Маќеа останала бремена со својот 15 години помлад посинок по 13 години брак со таткото (ВИДЕО) - Канал 5

Маќеа останала бремена со својот 15 години помлад посинок по 13 години брак со таткото (ВИДЕО)

Руската инфлуенсерка Марина Балмашева (35) објави дека очекува дете со својата 15 години помлад посинок Владимир.

Маќеа останала бремена со својот 15 години помлад посинок по 13 години брак со таткото (ВИДЕО)

Марина Балмашева, која е sвезда на социјалните мрежи во Русија, неодамна откри дека се верила со својот 20-годишен посинок Владимир, кратко време откако се развела од неговиот татко Алексеј, со кого била во брак 13 години.

Сега, преку Инстаграм, каде ја следат 413 илјади луѓе, откри дека е бремена, објавувајќи емотивно видео во кое му го дава на Владимир позитивниот тест за бременост.

"Уморна сум од криење. Во овој свет, сè е можно. Јас сум бремена четири недели. Затоа решивме да се венчаме", напиша таа заедно со видеото.

Патем, Марина и Владимир се познавале уште од кога тој имал седум , а таа 22 години. Таа неодамна сподели 13 години стара фотографија на Инстаграм на која се гледаат заедно во време кога таа штотуку ја започнала врската со неговиот татко.

Руските медиуми пишуваат дека Марина и нејзиниот поранешен сопруг Алексеј посвоиле пет деца и дека во моментот живее со Владимир и трите деца што ги посвоила заедно со неговиот татко. Другите две деца живеат со Алексеј.

Марина стана позната во Русија со тоа што го документирала своето слабеење на социјалните мрежи, а пред три месеци била гостинка во руското телевизиско шоу Pryamoy Efir , каде зборувала за нејзината врска со 15 години помладиот посинок.

Таа рекла дека нејзиниот живот со Алексеј бил монотон и дека е многу несреќна поради тоа и почнала да добива тежина, додека,а како што тврди, нејзиниот живот со Владимир ја одржува млада.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тројца малолетници од Скопје предизвикале пожар во парк шумата Гази Баба, уапсени се

Лишени од слобода тројца малолетници од Скопје поради предизвикување пожар, следува пријава.

Тројца малолетници од Скопје предизвикале пожар во парк шумата Гази Баба, уапсени се

На 04.10.2026 во парк шума Гази Баба во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода тројца малолетници од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека предизвикале пожар при што била опожарена сува трева.

Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а по целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Гази Баба при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителството ги оспорува заклучоците на вештакот ангажиран од д-р Нино Васев

Во Кривичниот суд продолжи судењето за предметот „Онкологија 1“. Денеска во Кривичниот суд беше испрашуван вештакот Владимир Даниловски, вешто лице ангажирано од страна на одбраната.

Обвинителството ги оспорува заклучоците на вештакот ангажиран од д-р Нино Васев

Неговите заклучоци за терапијата на онколошките пациенти беа оспорени од обвинителството на денешното вкрстено испрашување.

На судењето кое се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти, обвинителството поставуваше прашања за дозирањето и третманот на конкретни онколошки пациенти со лекови и терапија за кои, како што нагласи вештото лице, се произнесува во своето вештачење и наведува дека се дадени согласно европските протоколи и се во насока на тоа да се види стручноста на ова вешто лице.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајакнати акциски контроли за брзо возење – констатирани 628 прекршоци

На 04.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли .

Зајакнати акциски контроли за брзо возење – констатирани 628 прекршоци

На 04.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон санкционирање на возачите кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната.

При спроведените контроли констатирани се вкупно 628 прекршоци. Од нив, 344 прекршоци се констатирани кај возачи кои ја надминале дозволената брзина надвор од населено место, додека 284 прекршоци се однесуваат на возачи кои ја надминале пропишаната брзина во населено место.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи.

Во текот на контролите констатирани се и 66 прекршоци од друг вид.

Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли на целата територија на државата, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и намалување на ризиците предизвикани од непочитување на ограничувањата на брзината, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер