Макрон кон тинејџер: Обраќај ми се со претседателе, господине, а не со “Ману“ (видео)

Видео снимката во која францускиот претседател Емануел Макрон строго го прекорува тинејџерот кој му се обратил со прекарот брзо се прошири низ социјалните мрежи.

Момчето на вчерашната свеченост по повод 78 годишнината од повикот на Шарл де Гол на вооружен отпор спрема нацистите му се обрати на Маркон со зборовите: „Како си Ману?“.

Макрон му одговори: „Обраќај ми се со господине претседателе на Републиката или господине“.

„На денот кога ќе сакаш да започнеш револуција, стекни диплома и научи да се прехрануваш, ОК? Тогаш може да им држиш лекции на другите“ – додал претседателот на Франција.

Макрон на својот твитер налог ја постави снимката, што денеска предизвика бројни коментари.

Некои го критикуваа францускиот претседател дека е арогантен, додека други го одобруваат неговото барање за почитување.


Ковачки: Да си ја вратиме Македонија во рацете на граѓаните

За два дена граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Македонија понижена, ограбена, и Македонија горда, достоинствена.

За два дена од денеска, во среда се гласа.

За два дена граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Македонија понижена, ограбена, опустошена, опљачкана и Македонија горда, достоинствена, Македонија која што се гради и во која што важат законите за сите подеднакво.

Затоа од овде, од патриотско Карбинци повикувам на сплотеност, на обединетост, на семакедонско единство, на сеопштествено единство, на национално единство.

Да бидеме горди и да бидеме достоинствени. Да си ја вратиме Македонија во рацете на граѓаните.

Ве повикувам сите заеднички да излеземе и да гласаме за бројот 2.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција

Едно лице е тешко повредено во експлозија во станбена зграда во турскиот град Текирдаг, северозападна Турција.

Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата во станот на последниот кат од петкатницата, а како што неофицијално дознава телевизијата ТРТ најверојатно експлодирала плинска боца.

Од силината на експлозијата оштетени се ѕидовите во станот, а искршени се прозорците.

Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци

Скопјанец рано утринава пријавил дека со двајца штипјани биле физички нападнати во угостителски објект во Кавадарци, информираат од СВР - Велес.

- Во 04.40 часот во ОВР Кавадарци, Т.Ц., 22-годишен скопјанец, пријавил дека пред и во угостителски објект во градот, тој и Н.Н., на возраст од 24 години и Ф.А., на 25-годишна возраст, двајцата од Штип, биле физички нападнати од неколку машки лица, појаснуваат од СВР - Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

притисни ентер