Сиљановска Давкова: Ги охрабрувам жените да се информираат навреме и да не ги одложуваат редовните прегледи
СДСМ: До кога Заев и Филипче? Додека ви треба алиби за изолацијатa, економската и дипломатска катаклизма?
1Сиљановска Давкова: Ги охрабрувам жените да се информираат навреме и да не ги одложуваат редовните прегледи
2СДСМ: До кога Заев и Филипче? Додека ви треба алиби за изолацијатa, економската и дипломатска катаклизма?
Други спортовиMакпетрол со 9 финалиња на младинското државно првенство во каратеИзминатиов викенд во Скопје 19-20.јуни.2021 (сабота и недела), се одржа државното првенство во карате за кадети, јуниори и постари јуниори (У21). На првенството имаше пријавено каратисти од цела Македонија. Тие се натпреваруваа во дисципините кумите (борба) и кати во поединечна и екипна конкуренција. Младите каратисти на Макпетрол на ова првенство покажаа дека се навистина извонредно подготвени, показател за нивната успешност е фактот што од вкупно 10 пријавени категории за настап , Макпетролците имаа 9 финалиња Тие успеаја да освојат вкупно 10 медали од кои: 4 златни и 5 сребрени и еден бронзен медал. - Задоволни сме од настапот на нашите млади каратисти постигнатиот резултат на ова државно првенство можеше да биде и многу подобар. Имавме неколку непосакувани ситуации во финалните натпревари, кога нашите каратисти не се снајдоа најдобро и затоа бројот на златни медали е помал. Ова државно првенство имаше критериумски карактер за влез на најдобрите каратисти во националниот тим на Р.Македонија и затоа каратистите пред и за време на целиот натпревар имаа имаа голем притисок За нас како клуб најважно е дека докажаните репрезентативци Абдурахим Идризи, Стефан Стојанович, и Марија Петрова ја заверија визата за учество на европското првенство во Тампере, Финска, изјави тренерот на Макпетрол Бошко Заборски. Сега само останува да жалиме за европскиот медалист Глигор Петков -84 кг, кој не се пласира на европското првенство, поради еден удар кој го изведе на противникот во пределот на глава за кој што удар беше дисфалификуван. Тој беше оценет со најстрога казна за тој удар од страна на суискиот панел. И покрај вложената жалба од наша страна , судиите останаа при својата Одлука за дисфалификација на квалитетен натпреварувач за работа во која немаше никаква намера и за повредата многу допринесе и конкурентниот спортист од екипата на Штип, кој не внимаваше и се изложи на непотребен ризик, исто така поради недосудени поени во финалните натпревари не се пласираа и Викторија Јовановска – 61 кг (У21), која на ова натпреварување покажа дека е во моментов најдобро подготвена млада каратистка и младиот јуниор Витомир Трајковски на кого исто не му беше досуден правилно изведен удар кој ќе го носеше на европското првенство. Сега само останува да жалиме поради сето тоа, бидејќи тие се по квалитет и техничка дотераност натпреварувачи кои можеа да и донесат медал на Македонија од европското првенство кое ќе се одржи во Финска, во месец Август. Медалисти од Карате клубот Макпетрол на ова државно првенство се:. ДРЖАВНИ ШАМПИОНИ –ЗЛАТНИ МЕДАЛИѝ 1. Марија Петрова -50 кг (У21), златен медал 2. Абдурахим Идризи -60 кг (У21), златен медал 3. Стефан Стојанович +76 кг, јуниор златен медал 4, Екипно борби – мажи (кадети и јуниори) златен медал, составен од :Стефан Стојановишч, Димитар Лозановски, Данило Божович, и Витомир Трајковски СРЕБРЕНИ МЕДАЛИ 5. Глигор Петков постар јуниор (У21), -84 кг сребрен медал 6. Витомир Трајковски јуниор сребрен медал 7. Димитер Лозановски јуниор -63 кг, сребрен медал 9. Викторија Јовановска -61 кг (У21) сребрен меда БРОНЗЕН МЕДАЛ 10. Даријан Тасевски (У21 + 84 кг бронзен медалКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МакедонијаСиљановска Давкова: Ги охрабрувам жените да се информираат навреме и да не ги одложуваат редовните прегледиПретседателката Гордана Сиљановска Давкова присуствуваше на настанот „Розов пикник појадок“.„Утрово, Градскиот парк осамна во розово, а Школка се отвори за „Розовиот пикник појадок“, каде што разговаравме и ги слушнавме искуствата на жените кои се борат со рак на дојката, но и укажувањата за важноста на превентивните прегледи. Денот мина во розов ритам, со гласовите на женскиот хор „Фрида“, розовата прошетка и различните содржини: од практична демонстрација за самопреглед на дојките и консултации со специјалисти за реконструктивна хирургија, до „Писмо до идната јас“, како порака што ќе нè пречека по една година. Ме радува присуството на министерот за здравство Сашо Клековски и неговата поддршка на работата на ХЕМА-ОНКО, во функција на создавање услови за унапредување на превенцијата и навременото откривање, но и за подобра и подостапна грижа за женското здравје. Ги охрабрувам девојките и жените да се информираат навреме и да не ги одложуваат редовните прегледи, оти сопственото здравје мора да биде императив. Посакувам „розовото“ што денеска нè обедини да не остане само симбол врзан за октомври, туку да ја обои целата година со повеќе навремено откриени случаи и спасени животи.“- објави Сиљановска Давкова на Фејсбук.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МакедонијаСДСМ: До кога Заев и Филипче? Додека ви треба алиби за изолацијатa, економската и дипломатска катаклизма?ВМРО-ОКГ повторно: квислинзи, распродажба, а тие „боксувале достоинствен пат“. Нема документ. Нема подобари услови. Има само етикета.Таа влада ја воведе земјата во НАТО. Вие бевте против. Сега Тимчо вели: тоа е најдобра работа за земјата и за инвестициите. Инвеститорите ги растеравте. Останаа оние за антимон рудници и дата-центри за туѓа дигитализација и туѓи профити. Таа влада ги отвори преговорите со ЕУ. Вие ги кочите. Намерно ја изолирате земјата. Задолжително стана одењето пред Лаура Ковеши, европското обвинителство, пред влез. Тогаш некој ќе мора да одговара. Тоа не го сака арамијата Мицкоски. Таа влада беше првата демократска по десет години мрак. Мрак поради истата оваа банда што денеска е на власт. Само тогашните чираци станаа мајстори на арамискиот занает. Таа влада донесе слобода на медиумите и на говорот. Таа влада на 27 април сакавте да ја запрете. Таа влада имаше 250 милиони евра инвестиции во еден квартал. Оваа банда само 18 милиони. Таа влада правеше прослава за НАТО со денови по градовите, за 280.000 евра. Вие - славевте со Гета за 5,53 милиони евра. Таа влада помина една од најголемите кризи во светот: ковид кризата, потоа енергетска криза и почеток на војната во Украина. Им помагаше на граѓаните со пакети мерки. Ги зголеми платите и пензиите. Во таа влада доаѓаа странски државници. Не мораше трговец со оружје да им плаќа лобирање за средба по ходници. За таа влада Фон дер Лајен рече дека имала храброст за важни политички одлуки. За истата Преспа што Мицкоски денес ја нарекува ремек-дело на дипломатијата, а Силјановска вели дека идентитетот, јазикот и културата се заштитени благодарение на неа. А вие што направивте, освен криминални тендери? Што направи Мицкоски, освен што ја изолира земјата, ги задолжи децата и внуците за 4 милијарди евра за две години - половина од долгот напрсвен од независноста до денес, земјоделците ги доведе до работ на егзистенција, граѓаните ги осиромаши! Економска катаклизма. Армагедон за Македонија. Што направивте вие, големи патриоти со бугарски државјанства и фирми? Освен што како скакулци изедовте сè. Имате ли барем нешто со што да се пофалите? Немате. Имате квислинг и сателит за партнер, и банда на своја сметка. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево и релативно топлоУтрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 27 степени. Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и утринските температури ќе бидат во пораст. Услови за локален дожд ќе има во петок.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter