Ибрахимовиќ остана без зборови по најголемата сензација на Мундијалот- Зелено’ртските острови (ВИДЕО)
1Ибрахимовиќ остана без зборови по најголемата сензација на Мундијалот- Зелено’ртските острови (ВИДЕО)
МакедонијаМакедонските живинарски фарми дневно произведуваат околу 800 000 јајцаВо земјава дневно се произведуваат околу 800 000 канзумни јајца. Ова е бројка е доволна за потребите на граѓаните во земјава, но од живинарските фарми се жалат дека увезените ефтини јајца од Србија им ја уриваат цената.Живинарските фарми од земјава се здружуваат за да се одбрани пазарот од напливот на увозни јајца особено изразен во пред велигденскиот период. Формирана е национална асоцијација за живинарство во која ќе се вклучат сите домашни живинарски фарми и преку заеднички настап ќе се понуди потрошувачите да препознаат и да трошат свежи домашни јајца наспроти увозните конзумни јајца.. Македонските живинарски фарми дневно произведуваат по околу 800 илјади конзумни јајца што се сосема доволно за потребите на домашниот пазар но секоја година се соочуваат со увоз по дампинг цени најмногу од соседна Србија . Единствен начин да ја добијат битката за домашниот пазар а со тоа потрошувачите да трошат свежи јајца и домашно пилешко е да се здружат. Секоја македонска живинарска фарма има обврска јајцата да ги обележува со бројка и со МК код, што за потрошувачите е еден од сигналите да знаат што купуваат. Но ново формираната асоцијација за живинарство планира да воведе и препознатливо обележување на пакувањата за јасно да знаат потрошувачите што е свежо домашно јајце а што увозно од залихи и вишоци на соседните земји. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПреку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
ЗдравјеСекој граѓанин преку „Мој термин“ ќе може да се изјасни дали сака да биде органодарителЈас ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител по воведувањето на системот, изјави министерот за здравство Азир Алиу на вчерашната јавната панел-дискусија во Гостивар .Јас ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител по воведувањето на системот, изјави министерот за здравство Азир Алиу на вчерашната јавната панел-дискусија во Гостивар посветена на органодарителството, на која тој ги презентира системските мерки за унапредување на органодарителството. Со измените на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, кој веќе е во собраниска процедура, секој полнолетен граѓанин ќе може кај својот матичен лекар јасно да се произнесе дали сака да биде органодарител, со што ќе се овозможи создавање појасна слика за ставовите на граѓаните и дополнително ќе се зајакнат довербата и информираноста за органодарителството. „Изјаснувањето ќе се врши преку нов дигитален модул во „Мој термин“, безбедно и со двојна верификација. Секој граѓанин ќе може во секое време да ја промени или да ја повлече својата одлука. Постојат теми кои не бараат само политика, туку и човечност, доверба и морална зрелост на општеството. Органодарителството е токму таква тема, која го отвора едно од најдлабоките прашања што нашето општество може да си го постави: Дали во најтешкиот момент можеме да создадеме надеж за некој друг? “истакна Алиу. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНа порталот „uslugi.gov.mk“ има 352 услуги, месечно се користат речиси 14.000Бројот на електронски услуги на порталот „услуги.гов.мк“ е тројно зголемен, а бројот на издадени услуги е деветпати поголем, кажа минстерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на отчетот за двегодишнината од мандатот..Бројот на електронски услуги на националниот портал uslugi.gov.mk е зголемен од 120 во 2024 година на 352 годинава, а бројот на корисници надмиува 260.000, од кои околу 92.000 се регистрирани само во текот на минатата година. На отчетот за двегодишното работење, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, го издвои развојот на порталот како еден од клучните приоритети, посочувајќи дека месечниот број на издадени електронски услуги е зголемен десеткратно, односно од околу 1.300 на повеќе од 13.000, додека вкупниот број поднесени барања надминува 340.000. Потсети дека преку порталот без чекање на шалтери, граѓаните меѓудругото можат електронски да добијат изводи од матичните книги на родени, венчани и умрени, уверение за државјанство, потврди за неосудуваност, како и да поднесат барања за лични документи, услуги од социјалната заштита, даночни и пензиски постапки. „ Македонија не смее да биде држава на чекање, мора да биде држава што испорачува, затоа што власта не е привилегија, туку да наследиш подобар систем од оној што си го наследил. Во Македонија предолго зборувавме за дигитализација, се најавуваа стратегии портали, системи реформи, но граѓанинот често не гледаше промена во секојдневниот живот, а ние сакавме да ја прекинеме таа пракса, реформа која граѓанинот не ја чувствува не е завршена реформа.“ Дигитализацијата има и темна страна – тн. Фишинг напади, вели Андоновски, по зачестените измами со лажни пораки поврзани со сејф сити системот.. порача дека единствената ефикасна заштита е зголемување на свесноста на граѓаните, па затоа апелира до граѓаните со особена внимателност да ги проверуваат пораките кои ги добиваат, пред да споделуваат свои лични податоци. „Не постои друг механизам на заштита на граѓаните освен да бидат свесни дека не секоја порака што ја добиваат е вистинска и е од вистински испраќач. Секогаш прво се проверува испраќачот, дали сте сигурни дека тој испраќач е тој, а потоа и суштината на пораката, ја читате неколку пати да проверите дали вистина сте биле во таква ситуација, го познавате испраќачот, ја познавате пораката, дали има грешки во текстот, бидејки најчесто има.“ Меѓу клучните приоритети на министерството Андоновски вештачката интелегенција, образоанието и дигиталните вешини. Нагласи дека првите придобивки од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор преку националниот центар „Везилка“ ќе бидат видливи уште ова лето. Најави дека на есен вештачката интелегенција ќе се применува во секторите енергетика, , култура, здравство, земјоделство и во јавната администрација. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаЛажна професорка му земала 3.400 евра на тетовец- го измамила со сообраќајка во Франција На 26.06.2026 во 10:20 часот во СВР Тетово, 67-годишен маж од Тетово пријави дека бил измамен од женско лице од с. Неготино, полошко, која лажно се претставувала како универзитетска професорка. Пријавителот во неколку наврати во изминатите три месеци ѝ позајмил 3400 евра, затоа што наводно нејзината ќерка доживеала сообраќајна несреќа во Франција, па и биле потребни за лекување. Но, во меѓувреме дознал дека таа го измамила, по што случајот го пријавил во полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook