Макпетрол тврди дека РКЕ е нестручна , тие ги демантираат нивните наводи

„РКЕ повторно ја потврди својата нестручност и селективна примена на Законот за енергетика“, се вели во соопштението на Макпетрол АД, на што реагираат од РКЕ..

Во врска со одлуката на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија (РКЕ), донесена на 22 октомври 2020 година, за определување на ескалираната густина и деескалираната густина на секој нафтен дериват и гориво за транспорт, висината на надоместокот за премија, транспортините трошоци до склад во Република Македонија, висината на надоместокот за трошоци за работење преку склад и трговска маржа со вклучени транспортни трошоци од склад до бензински станици и крајни потрошувачи, како компанија сакаме да го искажеме нашето несогласување, со истата.

Со оваа одлука РКЕ повторно ја потврди својата нестручност и селективна примена на Законот за енергетика, а дополнително во образложение на предметната одлука наведува невистинити информации.

Поради нестручноста и селективноста на членовите на РКЕ, Макпетрол АД како и многу пати до сега, повторно бара либерализација на пазарот односно, слободен пазар при формирање на цените на нафтените деривати. Впрочем, исто како што е либерализиран пазарот и во земјите членки на Европската Унија, со кои РКЕ ги прави споредбите.

Ваквото однесување на членовите на РКЕ создава само штети и несигурност на пазарот, бидејќи нафтените компании преку овие несовесни политики се спречени да инвестираат во својот развој, како и во развојот на своите вработени, се наведува во соопштението на Макпетрол АД.

РКЕ во целост ги отфрла навредите и квалификациите на компанијата Макпетрол за членовите на РКЕ .

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија (РКЕ) ја известува јавноста дека со Одлуката за густини и маржи на нафтените деривати објавена во Службен весник на 22 октомври 2020 година се отсликува реалната состојба на пазарот на нафтени деривати и овозможува цените на нафтените деривати да ги штитат и интересите на потрошувачите и интересите на трговците.

Доколку РКЕ постапеше по барањата на трговците за зголемување на маржата, тоа во пракса ќе значеше и зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во износ од над 2 денари по литар, се наведува во реакцијата на РКЕ.

Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција

Едно лице е тешко повредено во експлозија во станбена зграда во турскиот град Текирдаг, северозападна Турција.

Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата во станот на последниот кат од петкатницата, а како што неофицијално дознава телевизијата ТРТ најверојатно експлодирала плинска боца.

Од силината на експлозијата оштетени се ѕидовите во станот, а искршени се прозорците.

Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци

Скопјанец рано утринава пријавил дека со двајца штипјани биле физички нападнати во угостителски објект во Кавадарци, информираат од СВР - Велес.

- Во 04.40 часот во ОВР Кавадарци, Т.Ц., 22-годишен скопјанец, пријавил дека пред и во угостителски објект во градот, тој и Н.Н., на возраст од 24 години и Ф.А., на 25-годишна возраст, двајцата од Штип, биле физички нападнати од неколку машки лица, појаснуваат од СВР - Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Русија најави вежби на тактичките нуклеарни сили

Русија ќе спроведе вежба на своите тактички нуклеарни сили по наредба на претседателот Владимир Путин, соопшти денеска Министерството за одбрана во Москва.

Во соопштението не се наведува дали проектилите ќе бидат опремени со нуклеарни боеви глави. Русија претходно спроведуваше обука на нуклеарни сили без нуклеарни боеви глави, потсетува ДПА.

- Како дел од вежбата ќе бидат спроведени низа активности за вежбање на подготовка и употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти руското Министерство за одбрана.

Засега е нејасно кога и каде точно ќе почне вежбата во која се вклучени јужниот одбранбен округ и поморските сили.

Руската војска во октомври истрела две интерконтинентални ракети и неколку крстаречки ракети за обука и одвраќање. Вежбата, која ја најави, ја оправда со наводни „провокативни изјави и закани од поединечни западни функционери против Руската Федерација“.

Од почетокот на нејзината војна против Украина пред повеќе од две години, руските претставници постојано се обидуваа да ја тестираат меѓународната поддршка за Киев со поттикнување стравувања од нуклеарна војна.

притисни ентер