Макрон и Зеленски ќе се сретнат по средбата Трамп-Путин на Алјаска - Канал 5

Макрон и Зеленски ќе се сретнат по средбата Трамп-Путин на Алјаска

Францускиот претседател Емануел Макрон денесска телефонски разговараше со украинскиот лидер Володимир Зеленски, соопшти Елисејската палата.

Макрон и Зеленски ќе се сретнат по средбата Трамп-Путин на Алјаска

Тие се договориле повторно да се сретнат по завршувањето на самитот во Алјаска, каде што ќе разговараат американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Обвинителен предлог за злоупотреби против поранешен директор на СОЗР

По спроведена истрага, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против поранешен директор на владината Служба за општи и заеднички работи.

ЈО: Обвинителен предлог за злоупотреби против поранешен директор на СОЗР

По спроведена истрага, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против поранешен директор на владината Служба за општи и заеднички работи за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1, како и Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, во периодот од 03.07.2021 до март 2024 година го злоупотребил службеното својство како директор, ги пречекорил службените овластувања и без да постои основ за упатување на службен пат надвор од земјата, за себе и за повеќемина вработени во СОЗР потпишувал решенија и патни налози за патување. За приватни потреби и без да постои основ го користел владиниот авион Лирџет 60, а при патувањата од сметката на СОЗР се вршени плаќања по разни основи. Освен тоа, за хотелски и угостителски услуги обвинетиот неосновано користел средства од службената картичка издадена на негово име. На тој начин го оштетил Буџетот на СОЗР за значителен вкупен износ од 2.562.139 денари.

Во периодот од 27.10.2023 до 14.06.2024 година тој не ја извршил својата службена должност со намера да прибави имотна корист за друг, односно за пилотот вработен во СОЗР. Иако лично присуствувал на состанокот „Flight Safety Atlanta“ и бил информиран дека пилотот и со дополнителните обуки нема да ги исполни прифатливите стандарди потребни за летање со Лирџет 60, тој не го задолжил пилотот согласно Договорот за вработување да ги надомести трошоците за обуката и не го известил надлежниот сектор за да му го прекине работниот однос. Пилотот продолжил да зема плата за работно место капетан-водач на воздухоплов, а со оваа злоупотреба на службената положба обвинетиот предизвикал штета на Буџетот од 5.431.624 денари.

Кривичното дело Фалсификување службена исправа обвинетиот го извршил во постапките за јавни набавки за изнајмување на возила за превоз на делегации и за транспорт на цивилно население од Исламската Република Авганистан во земјава. Сите договори биле склучени со иста рент-а-кар фирма од Скопје, а во службените исправи – изјави за непостоење на судир на интереси, обвинетиот внел невистинити податоци дека нема приватен интерес при реализација на јавната набавка или каква било материјална или нематеријална корист. Наспроти ова, почнувајќи од периодот пред склучување на јавната набавка, за време и по престанокот на неговиот мандат, тој и неговата сопруга користеле возила без надомест од истата фирма за патувања во земјава и во странство.

Во овој дел истрага беше поведена и против сопственикот на правното лице за кривично дело – Давање поткуп од член 358 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Но од доказите прибавени во истражната постапка јавниот обвинител не утврди дека кај него постоела умисла да издејствува поволност при одлучувањето во конкретните тендери преку давање возила без надомест на сега обвинетиот. Од тие причини јавниот обвинител за ова лице донесе Наредба за запирање на истражната постапка, стои во соопштението од Јавното Обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бекамови тајно го прославиле роденденот на ќерката Харпер

Легендата на светскиот фудбал  Дејвид Бекам и  екс членката на Спајс Грлс, сега дизајнерка Викторија Бекам организираа голема семејна прослава во Флорида за нивната ќерка Харпер, која го прослави својот петнаесетти роденден.

Бекамови тајно го прославиле роденденот на ќерката Харпер

Семејството без бунтовникот Бруклин се собра во Мајами за посебниот ден на нивната сакана.

За овој важен ден, тие го избраа омилениот луксузен италијански ресторан „Сант Амброзус“ во Вест Палм Бич.

На роденденската свеченост на Харпер покрај Дејвид и Бикторија беа и браќата на Харпер Ромео и Круз, повторно недостасуваше Бруклин Бекам .

Меѓу гостите беа блиски семејни пријатели, како што се познатиот фризер Кен Павес, Џеки Апостел и Ким Тернбул.

Сепак, семејниот круг и овој пат не беше комплетен. Најстариот син Бруклин Бекам и неговата сопруга Никола Пелц беа отсутни од роденденската вечера, тие се во „војна“ со мама Викторија. Но, без оглед на тоа, прославата јасно ја демонстрираше силната семејна блискост што ја негува оваа позната фамилија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Пријавете се на ГИС порталот, брзи дигитални услуги и информации за Општина Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува граѓаните да го користат ГИС порталот – современа дигитална платформа што овозможува брз, едноставен и транспарентен пристап до услугите и информациите на Општината. 

Герасимовски: Пријавете се на ГИС порталот,  брзи дигитални услуги и информации за Општина Центар

Преку порталот, достапен на https://gis.centar.gov.mk/NexusPublicPortal/PublicPortal/Map граѓаните на едно место можат да ги следат сите актуелни информации, тековни и планирани инфраструктурни проекти, јавни повици, новости и активности на локалната самоуправа.

„Со едноставна регистрација, секој граѓанин добива пристап до широк спектар на дигитални услуги и информации. Нашата цел е преку современи алатки да ја подобриме комуникацијата со граѓаните, да ја зголемиме транспарентноста и да овозможиме полесен пристап до општинските услуги“, истакна Герасимовски.

Преку ГИС порталот, корисниците можат:

• да ги следат сите новости, соопштенија и активности на Општината;

• да се информираат за културната програма, јавните настани и манифестации;

• да добиваат информации за тековните и планираните инфраструктурни зафати;

• да учествуваат во анкети, консултации и граѓански форуми, со што активно придонесуваат во креирањето на општинските политики и приоритети.

Порталот постојано се надградува со нови функционалности и дигитални услуги. Еден од најкористените е модулот за градинки, преку кој родителите имаат персонализиран увид во активностите на своето дете, присуството, известувањата од градинката и други важни информации.

Во рамки на ГИС порталот достапни се и:

• информации за Деталните урбанистички планови со можност за пребарување и електронско поднесување на барање за извод од ДУП;

• 3Д приказ на општината, Digital Twin – дигитален близнак со современа 3Д визуелизација на просторот;

• Зелен катастар, кој овозможува детален увид во зелените површини, парковите и дрворедите;

• информации за јавната инфраструктура, сообраќајната мрежа и останатите просторни податоци од значење за граѓаните.

Со развојот на ГИС порталот, Општина Центар создава модерна, транспарентна и ефикасна локална самоуправа, достапна за сите граѓани

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер