Макрон ја отфрла идејата на Трамп за Путин како посредник меѓу Израел и Иран - Канал 5

Макрон ја отфрла идејата на Трамп за Путин како посредник меѓу Израел и Иран

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека Русија нема кредибилитет да посредува во конфликтот меѓу Израел и Иран, како што предложи американскиот претседател Доналд Трамп.

Макрон ја отфрла идејата на Трамп за Путин како посредник меѓу Израел и Иран

Во интервју за Еј-Би-Си Њуз вчера, Трамп рече дека е отворен за можноста Владимир Путин да ја преземе улогата на посредник меѓу Израел и Иран. Макрон јасно ја отфрли таквата идеја.

-Не верувам дека Русија, која во моментов е вклучена во конфликт со висок интензитет и со години ја игнорира Повелбата на ОН, може да биде посредник, рече Макрон.

Словенија прогласи двајца израелски министри за персона нон грата

Словенечката влада прогласи двајца израелски министри за персона нон грата откако министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија не успеаја да постигнат консензус за мерките против Израел .

Словенија прогласи двајца израелски министри за персона нон грата

Словенечката влада прогласи двајца израелски министри за персона нон грата откако министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија не успеаја да постигнат консензус за мерките против Израел поради „кршење на човековите права“, објави словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон.

Станува збор за министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир и министерката за финансии и одбрана Безалел Смотрич. Според Фајон, ова се првите санкции против Израел на национално ниво, како и на ниво на Европската унија. Со своите санкции, Словенија сака да испрати порака до Израел дека „колежот на невини цивили во Газа мора да заврши“, нагласи таа.

-Ова се министри кои, со своите геноцидни изјави, поттикнуваат екстремно насилство и брутални кршења на човековите права на Палестинците, се вели во соопштението на владата. „Тие јавно се залагаат за проширување на нелегалните израелски населби на Западниот Брег, за присилно раселување на Палестинците и повикуваат на насилство врз палестинското цивилно население. Преку своите постапки и ставови, тие поттикнуваат етничко чистење на Западниот Брег и Газа.“

Во јуни, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и Норвешка, исто така, воведоа санкции врз Бен-Гвир и Смотрич. Министрите за надворешни работи на петте земји ги обвинија двајцата израелски министри за поттикнување насилство врз Палестинците на Западниот Брег, но не ја споменаа Газа.

Мицкоски до Радев: Ајде со Бугарија да поднесеме резолуција до ЕП каде се гарантира македонскиот идентитет и јазик

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, вечерва во „Само интервју“ на Телевизија Канал 5, зборувајќи за односот на Бугарија кон нашата евроинтеграција кажа дека барањето на Бугарија не се само Бугарите во Уставот.

Мицкоски до Радев: Ајде со Бугарија да поднесеме резолуција до ЕП каде се гарантира македонскиот идентитет и јазик

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, вечерва во „Само интервју“ на Телевизија Канал 5, зборувајќи за односот на Бугарија кон нашата евроинтеграција кажа дека барањето на Бугарија не се само Бугарите во Устав, и дека тоа е само почеток, а не како што говори и СДСМ дека потоа не чека отворен пат.

„Ајде да направиме велам еден обид, а тој обид е Европскиот парламент со мнозинство гласови да донесе одлука со која што или резолуција, или ќе биде дел од извештај со која што јасно ќе се признае македонскиот идентитет и јазик како посебен“, рече Мицкоски и додаде:

„И тоа се случи во рамките на извештајот на известувачот Вајц. Пред да помине на АФЕТ имаше една друга сагра. Тогаш беше потребно не да се избрише од извештајот, туку да се избрише „сегашен“. Потоа дојде „модерен“ од одредена група на европратеници.“

Мицкоски истакна дека одредени политички фигури во Бугарија јасно кажуваат дека уставни измени не се единствената пречка на патот на Македонија кон ЕУ.

„Она што можеше да го види Европа и светот е дека не е само промената на Уставот единственото нешто коешто треба да го направиме за да продолжиме. Впрочем, многу влијателни политички фигури во Бугарија тоа го кажуваат“, вели Мицкоски.

Според него, изјавата на Радев во која тој вели дека единствениот услов се уставните измени не е точна, бидејќи и во Договорот за добрососедство нема никаков услов, а сега де факто имаме.

„Пред некој ден слушнав изјава од претседателот Радев во која што вели единствениот услов којшто треба да го направи Македонија е да го смени Уставот. Ние во Договорот за добрососедството немавме никаков услов. Потпишан договор во којшто Бугарија треба да не поддржува во рамките на процесот на преговори и членство. Па добивме вето, затоа што ние не сме го исполнувале договорот и не сме ги испорачале малцинските права на бугарската заедница во Македонија“, истакна премиерот.

СВР Скопје го расчисти убиството во Батинци, лишено од слобода едно лице, а по едно лице се трага

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го расчисти кривичното дело ,,Убиство" од 11.07.2025 година, кога во с.Батинци, скопско, со пиштол беше убиен А.М. од с.Батинци.

СВР Скопје го расчисти убиството во Батинци, лишено од слобода едно лице, а по едно лице се трага

Денеска (17.07.2025) до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка против Џ.М.(25) за сторено кривично дело ,,Убиство" по член 123 од КЗ и Б.П.(35) за сторено кривично дело ,,Убиство" по член 123 во врска со член 22 од КЗ. Б.П. е лишен од слобода и од страна на Судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор од 30 дена, додека Џ.М. се уште е недостапен за органите на прогон, соопшти МВР.

притисни ентер