Внатрешна контрола на МВР испитува како од СВР Битола избега приведен насилник, кој веќе пет дена е во бегство
2Внатрешна контрола на МВР испитува како од СВР Битола избега приведен насилник, кој веќе пет дена е во бегство
3Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
СветМакрон го бранеше доделувањето француско државјанство на Павел ДуровДуров беше ослободен со кауција од пет милиони евра, но му е забрането да ја напушти Франција и треба да се јавува во полициска станица двапати неделно додека трае истрагата.Францускиот претседател Емануел Макрон ја бранеше својата одлука да му даде специјално државјанство по брза постапка на извршниот директор на апликацијата за пораки Телеграм, Павел Дуров, кој се соочува со прелиминарни обвиненија во Франција за наводна криминална активност на неговата популарна платформа. Макрон, исто така, рече дека не знаел дека Дуров ќе пристигне во Франција пред неговото ненадејно апсење викендов и оти не планирал да се сретне со него. Застапниците на слободата на говорот, крајно десничарски личности и авторитарни влади ширум светот се изјаснија во одбрана на Дуров и ги критикуваа француските власти за случајот. Дуров беше ослободен со кауција од пет милиони евра, но му е забрането да ја напушти Франција и треба да се јавува во полициска станица двапати неделно додека трае истрагата. Француските обвинители го обвинуваат Дуров за соучесништво во овозможување на трговија со дрога и споделување сексуални слики на деца на Телеграм, како и за одбивање да соработува со властите кои истражуваат нелегални активности на апликацијата. Адвокатот на Дуров, Давид-Оливие Камински, за француските медиуми изјави дека „целосно е апсурдно да се мисли дека лице задолжено за социјална мрежа може да биде вмешано во кривични дела кои не го засегаат директно или индиректно“. Случајот го привлече вниманието на предизвиците поврзани со контролата на нелегалните активности на Интернет, како и на необичната биографија и повеќето пасоши на Дуров кој е роден во Русија. Зборувајќи на прес-конференција за време на посетата на Србија, Макрон синоќа рече дека Франција ја поддржува слободата на изразување и слободата на претприемачите. Според него, одобрувањето на барањето на Дуров за француско државјанство – како спортски ѕвезди, изведувачи и други кои придонесуваат за богатството на Франција и го учат францускиот јазик – е „добро за земјата“. Макрон го спомена и извршниот директор на Snapchat, Еван Шпигел, кој, како и Дуров, доби француско државјанство не преку вообичаениот тежок и бирократски процес, туку преку посебна процедура за „заслужни странци“. Францускиот сатиричен и истражувачки весник Le Canar Enchen објави дека кога бил уапсен во саботата, Дуров и рекол на полицијата дека планира да се сретне со Макрон. Макрон ги негираше тие тврдења. - Апсолутно не знаев за доаѓањето на господинот Дуров во Франција. Не е точно дека сум му предложил некаква покана, рече францускиот претседател и додаде дека апсењето на Дуров е „независен чин на француското правосудство“. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МакедонијаСДСМ: Тепачот на Сара, насилникот од Охрид бил пуштен на слобода поради врски со ВМРО-ОКГВчера во Охрид се случи уште еден грозоморен чин на брутално насилство врз млада девојка. Сара. Безмилосно е претепана, фрлена на улица и оставена да умре. Сторителот е син на високи вмровски функционери.Вчера во Охрид се случи уште еден грозоморен чин на брутално насилство врз млада девојка. Сара. Безмилосно е претепана, фрлена на улица и оставена да умре. Сторителот е син на високи вмровски функционери. За среќа, девојката преживеала. Потресно е сведоштво на мајката на Сара, која се наоѓа во болница. Изразуваме целосна поддршка и солидарност со Сара и целото нејзиното семејство. Таа заслужува заштита, мир и услови за закрепнување. Не страв дека повторно ќе биде нападната. Според јавното сведоштво на мајката, осомничениот бил пуштен на слобода, додека нејзината ќерка стравува за сопствената безбедност. Имало обиди за прикривање на случајот и влијание врз медицинската документација. Само затоа што насилникот е син на Љубинка Корабоска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), предложена на таа функција од ВМРО-ДПМНЕ, и на Гоце Корабоски, инспектор во УЈП, за кого се зборува дека има блиски релации со Мицкоски. Ова е последица заштитата којашто Панче Тошковски им ја овозможува на криминалците на власт, неказинивоста, контролата над судството и обвинителството и партизацијата на системот од страна на ВМРО. Телохранител на Мицкоски кој ја тепаше сопругата па беше ослободен, во Богданци млада девојка беше жива запалена, за 5 тони дрога нема одговорност, Симо наместо во затвор е пуштен за гласови, во Куманово сериски убиец, секој ден жртви на насилство. Нема пари за електронски алки а има за Гета од 5,53 милиони евра. Неказнивоста ги охрабрува насилниците. Пропустите на МВР и штитењето на криминалот имаат фатални последици. Затоа бараме веднаш да се утврдат сите пропусти, влијанија и обиди за заштита на осомничениот насилник. Бараме одговорност од сите и нивно разрешување од позииите. Бараме итна и ефективна заштита на Сара. Како жени, нема да молчиме туку силно ќе се спротиставиме. Нема да прифатиме жените во Македонија да живеат во страв, а насилниците да се чувствуваат недопирливи само затоа што се блики до ВМРО. Пред нас е борба со мафијата – против злоупотребите на ВМРО, против злоупотреба на моќта, врските и притисоците, против неказнивоста. Бандата ќе одговара. Прес конференција на Форумот на жени на СДСМ, Кети Штерјова Скопје, 16.11.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВнатрешна контрола на МВР испитува како од СВР Битола избега приведен насилник, кој веќе пет дена е во бегствоОдделот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи ги испитува околностите под кои битолчанецот приведен за физичко и психичко насилство врз 21-годишната партнерка, избегал низ прозорец од СВР Битола и веќе пет дена е во бегство.Девојката на 10 ноември пријавила дека била физички нападната од партнерот, кој ја давел и ја удирал, по што побарала лекарска помош. По пријавата, насилникот дошол во СВР Битола во придружба на родител, но, кога му било соопштено дека ќе биде задржан, скокнал низ прозорецот и избегал од полициската станица. Бидејќи пријавениот сè уште не е пронајден, девојката е сместена во шелтер-центар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МакедонијаСВР Битола го лиши од слобода лицето пријавено за семејно насилствоДенеска полициски службеници од СВР Битола, во координација со бранителот на лицето К.У.(24) и Основното јавно обвинителство Битола, презедоа мерки лицето доброволно да се предаде во СВР Битола.Денеска во 12:00 часот, К.У. доброволно се предал и е лишен од слобода. Со него се врши службен разговор од страна на инспектори од криминалистичката полиција при СВР Битола. Против него, на 11.11.2026 година, е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Загрозување при семејно насилство“ по член 144 став 3 и „Телесна повреда при семејно насилство“ по член 130 став 2 од Кривичниот законик. Се преземаат понатамошни мерки и активности во координација со надлежното Основно јавно обвинителство Битола.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter