Макрон по победата на Трамп:Ако останеме тревојади, месојадите ќе победат и ние ќе бидеме храна - Канал 5

Макрон по победата на Трамп:Ако останеме тревојади, месојадите ќе победат и ние ќе бидеме храна

Еден од најмоќните европски лидери, францускиот претседател Емануел Макрон, испрати значајна порака до своите европски колеги на самитот што се одржува во Будимпешта, еден ден по убедливата победа на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

Макрон по победата на Трамп:Ако останеме тревојади, месојадите ќе победат и ние ќе бидеме храна

Европа повеќе не може да биде „светски тревопасник“ по реизборот на Доналд Трамп за претседател на САД, смета Емануел Макрон. Наместо тоа, треба да се стане „сештојад“, пренесува Политико.

Овие пораки од францускиот претседател доаѓаат еден ден откако Трамп извојува убедлива победа на претседателските избори во САД, предизвикувајќи загриженост дека новоизбраниот претседател на САД би можел да го намали учеството на Вашингтон во НАТО, принудувајќи ги европските земји да ги зголемат трошоците за одбрана.

Макрон е познат како најгласниот европски застапник за блокот да стане понезависен од трговските ривали како Кина и Соединетите држави во сè, од одбраната и безбедноста до врвната технологија.

„За мене тоа е едноставно. Светот се состои од тревојади и месојади. Ако одлучиме да останеме тревојади, тогаш месојадите ќе победат и ние ќе бидеме храна за нив“, им рече тој на европските лидери за време на собирот во Будимпешта.

Раководството на Макрон во Европската унија претрпе тежок удар по предвремените избори што ги распиша на почетокот на годинава, а во последните денови тој се обиде да се репозиционира како еден вид посредник меѓу ЕУ и САД. Тој е еден од првите лидери кој му честиташе на Трамп за победата.

„Мислам дека барем треба да избереме да станеме сештојади. Не сакам да бидам агресивен, само за да можеме да се браниме на сите овие теми“, рече тој.

Дипломат на ЕУ во Будимпешта рече дека изборот на Трамп може да му даде нов мотив на францускиот лидер да се заложи за похрабра, понезависна Европска унија, особено кога станува збор за трговијата и безбедноста. Дипломатот, како и другите цитирани од Политико, зборуваше под услов да остане анонимен.

Иако францускиот лидер не ги именуваше земјите што ги смета за конкуренти, Европа се соочува со потенцијални трговски војни на два фронта, со САД и Кина. Европската комисија воведе царини за кинеските електрични возила и се соочува со потенцијални проблеми со Вашингтон доколку Трамп ги следи заканите дека ќе воведе царини за стоки од ЕУ.

„Ние во Европа мислиме дека треба да ја делегираме нашата геополитика на Соединетите Американски Држави, дека треба да го делегираме нашиот долг на нашите кинески клиенти, дека треба да ја делегираме нашата технолошка иновација на американските компании кои брзо растат и се прилагодуваат на сè поголемите пазари. “, рече тој, а потоа додаде: „Тоа не е најдобрата идеја“.

Пристигнувајќи на состанокот, лидерите и највисоките функционери на ЕУ, вклучително и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, инсистираа на потребата Европа да преземе одговорност за безбедноста и одбраната и да ја поддржи Украина против руската агресија.

Зборувајќи пред мала група новинари во Будимпешта, унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто рече дека исходот од изборите во САД го промени статус квото во Украина.

„Европа мора да размисли. Ако ми поставите теоретско прашање дали Европа би можела да ги замени САД по ова прашање, јас би рекол дека очигледно нема“, рече тој. „Исходот од претседателските избори во САД создава сосема нова реалност, не само во Европа, туку и во светот.

Другите лидери на ЕУ сакаат да испратат порака за континуирана поддршка на Киев за време на состанокот што го организираше унгарскиот премиер Виктор Орбан, а на кој присуствуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјавија двајца дипломати на ЕУ.

Но, не сите се ентузијасти од повиците на Макрон за единство. „Тој вели единство, но тоа значи француско единство“, рече еден од споменатите двајца дипломати, кој не бил импресиониран од говорот на Макрон.

„Ако тоа значи изградба на мостови и вадење секири, не благодарам. Ние сакаме да останеме отворени за трансатлантските односи“, рече тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италија подобра од светскиот вицешампион Франција во дербито од Лигата на нации

Италијанските фудбалери ја победија, силната Франција на дербито во Милано со резултат 3:1, во натпреварот од 5. коло на дивизијата А во Лигата на нации. Италијанските фудбалери ја победија, силната Франција на дербито во Милано со резултат 3:1, во

Италија подобра од светскиот вицешампион Франција во дербито од Лигата на нации

Франција подобро го отвори дербито и поведе уште во воведниот дел од средбата со 0-1. Олисе ја казни големата грешка на капитенот на домаќините голманот Џанлуиџи Донарума, кој практично му ја подари топката на противникот, Олисе ја искористи можноста и со прецизен удар ја погоди малата мрежаза водство од 1-0.

Сепак избраниците на Манчини брзо се вратија во натпреварот.

Пио Еспозито се најде на вистинското место по добрата акција на Николо Камбијаги и ја затресе мрежата за 1:1.Тоа беше и резулатот на првите 45 минути.

Италија набрзо доби шанса да го сврти резултатот од пенал. Мало Густо го собори Камбијаџи во шеснаесетникот, но Себастијано Еспозито лошо го изведе ударот и ја испрати топката високо над голот.

Ова промашување не ги поколеба домаќините. Италијанците продолжија со нападите, а влегувањето во игра на Федерико Димарко се покажа како полн погодок. Неговиот центаршут го пронајде Давиде Фратези, кој погоди за 2:1 и им донесе водство на „Аѕурите“.

Пио Еспозито им го зададе конечниот удар на Французите. Дајо Упамекано направи пенал врз Антонио Вергара, а младиот италијански напаѓач беше сигурен од белата точка и го постави конечниот резултат од 3:1.

На тој начин, Италија освои важни бодови и го презеде врвот во групата А1, со што се доближи до пласман на завршниот турнир во Лигата на нации. Франција, пак, пропушти можност да ја задржи контролата врз сопствената судбина во борбата за натамошен пласман.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник ќе работи и експозитурата во Прилеп.

НБРМ: Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“

Во насока на проширување на достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека од понеделник, 16 ноември, ќе започне со работа и експозитурата на Банката во Прилеп. Во неа, на клиентите кои имаат платежна сметка, а не располагаат со платежна картичка, ќе им биде овозможено подигнување готовина до 20.000 денари во период од две недели, согласно утврдениот лимит.

Продолжуваат со работа и филијалите на „АЛТА банка“ АД Битола во Струмица и Тетово, како и експозитурата во Скопје, во Трговскиот центар „Бисер“. Во овие експозитури клиентите можат да подигнуваат готовина на шалтер во рамките на утврдените ограничувања, како и да вршат уплати за намирување на комуналните услуги, отплата на кредити и други потреби.

Потсетуваме дека во рамките на активностите за олеснување на пристапот до средствата и овозможување непречено извршување на секојдневните финансиски обврски, од 10 ноември клиентите на Банката можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство. Притоа, важат утврдените лимити: до 15.000 денари неделно за клиентите што поседуваат платежни картички и до 20.000 денари во период од две недели за клиентите што не поседуваат платежни картички.

Лимитите се применуваат збирно за сите сметки на клиентот во Банката и ги опфаќаат сите канали на плаќање и повлекување средства: плаќања со картички во трговијата и преку интернет, повлекување готовина од банкомати и на шалтерите во експозитурите, како и плаќања преку електронското и мобилното банкарство.

Исто така, физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа без ограничување на износот.

Во однос на олеснувањата за компаниите, се овозможи исплата на платите, заедно со уплатата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите коишто во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката.

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претставници на победничката Студентска листа го посетија Косово

Од Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење.

Претставници на победничката Студентска листа го посетија Косово

Претставници на победничката Студентска листа во Србија, ја посетија територијата на Косово и Метохија. Од Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење.

Иако во меморандумот кој летово го објавија студентите, се наведува дека Студентската листа го смета Косово за неотуѓив и составен дел на Србија, факт кој не подлежи на преговори сепак, неодамна, косовскиот премиер Албин Курти, ги повика претставниците на студентите да ја признаат независноста на Косово како главен показател за нивната демократската ориентација. Без признавање на Косово нема напредок на европскиот пат, им порача Курти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер