Макрон до Нетанјаху: Мора да прекине страдањето на цивилите во Појасот Газа - Канал 5

Макрон до Нетанјаху: Мора да прекине страдањето на цивилите во Појасот Газа

Нетанјаху во телефонски разговор му рекол на Макрон дека формирањето на палестинска држава ќе биде „огромна награда за тероризмот“, соопшти кабинетот на израелскиот премиер.

Макрон до Нетанјаху: Мора да прекине страдањето на цивилите во Појасот Газа

Францускиот претседател Емануел Макрон му рече денеска на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека мора да заврши страдањето на цивилите во Појасот Газа, повикувајќи на прекин на огнот што ќе овозможи ослободување на заложниците и „отворање на сите премини за хуманитарна помош“.

„Прекин на огнот, ослободување на сите заложници, хуманитарна помош и конечно повторно отворање на перспективата за политичко решение со две држави. Во овој контекст, ја замислувам јунската конференција“, со која Франција ќе копретседава во ОН, „земајќи ги предвид безбедносните интереси на Израел и на сите во регионот“, напиша Макрон на платформата Икс.

Нетанјаху во телефонски разговор му рекол на Макрон дека формирањето на палестинска држава ќе биде „огромна награда за тероризмот“, соопшти кабинетот на израелскиот премиер.

„За време на разговорот, премиерот (на Израел) силно се спротивстави на формирањето на палестинска држава, велејќи дека тоа ќе биде огромна награда за тероризмот“, се наведува во соопштението.

Фото: Бастијан Швајнштајгер сепак фатен со водителка!

Во медиумите се појави досега најсилниот доказ, дека прељуба е причина за крајот на бракот меѓу светските спортски легенди, екс тенисерката Ана Ивановиќ и славниот спортист Бастијан Швајнштајгер. 

Фото: Бастијан Швајнштајгер сепак фатен со водителка!

-Ова е досега најсилниот доказ во прилог на приказната дека бремената колешка Естер Седлачек, на Швајнштајгер е главната причина за разводот на славниот Германец и Ивановиќ.

Светските медиуми досега шпекулираа дека убавата водителка Естер е причината за пропаѓањето на бракот меѓу Ана Ивановиќ и Швајнштајгер.

Сега се појавија и информации каде Естер и Бастијан ја минале зимава.

Додека Ана се сончала на егозотични плажи, Бастијан и Естер зимата ја минале на планина во Австрија.

Бастијан и Естер престојувале во ист ресторан. Швајнштајгер и Седлацек се големи љубители на снегот и планинските предели, па слободното време често го користат за да избегаат на чист воздух. Овој пат изборот падна на ски-центар во Австрија, каде што двајцата престојуваа кон средината на февруари. Бастијан уживал во скијање, додека новинарката времето го минувала во долги прошетки.

Бастијан и популарната ТВ водителка веќе подолго време се неразделни.

Естер и популарниот Швејни дадоа повод за различни коментари бидејќи во програмата во живо имаа неколку „контроверзни“ изјави.

Сите веќе добро знаат за поканата на Бастијан до атрактивната водителка да го поминат викендот заедно.

Приватниот живот на Естер Седлачек инаку е вистинска мистерија. Се знае дека е мажена, но не со кого. Таа имаше ќерка во мај 2019 година, а син две години подоцна. Сега по трет пат е во „друга состојба“.

Ова е малку чудно бидејќи Естер некогаш беше во врска со Кевин Трап, познат германски голман. Тогаш немаше толку многу криење.

Рубио го демантира Политико за можно укинување на санкциите за руските енергетски проекти

Рубио го демантира Политико за можно укинување на санкциите за руските енергетски проекти, вклучително и гасоводот Северен тек 2.

Рубио го демантира Политико за можно укинување на санкциите за руските енергетски проекти

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска ги демантираше наводите на бриселскиот портал Политико за наводни внатрешни дискусии во Белата куќа за можното укинување на санкциите за руските енергетски проекти, вклучително и гасоводот Северен тек 2.

„Ова е недвосмислено лажно. Ниту Стив Виткоф, ниту јас не разговаравме за укинување на санкциите кон Русија како дел од договорот со Украина“, напиша тој на својот профил Икс.

Тој оцени дека станува збор за „новинарска малверзација“.

„Ако Политико има малку интегритет, тие целосно ќе ја повлечат оваа фикција“, наведе Рубио.

Политико претходно објави дека во Белата куќа се водат внатрешни дискусии за евентуално укинување на санкциите како дел од напорите за постигнување мир во Украина. Специјалниот претставник на САД за Блискиот Исток Стив Виткоф, наводно, ја водел иницијативата за олеснување на санкциите, додека Рубио и секретарот за внатрешни работи Даг Бургум се спротивставиле на идејата. Портпаролите на Белата куќа ги негираат наводите за разговори за укинување на санкциите, нарекувајќи ги „неодговорно известување“.

Хонг Конг му дозволи на поранешниот кардинал Џозеф Зен да присуствува на погребот на Папата

 Поранешниот надбискуп на Хонгконг, кардиналот Џозеф Зен доби дозвола да го напушти јужниот кинески град за да присуствува на погребот на папата Франциск во Ватикан.

Хонг Конг му дозволи на поранешниот кардинал Џозеф Зен да присуствува на погребот на Папата

Деведесет и тригодишниот пензиониран бискуп синоќа го напуштил Хонг Конг откако поднел барање за враќање на пасошот. Властите му го одзедоа пасошот по неговото контроверзно апсење во 2022 година, според законот за национална безбедност наметнат од Пекинг.

Зен е меѓу критичарите во последниве години кои тврдат дека договорот на Ватикан со кинеските власти за прашањето за назначувањето на епископите е предавство на кинеските католици. Тој го критикуваше и државниот секретар на Ватикан, Пјетро Паролин, кој ги водеше преговорите со Пекинг, нарекувајќи го „човек со слаба вера“.

Секретаркаата на Зен рече дека по погребот на Папата тој ќе се врати во Хонг Конг, без да даде точен датум за неговото враќање.

Зен првпат беше уапсен во 2022 година под сомнение за соработка со странски сили според Законот за национална безбедност.

Иако сè уште не е обвинет за кршење на законот за национална безбедност, тој и уште пет лица беа прогласени за виновни за нерегистрација на веќе непостоечкиот фонд за помош на луѓето приведени за време на масовните продемократски протести во Хонг Конг во 2019 година. Расправата за неговата жалба против казната е закажана за декември.

притисни ентер