1ЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола, а три изгаснати
1Клековски: Ги мобилизираме сите надлежни институции за координиран одговор на западнонилската треска
СветМакрон на гренландски изрази поддршка за островотФранцускиот претседател Емануел Макрон денеска зборуваше на гренландски и дански јазик за да изрази поддршка за островот по разговорите со данската премиерка Мете Фредериксен и премиерот на Гренланд Јенс Фредерик Нилсен.„Гренланд не е ниту на продажба, ниту може да се одземе. Гренландците ќе одлучат за својата иднина“, рече Макрон на гренландски, според официјален превод од Елисејската палата, пред да каже на дански дека „Франција ќе продолжи да стои зад Кралството Данска“, објавува „Ле Фигаро“. Макрон прими претставници од Данска и Гренланд за јавно да ја потврди својата поддршка за Гренланд, кој е автономна данска територија за која американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака да ја припои кон Соединетите Држави. Францускиот претседател рече дека изјавите на Трамп за Гренланд се „стратешки повик за будење за цела Европа“, овој пат на неговиот мајчин француски јазик. Макрон рече дека Франција „беше вчера, денес и ќе биде утре“ на страната на Данска и Гренланд. Мете Фредериксен му се заблагодари на Макрон за „заштитата на фундаменталните вредности“ што ги делат Данска и Франција, за кои рече дека не може да има компромиси. Таа го пофали „многу конкретниот придонес“ на Франција во зајакнувањето на безбедноста на Арктикот. Премиерот на Гренланд, Јенс Фредерик Нилсен, рече дека Франција стои зад Гренланд „во исклучително тешка ситуација“ и дека Гренланд „нема да го заборави тоа“.Тагови: Емануел Макрон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола, а три изгаснатиПет пожари се активни до 13 часот, два се ставени под контрола, а три се изгаснати, информираше ЦУК. Активни пожари има во општина Студеничани кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер каде гори мешана шума, во општина Македонски Брод кај селата Драгов Дол и Локвица, опожарена е ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Во општините Велес кај село С’лп и селата Добрино и Тисовица во општина Зелениково, каде гори ниска вегетација, дабова и габерова шума и квалитетна дабова шума. Мешана шума гори на просторот меѓу општините Јегуновце, Желино и Сарај, а во општина Штип во населба Балканска каде гори ниска вегетација.Тагови: ЦУК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
МакедонијаПродолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијатаСо изведување на градежното вештачење и распит на вештите лица кои го изработиле, денеска во судницата во затворот „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.Во судницата наодите поврзани со урбанистичките и градежните аспекти на објектот ги презентираа вештите лица Душица Трпчевска Ангелковиќ и Маријана Лазаревска. Во вештачењето е констатирано дека во објектот биле поставени прегради од гипс-картон и врати кои претставувале пречка за безбедна евакуација. Лазаревска покажа фотографии од изведбата на челични греди и столбови во приземјето на објектот, направени во 2012 година во рамки на пренамената од магацин за теписи и теписони во угостителски објект. Лазаревска претходно посочи дека на објектот биле изведени надворешни скали и настрешница, како и преградни ѕидови од гипс-картон со кои бил оформен влез со двокрилна двонасочна врата. Според неа, ваквото решение било недозволено од безбедносен аспект, особено при евакуација. Со изведувањето на градежното вештачење, кое го изработил тим од градежниот факултет при УКИМ, се очекува да заврши доказната постапка предложена од обвинителството.Тагови: Пулс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеКлековски: Ги мобилизираме сите надлежни институции за координиран одговор на западнонилската трескаДијагностичките капацитети се максимално зајакнати, а дневно се вршат од четири до осум анализи.Министерството за здравство, предводено од министерот Сашо Клековски, презема засилени и координирани активности за следење и справување со состојбата со западнонилската треска во земјава. Комисијата за заразни болести редовно ја следи епидемиолошката состојба и предлага соодветни мерки и препораки. На иницијатива на министерот Клековски, денеска е формирано координативно тело во кое, покрај институциите од здравствениот сектор, се вклучени и Агенцијата за храна и ветеринарство, претставници на Град Скопје, како и градоначалникот на една од засегнатите општини. Целта е да се обезбеди навремено, усогласено и ефикасно постапување на сите надлежни институции. – Ги ставаме на располагање сите институционални капацитети и воспоставуваме засилена меѓуинституционална координација. Состојбата се следи секојдневно, а мерките ќе се приспособуваат во согласност со епидемиолошките показатели. Наш приоритет е навремено откривање на случаите, соодветен третман на пациентите и максимална заштита на здравјето на граѓаните – истакна министерот Клековски. Во однос на актуелната епидемиолошка состојба, во моментов се регистрирани 35 потврдени и три суспектни случаи, кои се во процес на дијагностицирање. Најголем дел од пациентите се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Досега се регистрирани три смртни случаи, додека 15 пациенти се излекувани и отпуштени од Клиниката. Дијагностичките капацитети се максимално зајакнати, а дневно се вршат од четири до осум анализи. Министерот Клековски упати апел до граѓаните доследно да ги почитуваат мерките за лична заштита. Граѓаните во зафатените подрачја ќе добијат СМС-пораки со препораки и конкретни мерки за заштита. – Плановите за прскање против комарци во општините се спроведуваат, а Државниот санитарен и здравствен инспекторат дополнително ќе изврши вонредни контроли. Во зафатените подрачја ќе биде спроведена и вонредна контрола на живината. Апелираме на максимална претпазливост, имајќи предвид дека, историски гледано, август и септември се месеци во кои ваквите епидемии го достигнуваат својот врв – додаде министерот. Директорот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, д-р Фадил Цана, информираше дека на Клиниката досега кај вкупно 34 пациенти лабораториски е потврдена западнонилска треска, од кои 15 се успешно излекувани. Министерството за здравство останува во постојана координација со сите надлежни институции и ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата на терен. Во зависност од нејзиниот развој, навремено ќе бидат преземани дополнителни мерки, а јавноста редовно и транспарентно ќе биде информирана за сите релевантни податоци и препораки за заштита.Тагови: Клековски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook