени авиони Mirage 2000 кои се разликуваат од извозната варијанта на авионот.

Француските Mirage 2000-5F користат RDY (Radar Doppler Model Y) тип на радар кој наводно може да открие цели до 140 километри.

Колку авионите Дасо ќе бидат важни за украинските воздухопловни сили ќе зависи и од пакетот оружје со кој ќе бидат испорачани.

Воена зона наведува дека авионот може да биде вооружен со ракети воздух-воздух MICA за борба надвор од визуелниот дострел, но исто така и со оружје воздух-земја како што се крстосувачките ракети SCALP-EG или прецизно наведуваните бомби Хамер.

Покрај Dassault Mirage 2000, Украина ќе добие и борбени авиони Ф-16, а обуката за пилоти за овој тип на авиони е во тек. Помош за украинските воздухопловни сили најави и Шведска во форма на авион Saab ASC 890 за рано предупредување и контрола (Airborne Early Warning and Control - AEW&C).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремен локален дожд и температури до 22 степени

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.

 Променливо облачно со повремен локален дожд и температури до 22 степени

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

0 Попова Шапка, 1 Берово, 3 Лазарополе, Крушево, 4 Крива Паланка, Струмица, 6 Штип, 7 Битола, Виница, Прилеп, 8 Претор, Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Демир Капија, Велес, 9 Охрид, 10 Кавадарци, 10 Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)

11 Попова Шапка, 10 Скопје-Зајчев Рид, 8 Тетово, 6 Пожаране, 5 Лазарополе, Виница, 4 Крива Паланка, Велес, 3 Прилеп, 2 Крушево, Демир Капија, Струмица, Штип, 1 Охрид, Берово.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Во утринските и во раните претпладневни часови времето ќе биде променливо облачно. Претежно во западните и североисточните делови ќе има повремен дожд. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22 степени.

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 21. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за сабота, 21. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 21. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Како да не можете јасно да видите или ќе бидете склони кон преценување на самите себа.Проценките нема да ви бидат реални.

Кариера

Ако постојат некакви правни или морални двоумења во врска со една работа, обидете се тоа да го анализирате и решите.

Здравје и совет

Јадете помалку, движете се повеќе.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе се двоумите колку треба да попуштите и тука нема да најдете вистинска мерка.Сетете се на вашите цели и кон што тежнеете.

Кариера

Би можело да ви биде сеедно како се одвиваат работите . Спречете ги последиците од таквата рамнодушност.

Здравје и совет

Не претерувајте со јадењето слатки.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе се чувствувате по малку задремано и нема да сакате да правите ништо особено во љубовните акции.

Кариера

На дневен ред ќе се најдат многу разновидни теми , кои не трпат одложување.Вие ќе морате да почнете да го решавате сето тоа.

Здравје и совет

Бидете доследни.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе имате вистинска рамнотежа меѓу чувствата и интелектот , па ќе се усогласите по сите прашања.Ќе бидете задоволни и емотивно сити.

Кариера

Треба малку повеќе да работите, иако сеуште не сте се прилагодиле , па сте затоа незадоволни.Стиснете заби , организирајте се и работете.

Здравје и совет

Подобро да верувате отколку да се сомневате.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во љубовиот живот ќе бидете настроени да читате меѓу редови , па се ќе се сведува на тајни погледи и суптилни сигнали.

Кариера

Освен што одлично делувате во практичниот дел , денеска на работа ќе покажете и голема креативност.

Здравје и совет

Ви се подобрува формата.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Со задоволство ќе прифатите покана за излегување на кафе , каде би поминале пријатно време во неврзан разговор.

Кариера

Деловната комуникација ќе се одвива квалитетно, но вие самите нема да бидете задоволни од својот настап.Очекувате повеќе од себе.

Здравје и совет

Размислувајте додека се шетате.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вашата потреба за зборување и денеска ќе биде задоволена , но срцето и натаму ќе ви остане празно.Сепак , и зборувањето е нешто.

Кариера

Некои ваши колеги ќе се покажат како вистински лицемери или снобови.Работете точно што се очекува од вас и бидете професионални.

Здравје и совет

Не ги земајте работите при срце.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Може да очекувате еден поволен ден кога станува збор за љубовни прашања . отворени се многу можности , а некои се поврзани со патувања.

Кариера

Издржете ги малите напори и завршете ги заостанатите задачи.За сега не треба ништо да менувате , освен вашиот пристап. Треба да бидете поупорни.

Здравје и совет

Наспијте се

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Пред вас е уште еден ден во кој ќе покажете дека имате нежна и интуитивна страна.

Кариера

Одлично ќе поврзувате различни видови работа.И во практичниот и во теоретскиот дел ќе функционирате беспрекорно.

Здравје и совет

Останете какви што сте.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Пред вас е прекрасен ден за секаква поврзаност со луѓето, било да станува збор за саканата личност , ново познанство или за пријателите.

Кариера

Верувате во подобро утре .Имате право.И денеска ќе градите мостови, ќе се поврзувате со нови деловни партнери или ќе ги обновувате старите врски.

Здравје и совет

Динамични сништа.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Денот ќе ви донесе богат социјален живот , како и многу поттици за нови познанства , ако сте уште сами.

Кариера

Некои денеска ќе бидат во центарот на вниманието или булвално на сцена каде ќе го објаснуваат својот деловен план.

Здравје и совет

Изразувајте се слободно.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Малата збрканост на чувствата ќе биде поврзана со вашата или желбата на партнерот за донинација во врската.

Кариера

Ништо не сакате да му препуштите на случајот , но тоа ви ја одзема спонтаноста од која се раѓаат свежи идеи.Најдете рамнотежа.

Здравје и совет

Проверете си ја крвната слика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Смртоносно количество кокаин е пронајден во бебешка цуцла- осудени се мајката и нејзиниот партнер

Мајка е затворена, заедно со нејзиниот партнер, по смртта на нејзината двегодишна ќерка, во чие шише за млеко е пронајдено дека содржи „смртоносна количина“ кокаин!

Смртоносно количество кокаин е пронајден во бебешка цуцла- осудени се мајката и нејзиниот партнер

Итните служби биле повикани на адреса во Билингам во април 2024 година, по извештаите дека девојчето, Лајла Хеч, престанало да дише, објави Би-Би-Си.

Нејзината мајка, 22-годишната Џоди Хеч, и нејзиниот партнер, 30-годишниот Дејли Матис, првично ги негираа двете обвиненија за злоупотреба на деца во кои биле вклучени Лајла и друго дете.

Тие го сменија своето признание на вина на Крунскиот суд во Тиссајд и беа осудени во понеделник.

Токсиколошкиот извештај покажал дека смртоносна количина кокаин е пронајдена во шишето за млеко на детето, а дрогата е пронајдена и во нејзината крв, желудочната содржина и прамените коса.

Главниот детектив инспектор Крис Прингл од полицијата во Кливленд изјави дека во куќата е пронајдена голема количина дрога, како и канабис.

Двојката се изјасни за виновна за поседување дрога од класа А со намера за дистрибуција. Џоди Хеч, исто така, се изјасни за виновна за вмешаност во дистрибуција на дрога од класа Б и беше осудена на пет години и четири месеци затвор.

Матис, кој беше осуден и за посебно кривично дело насилно однесување во врска со нападот во септември, беше осуден на 13 години затвор.

Прингл рече дека дрогата пронајдена во куќата била „лесно достапна за мали деца“, што ја прави „екстремно опасна средина“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер