Македонското знаме се крена над грчката Лариса

Македонското знаме со звуците на „Денес над Македонија“ се подигна на јарбол во касарна во грчка Лариса. Но за името, не прозбореа двајцата министри за одбрана, домаќинот Димитриос Аврамопулос и македонскиот Талат Џафери.

Џафери рече дека за името се одговорни владите кои треба да се потрудат да се дојде до решение, а одбранбените министри со своите активности да придонесат во тоа.

По подолга дипломатска активност на ДУИ, Џафери е прв функционер од оваа партија кој при посета на Грција не се вплетка во отплеткувањето на прашањето за името. Со Аврамопулос разговарале за соработката меѓу двете армии која треба да придонесе за зближување на двете држави и двата народа.

Џафери ја оцени средбата како мошне плодна и позитивна. Слично мислење имаше и домаќинот Аврамопулос кој изјавата ја даде на грчки јазик, а потоа велеше дека не е преведувач.

Средбата во Лариса беше пред церемонијата во која бригадниот генерал на АРМ Здравко Поповски ја предаде командантската позиција во СЕЕБРИГ на турски генерал.

Во срцето на Грција, генералот Поповски 2 години ја водеше бригадата на југоисточна Европа (СЕЕБРИГ), бригада која е составена од 7 национални армии.

Покрај познатите дипломатски релации Скопје-Атина, генералот Поповски вели дека немал проблеми, дека грчките војници го почитувале и дека помогнал во приближувањето на двете армии.

Во СЕЕБРИГ покрај македонски и грчки војници, има претставници и на армиите на Романија, Бугарија, Албанија, Турција и Италија кои церемонијата на примопредавање на командантската должност ја завршија со заедничка парада и дефиле.

Далас го продолжи договорот со Кид

НБА лигашот Далас Маверикс потпиша нов повеќегодишен договор со својот досегашен тренер Џејсон Кид, кој е на нивната клупа од летото 2021 година, јавија денеска американските медиуми.

Во две од трите сезони поминати на клупата на Далас, Кид постигна 50 или повеќе победи во една сезона (52 во сезоната 2021/22 и 50 во тековната сезона) и во двата наврати тимот влезе во плеј-офот и го помина првиот круг.

Пред две години стигна до финалето на Западот, а годинава ќе игра во второто коло против Оклахома Сити, додека минатата сезона тимот потфрли со скор од 38-44.

„Возбудени сме што тренерот Кид ќе продолжи да го води нашиот тим и во наредните години благодарение на заслуженото продолжување на договорот, изјави мнозинскиот сопственик на Далас, Патрик Думонт.

Циципас ја заврши романсата со колешката Бадоса

Убавата шпанската тенисерка Пола Бадоса повеќе не е во врска со најдобриот грчки тенисер Стефанос Циципас.

По тој повод таа преку Инстаграм остави и проштална порака:

- По внимателно размислување и многу убави заеднички моменти, јас и Стефанос решивме да се разделиме. Споделивме патување исполнето со љубов и учење и се разделуваме како пријатели со голема взаемна почит, но одиме по наш пат.

- Благодарни сме за поддршката на нашите пријатели, семејства и сите кои беа дел од нашата приказна. Додека преминуваме во ново поглавје во нашите животи, си посакуваме ништо друго освен најдобро во иднина. Љубезно бараме приватност во овој период и ви благодариме за разбирањето и почитта – напиша Бадоса.

Бадоса денес е 101. тенисерка во светот со 26 години, а своевремено беше и втора на ВТА листата.

Баер закажа прослава за 26 мај

Германскиот фудбалски шампион Баер Леверкузен заедно со навивачите на 26 мај ќе ја прослави својата историска сезона, објави денеска клубот.

Настанот ќе се одржи ден по финалето на Купот на Германија во кое Баер ќе игра за трофејот против второлигашот Кајзерслаутерн во Берлин. Тимот на Чаби Алонсо би можел да биде и во финалето на Лига Европа на 22 мај во Даблин.

Баер веќе ја обезбеди шампионската титула во Германија и во серија е од 48 натпревари без пораз од стартот на сезоната.

За шампионската забава на стадионот ќе бидат достапни околу 40.000 бесплатни билети, соопшти Баер Леверкузен.

притисни ентер